Психолозите се спротиставија на терапијата за хомосексуалците

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Не може од една изјава или констатација на некои таму да менуваме став во корен. Денеска го велат ова, утре она, задутре пак првото...
Се слагам со мислењето на Lurtz. И мојата дилема кога го прочитав ова беше колку е веродостоен исказот на ова здружение и колку високо/ниско котира истото во неговата бранша, односно колку му се издржани тврдењата. Што ако утре се појави некое X здружение од Европа и го тврди спротивното, чие е тогаш она вистинското?
Збориме за истражувања од АПА..
Значи не е некое рандом здружение, туку е највлијателното и најголемото здружение на психолози во светот.
Не прават некои рандом истражувања на двајца субјекти, туку прават прецизни истражувања со статистичка важност.
Исто е како ЦЕРН да даде некој научен податок, а ние да се сомеваме дека утре-задутре некоја рандом африканска лабараторија ќе си каже некоја теорија...
Секако, околу ова имало и ќе има дебати уште долги години, секогаш ќе има некои што со сила ќе се обидуваат да ги вратат хомосексуалците во хетеросексуалци.

Но еве, ако веќе таа теорија дека терапијата кај хомосексуалците Е успешна, тогаш со слична терапија од хетеросексуалец ќе те направат хомо.
Не е тешко, менување ориентација е во двата случаеви.


А има некој уствари што некогаш се „излечил“ од хомосексуалност?
More than half of 61 subjects either converted to heterosexuality or "disidentified" with homosexuality while embracing chastity, their study said.
Е сеа, колку овие луѓе навистина се „излечиле“ или само сакале да бидат оставени на мира, тоа е друго.
Психолозите во немоќност на решавање на проблемот, ја негираат хомосексуалноста како проблем.
А и читам овде нормализирање на педофилија :lud:.
Психо-душа, логос-наука. Самото име е лажно, види сега каква контрадикторност наука за душата која што ја негира душата. Затоа што психологијата влечи корен од Дарвиновата теорија на еволуција која што тврди дека сме бездушни животни со потекло од мајмун.

Според мене хомосексуалноста не е болест на телото или некој мутиран ген, туку духовна деформација.
Wait....What?!
Психологијата ја негира душата?
ЊТФ?
Психолозите ја негираат хомосексуалноста како болест затоа што нема доказ дека е болест.
И како може да е деформација?
Убаво кажа Мац)), да беше цело општество хомосексуално, хетеросексуалните ќе беа третирани како болни.
:uvo:
А и прочитај го целиот текст, еве ти исечок
The APA task force took as a starting point the belief that homosexuality is a normal variant of human sexuality, not a disorder, and that it nonetheless remains stigmatized in ways that can have negative consequences.
хомосексуалците треба да останат далеку од мене во радиус од 1000 метри од безбедносни причини :salut:
Имаш предиспозиции кон нив и се плашиш дека нема да можеш да се контролираш и страсно да им се нафрлиш?!
Kidding:smir:

