bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Правете ги фасадите оти државата ќе ве казнува од 100 до 500 евра
Ако немата фасада на куќата или на зградата, градежните инспектори ќе ве казнат од 100 до 500 евра. До 3000 евра ќе бидат казнети правните лица што нема да ја испочитуваат оваа занконска обврска. Ова е предвидено со новиот закон за градење што го изготвија Министертвото за транспорт заедно со градежните компании. Тоа праткчно би знаело дека по донесувањето на овој закон Министерството за транспорт ќе даде рок од 1 година сите куќи и згради естетски да се доизградат, после овој рок ќе се казнува - најави Минисерот Јанакиевски.
„Им се дава рок од 1 година после донесување на законот да си ги направат фасадите, ние не кажуваме какви да бидат има ефтини фасади“, вели Министерот за транспорт Миле Јанакиевски.
За прв пат се воведуваат и рокови за изградба. По добивањето на дозволата за градба, куќите и зградите мора да се изградат во рок од 4 години. Доколку рокот се пробие и за тоа ќе следат парични казни . До 2000 евра ќе се казнуваат и вработени во Општините што навреме нема да известат инветситор кој поднел барање за градба во локалната самоуправа.
Новиот закон за градење набрзо ќе се најде на Владина седница, доколку се усвои ќе оди на разгледување во Собранието.
Со овие нови правила од Министерството за транспорт сметаат дека ќе се среди градежништвото во земјава.

23.08.2009, 15:50
ИЗВОР.
Татко ми гледаше вести на телевизоров мој и се само добри вести начекувам кога и јас случајно ќе се завртам со погледот натаму.
Реков ние што имаме куќи ќе си поминиме полесно отколку овие со зградиве и управителите ама ништо од тоа.