Па тоа и јас викам.Незнам зошто но на голем дел особено од младината да го прави. Мене лично ми е глуп муабет тоа ама секој си има право да си избере.. Цел живот слушам рап и ептен ретко ако облечам нешто малце пошироко од нормалата и тоа не за да покажам дека слушам рап него затоа што ми се свиѓа како ми стои. Пооригинално и помераклиски ми е да си се облакам ко што си се облакам - по мое!
Е да.Потполно се согласувам.Не дека постојат правила, но има некаков непишан кодекс.
Но не е толку просто па музиката да го даде одговорот. Цел животен стил е во прашање, перцепција на околината, политички гледишта итн...музиката е еден дел од сето тоа.
На крајот облеката е дел од сето тоа, поточно облеката е начинот на кој што сакаш околината да те перцепира...пардон имиџот де.
Согласувам се со тебе.Јас ке си купам уште рок маици без разлика дали старата ке вреска или не.А не сум позер слушам рок и метал .Мразам рап.Облекувам се само во црно носам мртовечки глави.Уште 2-3 маици ми фалат.А точно дека има некои кои го брукат панкот и сл само за да бидат во тренд.Е да.Потполно се согласувам.
Но сега некако имиџот кој е поврзан со музиката ја губи својот индентитет. Зошто? Зошто порано се знаело кој што е и каков е според својата облека(имиџ) а сега тоа може да се менува преку ден. Како што напоменав за панк имиџот сега и најголемите позери и кремци се носат во некој си поп панк стил, кој го валкаат панкот. Сакам да кажам ако си се има таков имиџ треба да се пронајдеш во него и да го сакаш а не да си таков само за да бидеш во тренд.
Цел живот слушам метал , еднаш само имав подолга коса..Цел живот слушам метал, у последниве 2-3 години слушам и ДнБ и по малку масив/псајкоделик транс..
Да ме видиш на улица ќе мислиш момаков слуша Тони Зен -.-
Не се облакам во зависност од музиката шо ја слушам..
Ме иритираат такви ствари ..
7-8 години слушам метал па никад не сум облекол црн долг мантил или мартинки, а има пиЌиња шо 1 година слушаат и ми глумат некој мангупи се облакаат ко скотови..
А коа станува збор за фризура, дали кратка или долга, на металците им е задолжителна долга фризура, а пак на раперите и не им е ...
Го спомнав како задолжителен фактор, зашо знам како е да бенгаш со коса до гз, и знам како е да бенгаш коа си шишан 3ка..Цел живот слушам метал , еднаш само имав подолга коса..
Не го поврзувам стилот со жанрот на музиката. Мислам дека е претерување за хип-хоп фановите над 16 година да носат спуштени и широки фармерки и 3 броја поголеми дуксери. Тоа е веќе незрело. Истото е и со метал фановите , долгата коса - да , им стои на повеќето меѓутоа ја носат по своја воља а не поради тоа што некој друг им наложува со тоа „ако бидеш металец мора да имаш долга коса“ . Меѓутоа зрел човек со елечиња и/или кожни јакни со нитни е претерано.
Лично се облакам како ќе ми текне. Некогаш носам дуксери кој наликуваат како да сум фан на хип-хоп културата, некогаш носам потесни фармерки и мајци со бендови кој всушност укажуваат дека го слушам бендот а некогаш се облакам најобично , најсекојдневно и многу е тешко да се претпостави каква музика слушам.
И ја сум тројка. :helou:Го спомнав како задолжителен фактор, зашо знам како е да бенгаш со коса до гз, и знам како е да бенгаш коа си шишан 3ка..
Едноставно, верувај ми, тешко е да си металец шишан 3ка Ко ми доаѓа да бенгам ми се плаче шо се шишав..