- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.785
- Поени од реакции
- 4.028
Здружението на психолози во Америка објавија дека професионалците за ментално здравје не треба да им кажуваат на своите клиенти хомосексуалци дека може да станат стрејт преку терапија или други видови на лекување. Наместо тоа, АПА ги бодри терапевтите да разгледаат повеќе опции - може да почнат од тоа да предложат целибат или менување на црквата за да им помогнат на оние кои имаат конфликти околу сексуалната ориентација и верските убедувања.
Одлуката е прифатена од управниот совет на АПА и деталниот извештај базиран на двегодишното истражување 150 000- членото здружение строго се спротистави на опозиционерите и такнаречената “reperative therapy“ која наводно ја менувала сексуалната ориентација.
Нема цврст доказ дека таква промена е возможна, вели извештајот, и некои истражувања сугерираат дека обидите за тави промени може да бидат опасни, вклучувајќи ја тука депресијата и самоубиствените тенденции.
Повеќе тука.
Што мислите вие околу оваа најнова изјава на АПА?
Дали и покрај ова останувате на ставот дека хомосексуалноста е болест и дека треба да се лекува, или дека сепак е вродено нешто?