Дали треба да имаме повеќе од две деца?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Никој не успеа да ми одговори која е разликата во “гушкабилноста“ помеѓу едно и пет деца. Себичњаци се токму оние кои решиле дека ќе си го праат меракот и ќе раѓаат нон стоп заради нивни лични убедувања (кои и онака најчесто религија или општество им ги наметнува). Едно дете го имаш и му се посветуваш комплетно, две доволно, три... веќе треба да престанеш да живееш за да можеш да ја одиграш вистински улогата на родител како јас ја разбирам, комплетно посветување на воспитување.

Ресурси, ресурси... Нафтата која толку ни е потребна, се претпоставува дека ќе ја снема до 2060 година. Со 7 милијарди луѓе моментално, а со 10 милијарди за една деценија? Тие слатки бебиња кои ги замислувате растат во стоки као нас кои пишуваме и имаат потреби. Од се` и сешто.
Планетета е сосема во ред? Потребите кои ги имаме, и фабриките кои ги градиме, успеаа последниве 2-30 години да го пробијат озонот за да ни создаваат рак на кожата. Повеќе луѓе, повеќе продукција, поголеми проблеми, или не е важно веќе, ја поебавме работата па ни фактор милион на масла за сончање не помагаат.

Не знам дали воопшто се обидувате да ме сфатите, очигледно тешко ви оди, ама јас не ги напаѓам децата, не ве напаѓам ни вас конкретно, го напаѓам човечкиот род и ум кој не размислува. Како оној коментар погоре “кога ќе дојде денот да имаме вистински проблем ќе мислиме“. Така е сине! :icon_lol:
Се си бара планирање, дури и македонската поговорка вели “Ако не се чуваш сам, ни Господ нема да те чува“. Никој не оди на работа само затоа што се надева дека ќе има повисока плата, туку планира кое работно место ќе му донесе подобри услови, со чија помош ќе му биде полесно да ги планира децата, својата фамилија и да помогне тие да израснат во здрави луѓе кои ќе размислуваат како луѓе, не како стоки.
ada напиша:
И јас сметам дека паникава е повеќе пропаганда и обид да не се менува ништо суштински.

Као, уште ќе загадуваме почва/вода/земја, уште ќе експлоатираме и нема да бараме алтернатива (односно нема да ја популаризираме), али затоа ќе ви кажеме не раѓајте деца, пошо тоа е проблемот.
ada напиша:
И да не очекува апокалиптично сценаријо, тоа сигурно нема да биде затоа што има премногу луѓе на планетава, туку затоа што дел од оние што веќе се тука, од алчност и дестуркитевен личен интерес, ебаваат матер на све што може да се поебе. Па за да не го ништиме сопствениот интерес, ќе ја ништиме останатата популација.
:icon_lol: Значи ја сум као оние теткине шо лепат постери со мртви бебиња, абортусот е убиство. А ја па те мислев за интелектуалец кој знае да дискутира, ова ми личи повеќе на кафански муабет со 2 литра шприцер и коментар “Шо знаеш ти за ебе*е бе, ја коа еев ти уште у пелени беше“. :) But, it`s all good, if that makes you happy, тогаш да ви кажам и колку плата ми дава невладината организација “SEKMBMPO“ “Save the Earth, kill Macedonia for being the main problem for overpopulation“ - Плус има ВМРО на крај, гарант сум соросоид. :pos:

Вториот цитат - ќе повторам, јас ниеднаш не нападнав ниту еден човек поединечно, ниту едно новороденче, ниту Македонија. Токму цитатот и болдот сакам да ги потенцирам. Затоа што луѓето не се грижат за ништо освен за својот гс, и не размислуваат за своите постапки, и не размислуваат дали детето кое сакаат да го родат, односно таквата акција ќе има лоши или добри страни, не ги интересира дали ќе придонесат за природата и општеството.
Упорно викаш, зошто баш децата. Не е баш децата, не е токму тие, и насловот вика дека треба да се имаат очигледно, но јас прашувам зошто толку многу? Зошто има потреба да ги имаме илјадници како потомство кога тоа прави проблем.

