Progressive Rock

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.700
Поени од реакции
2.325
Прогресивен рок е поджанр на рок музиката кој бил создаден во Европа, поточно Британија во раните 70ти години, со цел рок музиката да се искачи на повисоки уметнички нивоа. Прогресивните бендови ја поместиле стандардната шема на рок песните создадени дотогаш во стил “стихови-рефрен”. Музиката на овие бендови повеќе се карактеризира како концептуална. Со други зборови албумите се правени во стил на симфонија со повеќе ставови каде што песните се надоврзуваат една со друга. Пример за ваков албум е The Dark Side Of The Moon од Pink Floyd. Ваквите концепт-албуми често биле и некој вид на пречка за тогашните форми на аудио записи како грамофонски плочи и касети од причина што овие албуми биле предолги и морале да ги издаваат на повеќе делови. Исто така други специфични карактеристики на овој поджанр се: неспецифично темпо, текстови кои алудираат на многу подлабоки животни теми настрана од љубовните, како на пример социјални мотиви и други лични состојби како лудоли, алчност и смрт.

Карактеристични бендови се: Yes, Rush, Pink Floyd, Genesis, Jethro Tull и други кои го достигнале својот врвен развиток во средината на 70тите години од минатиот век.

Ме интересира колку ја слушате и ја почитувате оваа музика денес, дали има љубители. Препорачајте и некој бенд, албум, песна за малце понеупатените. Јас ќе надополнам покасно со нови информации.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.451
Поени од реакции
806
Види батка... Џенесис порано ги слушав по малце, колку да не е без ич. Сега ги запоставив скроз. Јес понекогаш ги пуштам, најчесто Owner of a lonely heart, чисто пошо ќејф ми прает.

Е сеа, за Пинк Флојд можам два фермани да напишам и пак да не е доволно. Покрај Пејџ и Плант, од музичките генијални умови би го ставил Гилмор, од проста причина шо типот РАСТУРАТ. Ако некој си немат работа навечер денојве, нека пуштит Телма да вртит, секој втор ден го давет Pulse концертот. Значит Гилмор на тој концерт зборвит преку гитара, свирит стопроцентно од срце и импровизациите му се за симнување капа.
Најдоброто соло во историјата на човештвото е од Comfortably Numb на Pulse. Еф чујте.


Покрај ова соло, од Гилмор можам да го одвојам солото од High Hopes. Маестрално, генијално, неверојатно, феноменално.


Концертот Pulse го имам гледано преку 100 пати последниве две години. Да е жива и здрава Телма. :smir:
Уште 100 пати ќе го гледам и пак нема да ми здосадит.

Кај Pink Floyd ми се бендисвит шо се ептен искулирани и опуштени типци, на концерт излегвет по фармерки и маиче обично. Од големите виртуози друг шо така излегвит е Клептон.
Сношти го имаше Pulse на Телма, значит вечерва нема да е... Ама очеквите го утревечер или вечерта после то. :)
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.700
Поени од реакции
2.325
Пер, Owner Of A Lonely Heart e од Yes и им е малце забегана од прогресив, како и цел нив албум 90125, ама добро се признават некако.
Дур сме кај нив, слушни ја Roundabout. Е ова е композиција!:)
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Конечно тема за еден од најдобрите музички правци.







And much more...
 
Г

Господ

Гостин
сакам да прашам дали може Frank Zappa да се вброи како прог рок артист бидејки во прог рок големо влијание има џезот
и иако е офтопик има ли џез тема на форумов?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
4.066
Поени од реакции
7.615
Бидејќи во последно време се вртам околу Pink Floyd, Opeth (полабавите песни), Porcupine Tree и Dream Theater, можам да кажам дека баш овој жанр ми има легнато многу. За Pink Floyd доволно сум кажал. Има нешто посебно креативно, синфониско и уметничко во овој правец по што е покарактеристичен да не речам поквалитетен од другите правци. И да не ги заборавиме диносаурисите и за жал не до толку познати Кинг Кримсон. Еве ги со Епитаф

 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.700
Поени од реакции
2.325
Создавањето на Money од Pink Floyd:


This is how you make a masterpiece.:asd:
 
Член од
15 март 2008
Мислења
540
Поени од реакции
43
Како никој не ги спомна Mike Oldfield со Tubular Bells , и најдобрата песна од Rush - 2112.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
20.968
Бидејќи во последно време се вртам околу Pink Floyd, Opeth (полабавите песни), Porcupine Tree и Dream Theater, можам да кажам дека баш овој жанр ми има легнато многу. За Pink Floyd доволно сум кажал. Има нешто посебно креативно, синфониско и уметничко во овој правец по што е покарактеристичен да не речам поквалитетен од другите правци. И да не ги заборавиме диносаурисите и за жал не до толку познати Кинг Кримсон. Еве ги со Епитаф

Еве кратка клипче на 21rst Century Schizoid Man со живо снимка од Хајд Парк. Кинг Кримсон се гром група али не се познати воопшто.




Него се мислам дали и Запа е дел сите овие. Сепак Запа секогаш бил оделен од сите.


Запа познат по текстовите кои биле вулгарни му дале censored етикета за идниот албум што планирал да го направи. И он направил инструментал албум кој бил цензуриран!!! Човекот е легенда.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Како никој не ги спомна Mike Oldfield со Tubular Bells , и најдобрата песна од Rush - 2112.
Дефинитивно тие 2 албуми заслужуваат да се спомнат овде. Tubular Bells е совршенство од албум. Истото важи и за 2112, masterpiece-от на Rush.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
25
Океј, покрај Floyd, Crimson, Rush, Jethro, Yes, Camel, Porcupine, Mars Volta...еве уше еден постар, прекрасен, германски бенд, јез да вокалот ме нервира понекогаш, али ок. Почнете со Ocean ако веќе симињате.



 
Член од
12 март 2007
Мислења
650
Поени од реакции
72
опааа Progressive rock топик на кајгана!! овоа не го очекував. БРАВО!!!! Progressive rock e малце запоставен вид на рок у последните деценија -две..али за тие шо го слушат prog rockot е едноставно незаменлив. Progessive rock ми е еден од омилените правци у рокот. фановите негови го поделиле на правци ,има ги еден куп: Canterbury Scene,Crossover Prog, Eclectic Prog,Heavy Prog, Indo-Prog/Raga Rock, Jazz Rock/Fusion, Krautrock, Neo-Prog, Post Rock/Math Rock, Prog Folk, Progressive Electronic , Psychedelic/Space Rock, RIO/Avant-Prog Rock, Progressivo Italiano, Symphonic Prog , Zeuhl ,Proto-Prog
мои омилени групи се: Pink Floyd, Eloy, Marillion, Le Orme, Nektar, The Mars Volta, Premiata Forneria Marconi, Anekdoten, Sylvan, Genesis, King Crimson, Camel, IQ, Nemo, Porcupine Tree, Hawkwind, The Flower Kings, The Decemberists, Mostly Autumn , Can, Ash Ra Temple, Klaus Schulze, Tangerine Dream, Amon Duul 2, GILA..иам ги уште ногу бендови со ги слушам активно али доста се сеа за сеа . али ногу лоша работа е шо у македонија нема ногу луѓе шо слушат прогресив рок(бар ја така мислам).. луѓето шо ги знам шо слушат прог рок се бројат на една рака, за жал.
 
Член од
15 март 2008
Мислења
540
Поени од реакции
43
Да ги додадам и Captain Beyond , првиот албум им е одличен.
 
На врв Bottom