Правете ги фасадите оти државата ќе ве казнува од 100 до 500 евра.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
добива тужба ако не ја платиш знаеш што следува
нема да се натегаат со тебе
ако си појак од законот не ја прави
Кој закон каков закон, нема закон. Дали има закон за тоа колкави да се патните трошкови на нашите пратеници? Дали има закон за 10 милиони евра телефонски сметки што нашите државни службеници како цех ни ги доставија? Нема закон ниеден закон нив не ги фаќа само да се молиме на нивната добра воља оваа година да прават помали сметки :toe:.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

за нив нема, оти тие се власт
за тебе како обичен граѓанин има и принуден си да го почитуваш
за ова можеме до бескрај да дискутираме, но форумот политика и вести е затворен

затоа да се задржиме до фасадите
и за да имаат населените места поготово градовите некој лик на градови добро и пожелно е секој да си има фасада направено
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Правете ги фасадите оти државата ќе ве казнува од 100 до 500 евра

Ако немата фасада на куќата или на зградата, градежните инспектори ќе ве казнат од 100 до 500 евра. До 3000 евра ќе бидат казнети правните лица што нема да ја испочитуваат оваа занконска обврска. Ова е предвидено со новиот закон за градење што го изготвија Министертвото за транспорт заедно со градежните компании. Тоа праткчно би знаело дека по донесувањето на овој закон Министерството за транспорт ќе даде рок од 1 година сите куќи и згради естетски да се доизградат, после овој рок ќе се казнува - најави Минисерот Јанакиевски.

„Им се дава рок од 1 година после донесување на законот да си ги направат фасадите, ние не кажуваме какви да бидат има ефтини фасади“, вели Министерот за транспорт Миле Јанакиевски.

За прв пат се воведуваат и рокови за изградба. По добивањето на дозволата за градба, куќите и зградите мора да се изградат во рок од 4 години. Доколку рокот се пробие и за тоа ќе следат парични казни . До 2000 евра ќе се казнуваат и вработени во Општините што навреме нема да известат инветситор кој поднел барање за градба во локалната самоуправа.
Новиот закон за градење набрзо ќе се најде на Владина седница, доколку се усвои ќе оди на разгледување во Собранието.

Со овие нови правила од Министерството за транспорт сметаат дека ќе се среди градежништвото во земјава.
23.08.2009, 15:50

ИЗВОР.
Татко ми гледаше вести на телевизоров мој и се само добри вести начекувам кога и јас случајно ќе се завртам со погледот натаму.
Реков ние што имаме куќи ќе си поминиме полесно отколку овие со зградиве и управителите ама ништо од тоа.
:tapp: Лош потег... Стварно! ако ова го усвој парламентот секоја чест. Зошто мислам така? - Епа еве како шо сите знајме ние не сме некојаси држава каде народот се расфрла со пари ( некој има некој не...) значи тој шо има ке си намести, а тој шо нема? Дали да се грижи за прехранување на семејството? Дали да се грижи за образованието на децата(факултет)... или да се грижи за тоа шо на куќата немал фасада? Смешно, стварно смешно.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ne zboruvam za fasadna cigla :pos2: ciporez ako ti teknuva:smir:
не ми текнува, тебе ти текнува дека се што знаеме за законов е една изјава дополнета со километарски медиумски текст
и дека пред да се донесе законот некој таму расправа по истиот, некој таму го средува и има предвид многу работи
па после се носи
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
А дали ке ги казнат оние шо одвај прикрпиле за некаков покрив над глава, што “куќата“ им е импровизирана картонска кутија и кал?

Место да средат по аслани ствари, тие за фасадите се фатиле.
Мудодрапачи.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Казни за градбите без фасади

Казни за градбите без фасади

Серија парични казни предвидуваат измените во законот за градење. Доколку сопствениците на куќи и станбени згради, во рок од две години не стават фасада ќе заработат казна од 100 до 3000 евра.

Доколку за четири години, од денот на добивањето на одобрението за градба, објектот не биде завршен, казните се движат од три до девет илјади евра. Измените на законот веќе е во собраниска процедура. Власта тврди дека е подготвуван по европски терк.

„Знам дека можеби некаде ќе биде оптоварување, но добро е во наредниов период од две години да се направат фасади во Република Македонија, бидејќи тоа на некој начин зборува за имиџот на самата земја“, вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Граѓаните се затечени.

„Ние моментално немаме толку пари. Градевме и треба да се доврши. Јас сум против овие закони“.