Лично јас (иако не сум воопшто релевантен) не ја чувствувам желбата за деца иако ги разбирам сите кои ја имаат. Секако, реков веќе тоа може еден ден да се смени, но повторно нагласувам, ми делува прилично себично размислување и краткорочно, ќе ги родиме децата бидејќи тие се најголемо богатство, тие се слатки мали и невини, тие се забавни и прекрасни, но потоа ќе израснат во возрасни луѓе. Дури да се изразам вака грозно, ме потсеќа на идејата на оние скотови од луѓе кои земаат мали кученца бидејќи се интересни, но кога ќе пораснат ги оставаат на улица бидејќи веќе не се интересни. Себично.
Според мое сфаќање, ако некој сака да ме убеди дека има љубов за своето/своите деца, не треба да роди седум, треба да знае да им се посвети максимално на тие две кои веќе ги има.
Daj ni licen primer. Ti pocni, a nie ke razmislime dali ke te sledime.
Ti ubij se, za da pokazes kako treba, a ne da propagiras site nie da se ubieme za da TEBE ti bide polesno, onaka vazektomiran, da prodolzis da ja cicas planetava.
:shok: А? Момче, ова е само форум, не ги сфаќај толку трагично нештата, опушти се, многу си неурозен шо би рекла ада.
Garfild напиша:
Alooo, sebicnjaci! Decata se najgolemoto bogatstvo. Za koj k*r ste na planetava ako ne za decata???
Сакаш да кажеш дека тоа е причината за која сме на планетата? Ех 5000 години мислење, ете кој го знаел одговорот.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Себичноста како момент е присутна, ама повеќе би рекла дека е од спротивни причини од оние што ги наведе Виктор. Себично е да можеш да родиш по три-четири деца, а ти да се решиш на едно од причина што не можеш да одговориш максимално на улогата на родител. Совршеност нема, ниту имало, ниту ќе има... ко проклетство некое... упорно се стремиме, ама никако да ја достигнеме.
Ниту ние ќе бидеме совршени родители во буквална смисла на зборот, ниту нашите предци биле совршени, иако раѓале и одгледувале и по повеќе од три деца. Не пишувам со носталгија кон некои времиња во кои не сум живеела, ама до пред 40-50години една фамилија на овие простори имала просечно по пет деца. Како успеале толку несовршени да продуцираат генерации кои излегле квалиетени, инаку во спортивност не би опстанал човековиот род, еве конкретно на овие простори.
Себично е Виктор да оставиш дете само, а да си во можност да родиш уште две. Себично за детето, пошто во животот понатаму немаш поблизок некој од брат или сестра. Настрана сите предности на дете-единец и на моментот "сите чоколада само за мене". Сам си понатака во животот!
Мојата баба верувам дека не мислела на линија и деформации на телото и градите кога родила 5 деца. Али затоа мислиме ние и тоа со толкаво внимание ко да сме сирени, не обични луѓе, со сите маани во физичкиот изглед. Под ние мислам на мажи и жени генерално, пошто "ние сакаме да изгледаме допадливо затоа што истото нуди многу можности" или "мажот може да се заљуби во друга пошто ја ќе се деформирам откако ќе родам повеќе деца". Мислам... :icon_roll
Моите редци не трчале во Чико анатомски чевлички за правилен развој на ноџето, па сепак имаат одлични стапала... да не редам се што не правеле, а денес се нормално развиени луѓе, и физички и психички.

Се` имаме и се` можеме за повеќе деца, само прашање е колку сакаме? :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Прво би прашала...Има ли научно подржани факти дека природните ресурси не би издржале понатамошно зголемување на населението?
Нема научни факти. Има теории. Прв почнал Томас Малтус кој во средината на 18 век тврдел дека планетата ќе колабира под терет на тогашните неполни 1 милијарда жители. Сега има 6,4 милијарди...доволен доказ за `валидноста` на малтусовите теории кои се уште се пропагираат.Или на пример споредба меѓу Холандија и Австралија...16,5 и 19,6 милиони жители...едната е малку поголема од Македонија...едната е цел континент...џабе верглаат малтузијански теории...

Во друго е работата...имаше истражување...ако сите жители на планетава би се однесувале како жителите на САД...би ни биле потребни уште 3 планети како нашава само за да се задоволат побарувањата...и да се складира отпадот...

Најголем проблем е врстата во која припаѓаат типови како Роман Абрамович кој троши ресурси за себе колку што трошат 3 милиони луѓе од некоја средно развиена земја годишно. Или 30 милиони од некоја неразвиена земја...Абрамович го пренаселува светот...сам...:pos2:и другите како него...

0,1,2,3 или повеќе деца...се е во ред...додека не се замешаат душегрижници како на пример државата...која арогантност...некој чиновник да решава кој ќе се роди...замислете сите овде да имало закон како кинескиот...колкумина од вас не би се ни родиле...е па ајде сега...

