- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Економијата ќе тоне во негатива со посилно темпо, бруто домашниот производ ќе паѓа. Народната банка објави нов извештај, со ревидирани проекции.
Овој пад од 1,8% НБМ го проектира како оптимистичко сценарио. Во извештајот стои:
„Во овој момент долната граница на бдп за 2009 та се оценува на околу -2,5%. Во третиот квартал се очекува најсилен пад од 2,9% и се оценува дека потоа стеснувањето на економијата ќе биде поумерено“.
Народната банка сепак оценува дека за разлика од претходните песимистички очекувања, сега има простор за оптимизам поради прогнозата за закрепнување на глобалната економија и раздвижување на пазарот на метали.
По неколкуте турбулентни месеци, сега нивото на девизните резерви изнесува 1 милијарда 372 милиони евра, во ова салдо се вклучени и пари од еврообврзницата. НБМ ги сумираше и показателите за банкарскиот сектор - активата на банките е намалена за 1,5% поради надолниот тренд во депозитната база кај банките.
Граѓаните се повеќе денарските штедни влогови ги трансформираат во девизи. Кредитирањето во првиот квартал е со стапка на раст од само 2,3%. Добивката на банките во првиот квартал е помала за близу 865 во однос на истиот период лани.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112078
Целиот извештај на НБРМ, на следниов линк:
http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=FD0E175A02F9F34CBCF4785E34D393B2