„Ако им смета што нема фасада, нека повели државата или општината да ја направи фасадата“, велат анкетираните граѓани.

Со новиот закон, се предвидува и конфискување на имот, доколку се утврди дека е дивоградба. Експертската јавност смета дека законските измени треба сериозно да се преиспитаат, бидејќи постоеле делови кои се во спротивност со Уставот.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114232

Јас мислам дека е вред да се воведе вакво нешто и мислам дека фасадирањето на куќите и нечини баш толку многу (ева ако има некој постручен нека процени, колку кошта фасадирање на куќа), секако на фамилии кои живет во екстремно тешки социјални услови би им обезбедил на некој начин средства да го извршат ова фасадирање...
Но паралелно би вовел закон со кој секој се обврзува да му биде исчистено пред дворот...На пример таков закон има во Германија и секој сопственик на куќа треба да го одржува и тротоарот, а во случаи кога има снег треба да има исчистено 1,2 метри широка патека...Така многу полесно се регулира хигиената а и тревите кои растат покрај патот и слично....
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
28
Поени од реакции
3

TOP!!!!
I jas se slozuvam so apsolutno se gorenavedeno!!!!!

A toa sto gragjanite se zalat- Ma daj...digaat kukjista sto 3 generacii ne mozat da gi zavrsat kompetno-samo pogolemii da se....
Gradi onolku za kolku sto imas pari-a ne tri sprata nagore, a ni prizemjeto ne go sredile kako sto treba.Makedonska rabota!!!!:uvo:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мислам дека ја апсорбиравме темата и дојдовме до заклучок фасади не правиме и казни не плаќаме :icon_lol:.
 
Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Дали е некој тренд или луѓево се оперирани од чувство за естетика и надворешно уредување, ама ваквите појави во најголем дел се локализирани во северо-западна Македонија, на потегот од граничниот премин Јажинце низ цел Полог до Гостивар и Шарпланинските села. Чудна е масовната појава на три-четири катни зданија без фасада, ама идејата за ваков закон е одлична и се надевам во целост ќе се реализира :)
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Во Европските земји, посебно во Скандинавијата и Низоземјето, постојат закони дури и за црќињата кои се држат на терасата. Постојат закони за бојата на фасадата, нејзиниот пластичен изглед, декоративната рамномерност со соседните куќи. Тоа ги прави градските „маала“ препознатливи и индивидуални. Да не зборувам за законите со кои се обврзани да ги средуваат дворовите, кои се сметаат помеѓу јавно и приватно земјиште - за едно посадено дрво треба да се добие дозвола. Исто и за едно исечено. Сето тоа е со цел да се добие стабилен и хомоген изглед на урбаната структура, да се хармонизира. Во таква средина, секој би се чувствувал попријатно да живее.

Законов го поддржувам целосно. Доколлку некој планирал да гради куќа, сигурно претходно направил „есап“... најчесто ја оставал фасадата за „кога ќе се најдат пари, понатака“, и наместо да изгради еден кат пониска, а средена куќа, изградил огромно здание кое најмалку наликува на пријатно место за живеење, кога му се гледа целата (ионака неквалитетна) ѕидарија и конструкција.

Слаби и комплетно неиздржани коментари се: „Ако владата сака фасада, нека ми ја направи“. Владата ти дала дозвола за градба, која ТИ си ја побарал, затоа што ТИ си сакал да градиш нова куќа. Каде тука владата добива од твоето живеење во новата куќа?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Апсолутно треба да се воведе ваков закон ... Се плашам само дека како и останатите закони ќе биде селективно и не целосно спроведуван...Овен тоа треба да се направи план како да им се помогне на оние кои навистина немат средства...
Исто така е многу важно да се регулира фасадирањето на автентичните градби...Пример старите куќи во Велес или Крушево, мислам дека е тоа доста поскапо и тука треба државата или општината да помогне...
Како и да е има многу работа времето ќе покаже дали ќе се реализира ова или ќе остане само пуста желба...
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Целосно го подржувам. Меѓутоа, многу некако касниме со закониве, па никнуваат "палати" од 3-4 спрата во маала каде максималната висина на градбите е пола од тоа. И да, најистакнато е во западниот дел од Македонија, без навреда, ама чуството за естетика кај Албанското население ми е... бљак! Не дека нема и добар дел Македонци кои го прават истото.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Кон законов треба да се додадат и нови амандмани,на пример ако некоја или некој излезе ненашминкан на улица,казна од 5-50 евра,во зависност од тоа дали има искубани веѓи или продолжени трепки.:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom