Хахаха абе друже друже, во мал пост еден куп киксови

Како прво јас сум изгорен навивач на Арсенал, али добро гледам на крај си приметил
Како второ ова болдираново 90 посто нема да се случи
Како трето, за да бидат Ливерпул во топ 4 немора да привлечат некои ѕвезди, туку паметни засилувања, исто како Арсенал што се наоѓа во топ 4. А и еве да речеме дека нема да купат некој асален, а и да не си замине никој. Со овој состав и со повеќе среќа со повреди, сигурно ќе завршат пред Тотенхем ако не купи некој екстра класа играч што најверојатно така и ќе биде.
На Сити за да заврши четврто му фалеше добар тренер. За играчки кадат и те како има поквалитетен од Тотенхем. Речиси сите играчи на Тотнам се докажани во ПЛ(докажани за од 4-то место па надоле) со други екипи, така да и немаат баш паметни засилувања. Астон Вила да не збориме.Покажаа и оваа и минатата сезона колку лимитиран состав имаат со тој дегенот Мартин О'Нил. Евертон имаа малку финансии и претходните години кога завршуваа погоре од оваа сезона, така да...али паметен е Дејвид Мојс кога купува играчи, за разлика од Реднап и компанија. Кај овие сите екипи не очекувам некој бум на трансфери, освен кај Сити, така да во една нормална сезона без многу повреди и со голем мотив, Ливерпул би стигнале лесно до 4-то место. Се разбира, тоа важи и Сити ако не го сменат тренерот, и да земат некој асален.