Ајде малку весела математика ...
.. и тоа од другата страна, управителската.
Минимум петмина вработени, со минимум просечна плата од 20 000 денари + придонеси нешто преку 10 000 = 160 000 динари трошок за вработени. Останати трошоци:
физичко сместување на фирмата
- рента 30 000
- струја, вода, парно, комуналии 30 000
- телефон, интернет 10 000
- потрошни материјали 6 000
- регистрација и лиценца (не кажуваат колку, но да речеме 1 000)
со што минималните трошоци за постоење на една управителска фирма, пред воопшто да направи трошок за било која извршена услуга (чистачка на пример), се заокружуваат на 237 000 динари, отприлика 4 000 евра. За да обезбеди толкави средства, фирмата треба да наплати од корисниците најмалку 5000 евра од кои, откога ќе го одбие данокот ДДВ, ќе остане потребниот минимум за преживување.
Заклучок што следи? Управителската фирма мора да има на список 300 000 м2 станбен простор, доколку наплатува за услугите според владините прописи. Тоа би дошло 5 000 станови со просечна квадратура од 60 м2.
Кој супер-управник ќе контролира 50 чистачки, 200 електричари, 300 водоинсталатери, 500 уредувачи на тревници, хаусмајстори и останато со персонал од четворица од кои едниот е правник а другиот економист?
Нешто е скриено во математиката, исто како што беше скриена промената на името МАКЕДОНИЈА во портокаловата програма за преродба. Да почекаме да видиме што ќе испадне. Во моментов едно е јасно: не постои економска оправданост за постоење на бизнис кој по рекламираната цена би се занимавал со одржување на градежни објекти.