Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 48
Јас лично верувам во интуиција. Ако некој работи една работа постојано и се извешти во неа, ќе ги знае не само сите последици од што и да се превземе во таа работа, туку ќе почне и да измислува нови причини, кои би можеле да доведат до нови последици. Тоа јас го сметам за креативност и вештина во работењето на што и да е.
А бидејќи жените во принцип се многу пофокусирани на меѓучовечките односи, отколку на пример на наука или фудбал или коли или градежништво или слично, со активно дружење тие почнуваат да развиваат искуство и, ако се креативни и љубопитни, почнуваат да измислуваат какви сè постапки *можат* да се случат, т.е. нови работи што до тогаш не биле, а што би можеле да бидат. И ако имаат среќа такво нешто и да се случи (а реално е можно тоа, посебно ако девојката замислува реални можни ситуации, т.е. не од стилот да долета принц на бел пегаз), тоа таа ќе го смета за потврда на својата интуиција.
Ова не е ограничено само на жените. И мажите кои се друштвени имаат можност да развијат ваква интуиција, но тие се во принцип насочени кон други работи и развиваат интуиција за нив. На пример, не е исклучено некој искусен играч на берзата да предвиди дека некоја фирма ќе почне да се развива, па бргу да ги купи акциите од истата и да направи многу пари. Исто како што тој играч може да биде жена, ако доволно долго е присутна и активна наа берзата, така и мажот може да развие интуиција за меѓучовечки односи, ако доволно долго се занимава со нив, се разбира.

ja koa ti vikav vidis treba nekad devojka ti da ja slusas ne sam :pos2: i sea u zadnje vreme me slusa da vidite toa cudno 