- Член од
- 24 ноември 2008
- Мислења
- 1.035
- Поени од реакции
- 44
Миленко го собори Дарвин
Денес е многу полесно човек да стане мајмун отколку обратно
Миленко Неделковски, заедно со едно попче на Канал 5, ја собори теоријата за еволуцијата на човекот и живиот свет на Дарвин. Беше тоа незаборавно доживување и голем светски прилог на македонската научна мисла. Силен надомест што Охридско Eзеро не влезе во светските чуда. Охрид не влезе, ама Миленко влезе. Вакво шарлатанство далеку под нивото и на секогаш интересниот и возбудлив Деникен не би било вредно за внимание ако Македонија навистина не загазува се' подлабоко во провинционализам и примитивизам кој се граничи со безумие и, што е најзагрижувачки, е под закрила на власта и на црквата.
Приказната е трагикомична. Во спокоен и идиличен манастирски амбиент, Миленко, една од новите македонски ТВ-ѕвезди за планетарни будалштини, онака кул, олабавено, како типичен какаван кој веќе соборил успешно неколку светски научни заблуди, како онаа дека секое тело потопено во вода истиснува онолку вода колку што тежи телото, Миленко наш потопен во вода не истиснува ништо, иако многу тежи, и едно духовно лице си прикажуваа три-четири часа дека Дарвиновата теорија за еволуцијата е комунистичка измислица и голема светска измама. Најсилен доказ на нашите главни јунаци беше, ако Дарвин тврди дека од мајмун станал човек, зошто тоа сега не го направат научниците. На пример, да земат едно шимпанзо и да го еволуираат во денешен човек. Па сите тоа да го видиме и да се увериме. Што да ви кажам, парада на бисери на глупоста кои стасаа до правот, амебите, парамециумите... Една од најинтелигентните тези на наш Миленко беше дека и на Марс има вода, ама нема живот. Зошто само на планетата Земја има живот, се прашува мудриот Миленко и поентира со одговорот: затоа што Господ го создал животот само на Земјата, а теориите за еволуции се заговор на безбожниците. Попчето беше повоздржано, но одлично ги искористи неукоста и бездарноста на Миленко кога овој се исчудуваше како тоа сега никој не може од мајмун да направи човек. Се разбира, еволуцијата која трае со милиони години, научните истражувања и стотиците универзитетски центри кои работат со високи научни дострели за овие двајца дибеци не значат ништо. Всушност, тие се типичен доказ дека еволуцијата во обратна насока е многу побрза. На пример, од неандерталец до хомо сапиенс биле потребни милиони години. А од човек да стане мајмун, доволно е времето од една телевизиска емисија.Во овие три години се изнагледавме еволутивни процеси во Македонија во спротивна насока, односно како нормални луѓе влегуваат во некаков времеплов и за ден-два гледаме во живо будалетинки кои по природен еволутивен пат е невозможно да се создадат. Па како поинаку да се протолкува дека преку националната телевизија МРТВ се емитуваа филмови, божем документарни, кои докажуваат дека првите луѓе биле македоноиди од кои настанал првиот бел човек. Потоа се појави современ наш човек Македонец, научник, кој тврди дека првиот јазик во светот, протојазик, татко на сите јазици, е македонскиот и дека индоевропската група јазици, како и сите други е измислица и голема научна заблуда. И словенските јазици, се разбира, како и сите други настанале од македонскиот протојазик. Затоа, ете, биле слични македонскиот и словенските јазици. Потоа откривме нови македонски цивилизации и писмо од пред шеесет илјади години, откривме свирче старо пет илјади години, па откривме дека Дедал и Икар биле Македонци, па откривме дека Филип и Александар се наши предци, па откривме дека Адам и Ева се Македонци и се така со ред до Дарвиновата теорија која, ете, наш Миленко ја растури на парчиња.
