Судбината како збир на настани кои што ќе и се случат на одредена личност и како скриена моќ за која веруваме дека ги контролира нашите идни настани,според мене,не е ништо друго туку избегнување на донесување одлуки за сопствениот живот.
Конкретно за младичот:ок бабата му кажува ќе умреш на 30 години и што прави тој:ДОНЕСУВА ОДЛУКА за да се фрли од 5-ти спрат.Не е тоа негова судбина,туку тој така одлучил.Можел да донесе сосема друга поразумна одлука,но тука веќе се говори за карактерни особина на една личност.Судбина е тоа што бабата токму него му кажала дека ќе умре,а не е судбина одлуката да си го одземе животот.
Согласна сум дека до негде имаме некој “план“ според кој ни се случуваат работите во животот.Ама тој план е генерализиран,а пополнувањето на деталите останува на нас.Мораме и ние да дејствуваме и да веруваме дека можеме да ја промениме судбината.
Понекогаш си ја променуваме судбината само со една одлука на пример ете таа вечер да не излеземе затоа што чувствуваме дека нешто не е во ред и остануваме дома,а потоа слушаме на вести дека на тоа место незнам...избувнал пожар.Секогаш треба да ги имаме во предвид нашите чувства и да ги препознаваме.
Постои судбина,но постои и избор.