Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.694
- Поени од реакции
- 49.147
Не се прават вакви директни споредби за ниту еден играч, али ок вие така си мислите сега по заминувањето на Ибра, интересно пред едно 4 месеца имавте само еден бог, а тоа беше ИБРАХИМОВИЧ!
Барем ти беше попаметниот од Интерашите, ваков пост од тебе не би очекувал. Тогаш што со Реџина и Перуџа кои што ни ја загубија титулата, да им дадеме ли некое пехарче за "успехот".
1. A какви споредби се прават, не одговори на прашањето, во кој контекст Ето е послаб од Ибра . . . факти . Јас ги ставам на едно исто ниво, различен тип на играчи но најдобри на своите позиции, заедно со Руни .
2 . Па и јас искрено од вас не би очекувал да кажете дека Џенова е просечна екипа . Како можете за тим кој до лани играл во втора лига и за само две сезони да стигне до ниво за кое другите велат дека игра најубав фудбал во Италија и екипа која се бореше за ЛШ да кажете дека е просечна . Смешно е .
Може Перуџа, Реџина задавале проблеми на дел од големите екипи, но истите тие сезони биле во долниот дел од табелата, оваа сезона Џенова каде беше ? Дефинитивно не на место за кое може да се каже дека е просечна екипа . Како што разбрав го донеле Паласио од Бока Јуниорс, ги имаат Флокари, Кришито, Јанкович ( за година две прави јак трансфер, веќе е стандарден првотимец во Србија ), Скули, Ван Ден Боре, Паладино . . . .оваа наброена група на играчи и да сакаш не може да сочинува едно просечно тимче .