Иако и тоа е малку идиотско според мене, да го прифатам како вистина. Што станува со муабетот на Зевсус, ние (чим е за МКД) живееме во земја со просечна плата од 250 евра, зар не би требало човек силно да размисли дали може да му обезбеди среќен живот на своето дете. Ќе рече некој важна е љубовта. Секако дека е важна, ама важно е и потсмевањето на другарчињата дека син ти носи патики од Шутка, но, важна е љубовта, која родителот ја чувствува, детето... не е важно нели? Себично размислување, како и првичниот став, “ми е гајле за планетата“.
Што мислиш за ова Викторгг...патики од шутка или непостоење...(нели ако не се родело детето за кое нема соодветни услови)...јас би рекол подобро патики од шутка...
Во секој случај е неспоредливо подобро свесно и рационално да се планира...се согласувам...колку што се може...за децата да имаат подобри услови...но не мора да е единствен критериум.
За кое дете на светов би се осмелиле да кажете дека е вишок,дека е еколошки дисбаланс и да се тврди дека тоа дете најарно ич да не се родело...се сомневам дека некој би го помислил тоа...без разлика дали е циганче на раскрсница или мулатче од фавелите на Рио...

Значи целата поента во раѓањето на третото дете е некоја визија за џагор на маса во доцна вечер. А тоа што голема е веројатноста капиталистичкиот систем да ти го проголта детето да биде роб на работа и да не го видиш воопшто со недели? И не ми викај генерализација, погледни како ти живееш, и размисли како тоа ќе се одвива понатаму, и колку поотуѓени ќе станеме. Љубовта ја нема, го раѓаш и го фрлаш, немаш време за него, работиш цел ден, го гледаш за викенд, ко да си разведена а старателство не ти е доделено. Мизерија.
За жал така е...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Љубовта кон децата не е леб па ај ќе ја пресечеме на три дела и секој ќе има по една третина... Нафтата ќе ја снема добро... Ако не за 50, тогаш за 100 години. Се` е само пролонгирање на неизбежното-ќе остане Земјата без ресурси. Без луѓе никогаш нема да остане. Свеста на човекот никогаш нема да достигне такво ,,земјосакачко" ниво да се секира за иднината. Единствено треба да се најдат алтернативни методи за производство на енергија. На пример.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Себичноста како момент е присутна, ама повеќе би рекла дека е од спротивни причини од оние што ги наведе Виктор. Себично е да можеш да родиш по три-четири деца, а ти да се решиш на едно од причина што не можеш да одговориш максимално на улогата на родител. Совршеност нема, ниту имало, ниту ќе има... ко проклетство некое... упорно се стремиме, ама никако да ја достигнеме.
Ниту ние ќе бидеме совршени родители во буквална смисла на зборот, ниту нашите предци биле совршени, иако раѓале и одгледувале и по повеќе од три деца. Не пишувам со носталгија кон некои времиња во кои не сум живеела, ама до пред 40-50години една фамилија на овие простори имала просечно по пет деца. Како успеале толку несовршени да продуцираат генерации кои излегле квалиетени, инаку во спортивност не би опстанал човековиот род, еве конкретно на овие простори.
Себично е Виктор да оставиш дете само, а да си во можност да родиш уште две. Себично за детето, пошто во животот понатаму немаш поблизок некој од брат или сестра. Настрана сите предности на дете-единец и на моментот "сите чоколада само за мене". Сам си понатака во животот!
Мојата баба верувам дека не мислела на линија и деформации на телото и градите кога родила 5 деца. Али затоа мислиме ние и тоа со толкаво внимание ко да сме сирени, не обични луѓе, со сите маани во физичкиот изглед. Под ние мислам на мажи и жени генерално, пошто "ние сакаме да изгледаме допадливо затоа што истото нуди многу можности" или "мажот може да се заљуби во друга пошто ја ќе се деформирам откако ќе родам повеќе деца". Мислам... :icon_roll
Моите редци не трчале во Чико анатомски чевлички за правилен развој на ноџето, па сепак имаат одлични стапала... да не редам се што не правеле, а денес се нормално развиени луѓе, и физички и психички.