По некаква случајност, додека Миленко и попчето прикажуваа зошто денес може да се направи од мајмун човек, на првиот канал на Хрватската телевизија одеше научна емисија за еволуцијата на човештвото и живиот свет. Се изредија десетици доктори на науки кои на популарен јазик и со толкување на досегашните пронајдоци во разни периоди, особено за развојот на човечкиот мозок, го објаснуваа епохалното значење на Дарвиновата теорија на еволуцијата. Да се соборува Дарвиновата теорија е шарлатанство рамно на тоа да се соборуваат Ајнштајн и неговата теорија за релативитетот или, пак, да се оспори Питагоровата теорема, ако сакате посликовито, соборувањето на Дарвиновата теорија во телевизиска емисија со Миленко е исто како да тврдите дека Земјата не е тркалезна и не се врти околу Сонцето. Навистина, Црквата едно време ги гореше на клада луѓето кои го тврдат тоа, ама со време ја увиде големата заблуда, па му се извини на човештвото. И нашата ортодоксна црква која е најмалку реформирана ги почитува науката и научните достигнувања. Но, ете, во Македонија црковните великодостоинственици ја прифатија примамливата мамка да ги негираат Дарвин и теоријата на еволуцијата. Дури и крајната десница во развиениот свет и католичката црква бегаат од оваа замка, но нашата преселба во славното минато каде што имаме досега невидена мешавина на паганство и христијанство не' направи заробеници на тотален анахронизам напуштен уште во доцниот среден век. Дури ни на екстремните Срби кои се прогласија за небесен народ не им текна византискиот император Константин роден во Наисус (Ниш) да го прогласат за Србин. Арапите не се ни обидуваат да се прогласат за наследници на старите Египќани, иако се гордеат со пирамидите и профитираат од нив. Ни Италијанците не се воодушевуваат од своите националисти за да бидат внучиња на Цезар и Помпеј.
Ова се навистина одлични теми за овие летни горештини кога земјата влегува во длабока рецесија која мораше конечно да ја признаат и Груевски и Ставрески. Се разбира, со мала исправка дека рецесијата е поголема кај другите. Таму повеќе паѓало оти има што да падне, а кај нас помалку паѓало оти нема што да падне. Брилијантен е примерот на власта во споредбата на Македонија со Исланд. Во оваа земја националниот доход по глава на жител паднал од 40 илјади на 25 илјади долари. Замислете. А кај нас никој не знае колку е сега националниот доход по глава на човек. Кога од 5 илјади ќе падне на 3 илјади, било помалку од Исланд, кој банкротирал. Види богати каква генијална поента. Кога од малку ќе падне на ништо, според Ставрески, тоа е подносливо. Овие научни теории се извонредни кога треба да се гради стратегија како да го смениме уставното име на државата, да ги обновиме преговорите со ММФ и да ги исполниме барањата на Брисел. Зошто сега би дебатирале околу тоа кога многу е поинтересно како се прави од човек мајмун отколку обратно. Зошто да дебатираме за рецесија, за името и за ММФ кога е подобро да го срушиме Дарвин, да го викнеме Александар Македонски на помош, кој веќе има роднини во Скопје. Сето тоа ќе се докаже само за неколку месеци кога со целиот свој сјај ќе излезат на виделина спомениците на Градскиот плоштад, кога ќе почнат да рикаат лавовите пред мостот Гоце Делчев, новите згради на стариот театар, музеите на восочни фигури, на жртвите од комунизмот, новата арена „Филип Втори“. Сето тоа ќе биде најграндиозниот споменик на македонскиот примитивизам во првата декада од 21 век. Единствена утеха е дека, сепак, науката ќе победи, како и секогаш, но оваа генерација на македонски властодршци тоа најскапо ќе го плати од сите досега познати забегувања во антиката во светот.
Уште неколку децении сиромаштија е цената на македонската антиквизација што ќе мора да ја платиме сите. Толку чинат два-три мандати на оваа власт.Ерол Ризаов

:pos2::pos2::pos2::helou:
.