Како може после 6 кола да се збори за титула. Само се лупета челзи ова, манчестер она , колку титули имате вие а колку ние а уствари сите појма немате. наместо да се збори за моментална форма , анализи на акции коментари на натпревари и слично се натегате и само постирање мислења кои се чист дебилизам и ништо повеќе.
Кој ќе биде шампион- никој појма нема , досегашниот тек на првенството покажува дека ќе биде многу тесно а шампионот на Англија ќе освои многу помалце поени од претходните години. Првите 6 утакмици се само почеток, сега почнува лига на шампиони, почнуваат англиските купови, повреди па караници и се остало. Многу објективни и субјективни фактори зависат од нив.
Ајде да дадам едно мое мислење.
Манчестер- позитивности - победнички менталитет , јака клупа и Руни.осеќам ова ќе е негова сезона.
------------негативности- бербатов е жива тапа, а и фердинанд и Видич ја немаат цврстината од лани . Беа повредени и ќе видиме како ќе функционираат
Челзи - позитивности - според мене моментално најуигран ПРВ ТИМ
- негативности - слаба клупа, што праиме ако Дрогба иили Анелка се повредат и што праиме во месец јануари кога има многу утакмици а пола тим У африка на првенство????
Ливерпул- позитивности - играчите се жедни за титула . И покрај тоа што имаа слаб старт ттука има премногу талент и само будала може да исклучи еден таков тим од борба за титула по само 6 утакмици.
- негативности - Средина, се осеќа отсуството на Алонсо, можеби Аквилани ќе може да пополни ако биде здрав. Друга слабост- хазардерскиот бенитез кој мене како навивач на Ливерпул страшо почнува да ме нервира. Трето и многу битно - несоработка со газдите и слабата финансиска состојба.
Арсенал - не можам а издвојам позитивно од негативно. Многу убав тим, јак менаџер , солидна клупа ама како да им фали искуство. најнепредвидливи оваа година.
Тотенхем и манчестер Сити немаат капацитет за титула , можеби ќе влезат во големата четворка ама тоа им е максимумот.
ДВА КЛУЧНИ ФАКТОРИ - СРЕЌА И ПОВРЕДИ- кој ќе има повеќе среќа и помалце повреди тој и најверојатно ќе биде шампион според мене.