Па, ме интересира, која е вашата дефиниција за зло, кои дела се зли?
Не сум дипломиран филозоф или психолог па затоа не можам да ти дадам дефиниција "by the book" (или по книгата) но можам да ти го кажам она што јас го мислам а тоа е дека зло е нешто лошо, а под лошо подразбирам нешто што ќе направиш и не е корисно (во ниту еден поглед) и за себе, и за човековата околина и за тој на кого си му ја направил таа лоша работа.А според мене "зло" и "лошо" одат заедно.
-Мислите ли дека на нормален човек, вродено му е препознавањето на она што е зло?
Родителите нас не учат од мали (кај мене барем да, за кај другите не знам), кои се добри а кои се лоши работи, односно да ги правиме оние работи кои се корисни за нас, и да не ги правиме оние работи кои не се корисни за нас, но како и да е
се зависи од нас дали ние тоа ќе го разбереме или не. "Од секое дрво, свирка не бива" или "толку ти фаќа пиперот" :wink:
-Постојат ли луѓе што се пример за зло, кои што се апсолутно зли? Ако
да, што ги прави такви?
Да, постојат такви луѓе, а што ги прави такви постојат милион примери, и се зависи пак од нив.
-Се водите ли по оние начела кои ги има, на пример, во христијанските десет Божји заповеди ....
Сите гледаме да се водиме според тие божји заповеди, но како и да е пак на крај успеваме да направиме нешто, што не е според тие божји заповеди, а тоа е зошто човекот уште не е совршен и не сме стигнати до тој степен на размислување.Но како и да е откако е воведена религијата, според мене тие работи во светот сега за сега се намалени, сега не ме разбирајте погрешно не велам дека се намалени до тој степен да се случува кражба еднаш на секои 1000 години, или пак убиство еднаш на секои 1000 години, но пак ако направиме споредба со минатото и сегашноста, да веќе човекот како што оди времето напред, така станува се посвесен и посвесен за своите постапки.Иако денес нашето општество не е совршено, доволен доказ за тоа дека тие работи (како што оди времето напред) се намалуваат е и тоа што за првпат во историјата ние немаме веќе 59 години по ред војна од толкави размери, како што беше на пример Втората Светска Војна.Друг доказ е, порастот на населението, во услови на војна немаш шанси ти да бележиш пораст на населението.Во минатото (уште пред да се појави христијанството) имало дефиниции за тоа што е лошо и злобно да се прави, но јас мислам дека откако се појавила христијанската религија (кај нас) тие работи почнале да се намалуваат, зошто христијанството се залага за мир,љубов,чесност и.т.н.Е сега дури и кога се појавило христијанството пак имало војни, но требало време за да проработи сето ова,а доволен доказ дека работи е и овој 59 годишен мирен период што го имаме на Земјата. Е сега малце го претерав со историјава, сакав само да ти ја доловам сликата, што е заслужно според мене за тоа ние денеска да разликуваме што е добро, а што е зло, сега не сум верник, но мислам дека во некои работи и самата религија одиграла голема улога тука.
Извини пак уште еднаш што забегав но сакав да ти ги објаснам некои работи за да ме разбереш целосно што сакам да ти кажам.
П.С.
На темава размислував веќе 15 минути како да ти одговорам, но како и да е вредеше.