Се` имаме и се` можеме за повеќе деца, само прашање е колку сакаме? :)
Но нештата веќе не се како во времето на нашите баби. Многу поинаков свет живееме. Во тој правец јас можам да кажам зошто воопшто носиме кондури на штикла, зошто одиме да гледаме фудбал, зошто гледаме телевизија... итн итн.
Во времето на нашите баби поинакви беа нештата, важно беше детето да е здраво и право, а и по породувањето жената не лежи три месеци на боледување, на нива е само што може да оди.
Да, претеруваме во некои нешта, но токму таквиот муабет “нашите како можеле“ се коси со муабетот дека заради љубов ќе родиме 5 деца.
Toecutter напиша:
Што мислиш за ова Викторгг...патики од шутка или непостоење...(нели ако не се родело детето за кое нема соодветни услови)...јас би рекол подобро патики од шутка...
Во секој случај е неспоредливо подобро свесно и рационално да се планира...се согласувам...колку што се може...за децата да имаат подобри услови...но не мора да е единствен критериум.
За кое дете на светов би се осмелиле да кажете дека е вишок,дека е еколошки дисбаланс и да се тврди дека тоа дете најарно ич да не се родело...се сомневам дека некој би го помислил тоа...без разлика дали е циганче на раскрсница или мулатче од фавелите на Рио...
За ниту едно единствено не би рекол дека е вишок. Не би рекол дека е вишок дури ниту еден возрасен дебел американец. Тој веќе постои. Но размислувањето дека дебилно дете кое ќе израсне во дебилен човек кој ќе биде штетник е подобро од никакво дете не ми се допаѓа. Велиш колку од нас не би постоеле. Па многу од нас и не постојат по тој систем, и не гледам дека некое од тие неродени ни недостасува. Многу работи сме можеле но не сме ги направиле, сигурно нема да седнеме сега да ги оплакуваме неродените.

И јас не би рекол дека е подобро патики од Шутка. Подобро е она кое ќе биде најдобро, или барем доволно добро. Човекот треба да научи за добро и зло на поинаков начин, не затоа што на родителот не му текнало дека заради неговата неукост и немоќ малиот ќе треба да навлече комплекси.
 
DARK3R

Македонец
Член од
14 јули 2007
Мислења
99
Поени од реакции
0
Па се зависи од платата и од тоа колку можеш да си дозволиш и што можеш да си дозволиш
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Viktorce, jas ne sum neurozan, no, mi se kenja, proliv me fakja od lica koi drkaat na monitor, sebicno drkaat na idejata deka ete, se e nivno, samo nivnoto e dobro, pritoa ubeduvajki gi drugite vo vistinata kako sto tie samite ja percepiraat.
So, kill yourself and let the earth live, or shut up and put up.
 
Па кењај бе Гаро, ако треба ја ќе претрчам да купам хартија, висококвалитетна. Али не ми кењај мене, си имаш ти свој кенеф.

Тоа што ја имам мислење као шо иам, не можеш ти да ми кажеш дали смеам да го имам или не, и ја на никого не му реков треба да праиш вака и вака, ниту некаде извичник стаив.
И јас нема да се убијам, можеби некој друг ден, за тоа време ти можеш сериозно да размислиш за твојот однос кон светот и да се помолиш еднаш на твојот Бог или себе дека таквиот однос нема да му го пренесеш на своето дете, бидејќи ќе израсне токму во оноа за кое зборам тука а не ми се допаѓа.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Од каде знаеш како ќе израсне моето дете кога ни мене не ме познаваш?

П.С. пропагираше едно или ниедно поради lack of sex & sexual activities или?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Никој не успеа да ми одговори која е разликата во “гушкабилноста“ помеѓу едно и пет деца. Себичњаци се токму оние кои решиле дека ќе си го праат меракот и ќе раѓаат нон стоп заради нивни лични убедувања (кои и онака најчесто религија или општество им ги наметнува). Едно дете го имаш и му се посветуваш комплетно, две доволно, три... веќе треба да престанеш да живееш за да можеш да ја одиграш вистински улогата на родител како јас ја разбирам, комплетно посветување на воспитување.

Ресурси, ресурси... Нафтата која толку ни е потребна, се претпоставува дека ќе ја снема до 2060 година. Со 7 милијарди луѓе моментално, а со 10 милијарди за една деценија? Тие слатки бебиња кои ги замислувате растат во стоки као нас кои пишуваме и имаат потреби. Од се` и сешто.
Планетета е сосема во ред? Потребите кои ги имаме, и фабриките кои ги градиме, успеаа последниве 2-30 години да го пробијат озонот за да ни создаваат рак на кожата. Повеќе луѓе, повеќе продукција, поголеми проблеми, или не е важно веќе, ја поебавме работата па ни фактор милион на масла за сончање не помагаат.

Не знам дали воопшто се обидувате да ме сфатите, очигледно тешко ви оди, ама јас не ги напаѓам децата, не ве напаѓам ни вас конкретно, го напаѓам човечкиот род и ум кој не размислува. Како оној коментар погоре “кога ќе дојде денот да имаме вистински проблем ќе мислиме“. Така е сине! :icon_lol:
Се си бара планирање, дури и македонската поговорка вели “Ако не се чуваш сам, ни Господ нема да те чува“. Никој не оди на работа само затоа што се надева дека ќе има повисока плата, туку планира кое работно место ќе му донесе подобри услови, со чија помош ќе му биде полесно да ги планира децата, својата фамилија и да помогне тие да израснат во здрави луѓе кои ќе размислуваат како луѓе, не како стоки.

:icon_lol: Значи ја сум као оние теткине шо лепат постери со мртви бебиња, абортусот е убиство. А ја па те мислев за интелектуалец кој знае да дискутира, ова ми личи повеќе на кафански муабет со 2 литра шприцер и коментар “Шо знаеш ти за ебе*е бе, ја коа еев ти уште у пелени беше“. :) But, it`s all good, if that makes you happy, тогаш да ви кажам и колку плата ми дава невладината организација “SEKMBMPO“ “Save the Earth, kill Macedonia for being the main problem for overpopulation“ - Плус има ВМРО на крај, гарант сум соросоид. :pos:

Вториот цитат - ќе повторам, јас ниеднаш не нападнав ниту еден човек поединечно, ниту едно новороденче, ниту Македонија. Токму цитатот и болдот сакам да ги потенцирам. Затоа што луѓето не се грижат за ништо освен за својот гс, и не размислуваат за своите постапки, и не размислуваат дали детето кое сакаат да го родат, односно таквата акција ќе има лоши или добри страни, не ги интересира дали ќе придонесат за природата и општеството.
Упорно викаш, зошто баш децата. Не е баш децата, не е токму тие, и насловот вика дека треба да се имаат очигледно, но јас прашувам зошто толку многу? Зошто има потреба да ги имаме илјадници како потомство кога тоа прави проблем.

Лично јас (иако не сум воопшто релевантен) не ја чувствувам желбата за деца иако ги разбирам сите кои ја имаат. Секако, реков веќе тоа може еден ден да се смени, но повторно нагласувам, ми делува прилично себично размислување и краткорочно, ќе ги родиме децата бидејќи тие се најголемо богатство, тие се слатки мали и невини, тие се забавни и прекрасни, но потоа ќе израснат во возрасни луѓе. Дури да се изразам вака грозно, ме потсеќа на идејата на оние скотови од луѓе кои земаат мали кученца бидејќи се интересни, но кога ќе пораснат ги оставаат на улица бидејќи веќе не се интересни. Себично.
Според мое сфаќање, ако некој сака да ме убеди дека има љубов за своето/своите деца, не треба да роди седум, треба да знае да им се посвети максимално на тие две кои веќе ги има.
Муабетот го водам прилично сериозно и одржано, па ако ти личи на кафански, онда ти си имаш проблем у перцепција.
Патем, болдот се однесуваше на капиталистичките моќници, а ти изглеа и тоа лично си го сфати.

Како и да е:
1. Планетата нема да пати од тоа што ќе имаме по 3/4 деца.

2. Системот, не популацијата, е проблемот.

3.Ни ти, ни никој друг, нема право да ја просудува родителската љубов и потреба, особено не ко некој што, види иронија, не ни има деца.

4. Додека не имаш 3 и повеќе деца, едноставно, буквално нема да можеш да знаеш колку може да се љубат или не. Само си судиш, онака од ракав. (јас, на пример, имав долгогодишна врска со дечко кој има уште 2 сестри, односно се 3-ца...и тие се едни од ретките урамнотежени, здрави, успешни и среќни пред се особи што ги знам, со итекако љубов и почит кон своите и vice versa)

5. Ако има родители кои апсолутно не умеат да се грижат и да ги љубат своите деца, не значи дека сите се такви (ти тоа упорно го нагласуваш).

6. Твојата идеја за родител, кој е 24/7 сервис на своето дете, ниту е остварлива, ниту, според психолозите е пожелна. Не знам од каде идејата дека треба нон-стоп да си со своето дете и тоа да ти биде единствениот фокус. Освен што истото е лошо за родителот, уште полошо е за развојот на детето.

