Очекувам многу интересно коло овој викенд. Мислам дека титулата на Барса и не им е толку сигурна. И двете екипи имаат екипи на кои им треба барем еден бод за да обезбедат сигурен опстанок. И двете екипи ќе играат доста затворено, иако сепак сметам дека ниту едната ниту другата нема да издржи во налетите на подобриот противник, па шансата за титула е 90-10 за барса. Многу ме интересира кој ќе биде последниот патник во ЛШ. Депортиво прошлиот викенд успеаа да ја совлада Мајорка, и да ја добие наградата од Севиља (500 000 евра), и со тоа успеа да ги замрси сметките на протвникот од
Канарските осторви (ваљда така беа ). Големо изненадување во оваа сезона за мене е Гетафе. Откако им се повреди Солдадо очекував они да пропаднат на табелата, но се случи спротивното и успеаа да се искачат на место кое води во лига европа. Ме разочара тимот на Билбао. Имаат многу јак состав, и очекував они да се најдат на тоа 6 место, но ете Гетафе изненади
И многу ми е криво што депортиво остана без фелипе цела полусезона, иначе скоро сигурен сум дека ќе се најдеше во место кое води во Европа. Ете што значат повреди на клучни играчи во тимови кои немаат никакви резерви...