Никој не е компетентен да каже дали се болни или не.
Па тоа и ова здружение се обидува да докаже, дали треба да ги сметаме за болни и да се обидуваме да ги лечиме, или да ги оставиме да живеат нормално и да ги прифатиме онакви какви што се без да ги покажуваме со прст.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
А има некој уствари што некогаш се „излечил“ од хомосексуалност?
И не само тоа, има ли терапија, апчиња, вакцини, доктори специјализирани за ,,лечење" од хомосексуалност?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ако е нормална педерастијата чудно е зошто мораат со сила и закони да ги убедат луѓето дека е тоа така?
Па мора да дадат цврст доказ дека хомосексуалноста е природна појава, во спротивно ќе сакаат да ги стават хомосексуалциоте на клада со страв дека ќе ни ја пренесат болеста.
:uvo:
Имаше на Опра пред некоја недела една девојка лезбејка, била силувана од мислам 6 машки, затоа што се декларирала како лезбејка, па они да и покажеле што е к**, а и демек со тоа да ја врателе у реалност.
Девојката е од Куба и кажуваше дека таму хомосексуалците ги третираат лошо, мнпжогу лошо, и дека не разликуваат хомо од педофилија, па децата ги бранеле од хомосексуалците.
Има многу не е едуциран народ на оваа тема затоа што е табу темата, па се додека е така ќе мора да се копаат докази и да се прават истражувања.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.805
Поени од реакции
12.295
Исто е како ЦЕРН да даде некој научен податок, а ние да се сомеваме дека утре-задутре некоја рандом африканска лабараторија ќе си каже некоја теорија...
Едноставно нема научен податок, ова е нивен став, реков, кој не значи дека треба сите да го применуваме. А пошто нема научни податоци, само слободно убедување, секој со своето убедување. А моето мислење е само мое и не можам да го делам со никого, ради погоре кажаното :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Wait....What?!
Психологијата ја негира душата?
ЊТФ?
Психолозите ја негираат хомосексуалноста како болест затоа што нема доказ дека е болест.
И како може да е деформација?
Убаво кажа Мац)), да беше цело општество хомосексуално, хетеросексуалните ќе беа третирани како болни.
:uvo:
Да беше цело опшество хомосексуално ќе немаше ниту опшество ниту пак човештво. Нема репродукција чиста логика :toe:.
Друго не е болест на тело, па затоа не спаѓа во домен на медицина.
Деформација е затоа што не е природно, па имаме луѓе како Бомбола кој што пишуваше дека хетеросексуалните врски се застарени и дека човештвото ќе продолжи понатаму со клонирање :lud:.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Да беше цело опшество хомосексуално ќе немаше ниту опшество ниту пак човештво. Нема репродукција чиста логика :toe:.
Друго не е болест на тело, па затоа не спаѓа во домен на медицина.
Деформација е затоа што не е природно, па имаме луѓе како Бомбола кој што пишуваше дека хетеросексуалните врски се застарени и дека човештвото ќе продолжи понатаму со клонирање :lud:.
А бидејќи не беше, ни` се даде право на избор. Дали ќе бидеме хетеросексуални или хомосексуални.
Магде зборуваше дека ако поголемиот дел од општеството беше хомо, тогаш хетеро луѓето ќе беа ненормални, оболени, генетски не знам си што(вметни израз кој сега го насочуваш кон хомосексуалците).
Во принцип, не ми е јасно зошто ти пречи некој да се дупи по дома, со човек од неговиот пол. Не те онадува тебе, он си се онадува.
Последнава реченица, благе везе ти нема, ај шо не е поврзана, туку и одделно да ја разглабаме не ја бидуе. За крај, хомосексуалците не можат да се ,,излечат" затоа што не се болни, затоа што во неможност да ги разберете(ви се обраќам на вас кои навистина не можете, затоа што јас ги разбирам) ги поистоветувате со педофили(притоа сте свесни дека благе везе немаат едни со други). Кој што сака нека си прави, нека се клеца со кој сака, се додека не повредува туѓо право.
Немој да ми излагаш со смешната теорија само, дека ради хомоскексуалците не се развива човековиот род, пошто знаеш што ќе ти одговорам. Дека дури и да ги малтретирате-тоа нема да ги направи хетеро ниту пак желни за репродукција. ЗГРОЗЕНА СУМ од дивјаците кои ја силувале девојката која се декларира како лезбејка. Тоа ми е неприродно, тоа ми е нарушување на туѓо право и загрозување на живот. Затвор за таквите дифтари.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А бидејќи не беше, ни` се даде право на избор. Дали ќе бидеме хетеросексуални или хомосексуални.
Магде зборуваше дека ако поголемиот дел од општеството беше хомо, тогаш хетеро луѓето ќе беа ненормални, оболени, генетски не знам си што(вметни израз кој сега го насочуваш кон хомосексуалците).
Човек се раѓа како машко или како женско и изборот е веќе направен, што како сега да не навлегувам во непознати полиња :).
Се друго е бегање од реалност и бегање од себе, а знаеш како велат од се можиш да избегаш само од себеси не.
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
а бе хомосексуалсност постојало векови и векови наназад и сеа им текна да се бунат оти било болес...

значи тај шо е далтонист, е обратен и е болен? бф
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Хомосексуалноста е психолошка болест која тешко се лекува.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Човек се раѓа како машко или како женско и изборот е веќе направен, што како сега да не навлегувам во непознати полиња :).
Се друго е бегање од реалност и бегање од себе, а знаеш како велат од се можиш да избегаш само од себеси не.
Бре бре бре... Зарем ми е мене предестинирано кога ќе се родам, каков сексуален живот ќе имам и со кого? :nesvest: Кој е тој толку релевантен фактор, кој уште на нероден Петко, капа му крои? Религијата? Можда хомосексуалците не се религиозни. И сега? Ај убијте ги, ако не.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Хомосексуалноста е психолошка болест која тешко се лекува.
Да, и учебникот од кој те учеле во школо(пошто пред да го измениш постот пиша дека во школо така ти кажале) е препечатен откако излегуваше 2 недели во весник тоа. Кадарот кој образува ученици, малку треба да се дистанцира од своите предубедувања и да подише свеж ваздух.
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Мутирани хормони? Не мислиш така?
Па можда, исто така и наследниот фактор игра улога, но мислам дека највеќе влијае психичкиот фактор и средината во која што личноста е опкружена.
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Па можда, исто така и наследниот фактор игра улога, но мислам дека највеќе влијае психичкиот фактор и средината во која што личноста е опкружена.
па сигурно другарка ми лезбејка не е опкружена со лезбејки и педери за да биде хомо... напротив и се пуштат и дечки али... она е да... психички пореметена и болна па се пале на женски... тачно
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Па можда, исто така и наследниот фактор игра улога, но мислам дека највеќе влијае психичкиот фактор и средината во која што личноста е опкружена.
Веројатно мислиш на матката и папочната врвца? Хомосексуалец се раѓаш, хомосексуалец-не стануваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom