Казни за градбите без фасади
Серија парични казни предвидуваат измените во законот за градење. Доколку сопствениците на куќи и станбени згради, во рок од две години не стават фасада ќе заработат казна од 100 до 3000 евра.
Доколку за четири години, од денот на добивањето на одобрението за градба, објектот не биде завршен, казните се движат од три до девет илјади евра. Измените на законот веќе е во собраниска процедура. Власта тврди дека е подготвуван по европски терк.
„Знам дека можеби некаде ќе биде оптоварување, но добро е во наредниов период од две години да се направат фасади во Република Македонија, бидејќи тоа на некој начин зборува за имиџот на самата земја“, вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Граѓаните се затечени.
„Ние моментално немаме толку пари. Градевме и треба да се доврши. Јас сум против овие закони“.
„Ако им смета што нема фасада, нека повели државата или општината да ја направи фасадата“, велат анкетираните граѓани.
Со новиот закон, се предвидува и конфискување на имот, доколку се утврди дека е дивоградба. Експертската јавност смета дека законските измени треба сериозно да се преиспитаат, бидејќи постоеле делови кои се во спротивност со Уставот.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114232
Јас мислам дека е вред да се воведе вакво нешто и мислам дека фасадирањето на куќите и нечини баш толку многу (ева ако има некој постручен нека процени, колку кошта фасадирање на куќа), секако на фамилии кои живет во екстремно тешки социјални услови би им обезбедил на некој начин средства да го извршат ова фасадирање...
Но паралелно би вовел закон со кој секој се обврзува да му биде исчистено пред дворот...На пример таков закон има во Германија и секој сопственик на куќа треба да го одржува и тротоарот, а во случаи кога има снег треба да има исчистено 1,2 метри широка патека...Така многу полесно се регулира хигиената а и тревите кои растат покрај патот и слично....