Болиглава
A cold fact
- Член од
- 16 јуни 2007
- Мислења
- 4.701
- Поени од реакции
- 2.353
Прогресивен рок е поджанр на рок музиката кој бил создаден во Европа, поточно Британија во раните 70ти години, со цел рок музиката да се искачи на повисоки уметнички нивоа. Прогресивните бендови ја поместиле стандардната шема на рок песните создадени дотогаш во стил “стихови-рефрен”. Музиката на овие бендови повеќе се карактеризира како концептуална. Со други зборови албумите се правени во стил на симфонија со повеќе ставови каде што песните се надоврзуваат една со друга. Пример за ваков албум е The Dark Side Of The Moon од Pink Floyd. Ваквите концепт-албуми често биле и некој вид на пречка за тогашните форми на аудио записи како грамофонски плочи и касети од причина што овие албуми биле предолги и морале да ги издаваат на повеќе делови. Исто така други специфични карактеристики на овој поджанр се: неспецифично темпо, текстови кои алудираат на многу подлабоки животни теми настрана од љубовните, како на пример социјални мотиви и други лични состојби како лудоли, алчност и смрт.
Карактеристични бендови се: Yes, Rush, Pink Floyd, Genesis, Jethro Tull и други кои го достигнале својот врвен развиток во средината на 70тите години од минатиот век.
Ме интересира колку ја слушате и ја почитувате оваа музика денес, дали има љубители. Препорачајте и некој бенд, албум, песна за малце понеупатените. Јас ќе надополнам покасно со нови информации.