Италија сериозно ризикува да загуби место во Лигата на Шампионите за сезоната 2011/2012. Предноста во однос на Германија е минимална, нешто помалку од два бода а многу значајни се бонус бодовите што се добиваат за пласман во четврт и полу финале од Лигата на Шампионите и Лига Европа.
Како што стојат работите Италија има уште три претстаника, Интер, Милан и Јувентус, додека пак Германците имаат пет претставника, Баерн, Штутгарт, Вердер, Волфзбург и Хамбургер.
Ако ниту еден клуб од Италија не продолжи понатаму, големи се шансите Серија А да дава само три претстаника во ЛШ.