ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.965
- Поени од реакции
- 57.716
Хах... пример за патетично прашање.... Ај кажи што имаат врска навивачите со тоа што Барса зела толку трофеи или што Реал потрошил 250 милиони? Да не играле навивачите односно дале пари за трансфери...Сите знаеме дека на еден ваш скриен начин ја симпатизирате Барса. Него дај како стручњак објасни ми една работа што овие 2-3 дена не ми е јасна.
Кои навивачи се бедни и патетични? Заокружи го точниот одговор !!
а) Тие на Барса што во рок од 4 години 2 пати славеа во ЛШ, за една година освоија 6 титули, што на 4 пати под ред го рушат најлутиот ривал во Шпанија.
б) Тие на реал мадрид што нивниот тим вложи 250 милиони евра, отпадна од купот, отпадна од ЛШ и тоа од просечниот тим на Лион кој што беше декласиран од Баерн Минхен, и 99 посто ќе остане без ниедна титула и оваа сезона.
Значи Реал губи во осминафинале последниве сезони... да! Но навивачите на Реал Мадрид, го прифаќаат поразот и вината ја бараат во својот клуб, кај своите играчи, кај својот тренер, претседател...
Барса губи... и одеднаш... судењето не чинело, противникот играл антифудбал, сте заслужиле да идете понатаму затоа што ја подавате топката најмногу.... абе ајде... тоа е патетика, фанови кои не признаваат заслужен пораз, кога се надиграни тактички.
Да беа само навивачите ај... али и играчите и сите во клубот не признаваат. Пуштаат прскалки за да ги спречат победниците да се радуваат, голманот ќе го затепа менаџерот кој ги надигра.... таков ви е менталитетот... не признавате пораз!
И да... викате сите биле против Барса... епа со вакво однесување и ќе бидат.