Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635

Членови на грчката националистичка организација „Панхеленски македонски фронт“, која важи за еден од главните поддржувачи на грчката политика околу спорот за името, во деведесеттите години на минатиот век учествувале во масакрот во Сребреница заедно со српската војска.
Оваа организација, заедно со членовите на „Златна зора“, се познати по својата националистичка идеологија и по тоа што предизвикуваат инциденти на речиси сите собири што ги организира партијата на Македонците во Грција, „Виножито“.
Овие организации уживаат голема поддршка кај владејачката партија Нова демократија, но и кај опозицискиот ПАСОК, кому му се даваат најголеми шанси да победи на следните избори.
Грчките доброволци во војната во Босна и Херцеговина се бореле под директна команда на Ратко Младиќ. Ваквите тврдења ги објави грчкиот весник „Елефтеротипија“, кој наведува дека главната причина што грчка паравојска учествувала во војната во БиХ е пријателството на тогашниот грчки премиер Андреас
Петрос Василијаидис, член на раководството на „Виножито“ вели дека е срам за грчката демократија што дозволила регистрација на партии што јавно декларираат нацистичка идеологија и што се толерира ширењето омраза кон Македонија.
- Овие две организации од неодамна се регистрирани како партии и нападите против нас веќе им станаа секојдневие. Дејствуваат, главно, во северна Грција, каде што живеат најголемиот дел од Македонците.
Имаат свои тајни извори на финансирање, а се поддржани од речиси сите поголеми партии - вели Василијаидис.
Последниот инцидент на членовите на „Панхлеленскиот македонски фронт“ и „Златна зора“ се случи при крајот на јули, кога организираа протестен марш низ улиците на Лерин. Нивните пароли содржеа екстремни ставови како, на пример, грчката граница да се простира до Србија, а Битола и Гевгелија и другите „грчки градови“ да & се вратат на Грција.
Членовите на „Златна зора“ предизвикаа инцидент и за време на промоцијата на грчко-македонскиот речник во Атина пред неколку месеци. Тогаш упаднаа во прес-центарот и со шлемови и со железни палки ја уништија просторијата во која се случуваше промоцијата.
Разулавената група ги искина и транспарентите на „Виножито“, како и целиот промотивен материјал. Со зборовите „ова е Грција“ и „ќе ве уништиме“, групата ги нападнала камерманите што го снимале настанот и им се заканила на припадниците на „Виножито“ веднаш да ја прекинат промоцијата.
Во овој инцидент беше нападнат и американскиот лингвист Виктор Фридман, кој беше специјален гостин на промоцијата.
И покрај барањата на членовите на „Виножито“ и на грчкиот Хелсиншки комитет, Јавниот обвинител на Грција не реагираше на ваквите повици на екстремен национализам и отворање војна против Македонија.
КАСАПИТЕ ОД СРЕБРЕНИЦА, ВО БАРДОВЦИ ПО ВАСКО
Грчки националист Ставрос Виталис учествувал во масакрот во Сребреница како еден од водечките грчки доброволци под команда на Ратко Младиќ. Тој е член на грчката националистичка партија Сегрчки македонски фронт, која е позната по кампањата за заштита на името Македонија како грчко. Виталис ги предводеше групата Грци што со автобус дојдоа пред психијатриската болница „Бардовци“, за да го посетат блогерот со прогрчки ставови Васко Глигоров (Глигоријевиќ). Тој деновиве пак стана актуелен по тужбата за клевета што ја поднел против грчкиот новинар и автор на книгата „Несветиот сојуз: Грција и Србија на Милошевиќ“ Такис Михас, затоа што во весникот „Елефтеротипос“ напишал дека грчки доброволци директно учествувале во масакрот во Сребреница.