7. Родителскиот нагон е инстинкт. Имај го и тоа во предвид.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
WOW, ова се вика директно во центарот на метата!
Ни ти, ни никој друг, нема право да ја просудува родителската љубов и потреба, особено не ко некој што, види иронија, не ни има деца.
Виктор, Ада те стори ќорфишек, па сега види му ја како ќе продолжиш понатаму.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Но нештата веќе не се како во времето на нашите баби. Многу поинаков свет живееме. Во тој правец јас можам да кажам зошто воопшто носиме кондури на штикла, зошто одиме да гледаме фудбал, зошто гледаме телевизија... итн итн.
Во времето на нашите баби поинакви беа нештата, важно беше детето да е здраво и право, а и по породувањето жената не лежи три месеци на боледување, на нива е само што може да оди.
Да, претеруваме во некои нешта, но токму таквиот муабет “нашите како можеле“ се коси со муабетот дека заради љубов ќе родиме 5 деца.

За ниту едно единствено не би рекол дека е вишок. Не би рекол дека е вишок дури ниту еден возрасен дебел американец. Тој веќе постои. Но размислувањето дека дебилно дете кое ќе израсне во дебилен човек кој ќе биде штетник е подобро од никакво дете не ми се допаѓа. Велиш колку од нас не би постоеле. Па многу од нас и не постојат по тој систем, и не гледам дека некое од тие неродени ни недостасува. Многу работи сме можеле но не сме ги направиле, сигурно нема да седнеме сега да ги оплакуваме неродените.

И јас не би рекол дека е подобро патики од Шутка. Подобро е она кое ќе биде најдобро, или барем доволно добро. Човекот треба да научи за добро и зло на поинаков начин, не затоа што на родителот не му текнало дека заради неговата неукост и немоќ малиот ќе треба да навлече комплекси.
Па гледај го тоа на друг начин...јас тоа го гледам себично...што би било ако тој пресуден ден пред толку и толку години моите родители се решеле за контрацепција...бррррр:nesum:

Не се штетници сиромасите...иако е точно,теба да се има свест...штетници се богатите...тие злоупотрбуваат ресурси...возат коли кои трошат 50 литра на 100 км...:toe:

А дали ќе израсне во дебил...тоа е шпекулација...иако е можно...

Подобро и комплекси и ефтини патики и леб и маргарин отколку непостоење...
Неродените не фалат...точно...но има и друг аспект...ако не се родеа 100-150 души кои го сменија светот во последниве 400-500 години би било гадно...за сите нас...така да you never know what might happen...

А мене лчно многу би ми недостасувале Џон Клис,Тери Џонс,Мајкл Пејлин,Греам Чепмен,Ерик Ајдл и Тери Гилијам на пример...Монти Пајтоновци со еден збор...

Сево ова не значи да не игра на карта на планирање на семејството...нормално е дека секој би сакал да им обезбеди се најдобро на децата...а твојот став е дека е подобро прво да се обезбедат услови...и на децата да им се овозможат достоинствени услови...двата става се во ред...секој решава за себе...лошо е ако решава некој чиновник...власта...верата...

П.С. Во моментов има по 2.500 калории на ден за 12 милијарди луѓе...
 
Член од
15 март 2008
Мислења
546
Поени од реакции
63
Еј можеме да го искористиме примерот на Платон , малце со модификации.
Рецимо: Да воведеме еугеника , расна хигиена , црнци , кинези , индијци и индијанци (тие више ги нема , океј) све че потепаме , останатото бела раса , све што че има над 110 IQ че пие сокчиња на Бахамите и че праи планови за светот , а овие останатите че рибаат патос и че јадат храна од Чернобил,и че ги кастрираме сите.Тие шо че се бунат , па маме им ебам они ретардирани на нас , па имаме ние хидрогенски бомби , че им правиме тестинг ван ту.Ако се буни климата и неа че ја средиме.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Еј можеме да го искористиме примерот на Платон , малце со модификации.
Рецимо: Да воведеме еугеника , расна хигиена , црнци , кинези , индијци и индијанци (тие више ги нема , океј) све че потепаме , останатото бела раса , све што че има над 110 IQ че пие сокчиња на Бахамите и че праи планови за светот , а овие останатите че рибаат патос и че јадат храна од Чернобил,и че ги кастрираме сите.Тие шо че се бунат , па маме им ебам они ретардирани на нас , па имаме ние хидрогенски бомби , че им правиме тестинг ван ту.Ако се буни климата и неа че ја средиме.
На тоа општество му давам 3 дена. По 3 дена шимпанзата ќе не наследат. Кој има високо IQ ќе разбере зошто е тоа така.:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom