Македонија пред рецесија

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Економијата ќе тоне во негатива со посилно темпо, бруто домашниот производ ќе паѓа. Народната банка објави нов извештај, со ревидирани проекции.

Овој пад од 1,8% НБМ го проектира како оптимистичко сценарио. Во извештајот стои:

„Во овој момент долната граница на бдп за 2009 та се оценува на околу -2,5%. Во третиот квартал се очекува најсилен пад од 2,9% и се оценува дека потоа стеснувањето на економијата ќе биде поумерено“.

Народната банка сепак оценува дека за разлика од претходните песимистички очекувања, сега има простор за оптимизам поради прогнозата за закрепнување на глобалната економија и раздвижување на пазарот на метали.

По неколкуте турбулентни месеци, сега нивото на девизните резерви изнесува 1 милијарда 372 милиони евра, во ова салдо се вклучени и пари од еврообврзницата. НБМ ги сумираше и показателите за банкарскиот сектор - активата на банките е намалена за 1,5% поради надолниот тренд во депозитната база кај банките.

Граѓаните се повеќе денарските штедни влогови ги трансформираат во девизи. Кредитирањето во првиот квартал е со стапка на раст од само 2,3%. Добивката на банките во првиот квартал е помала за близу 865 во однос на истиот период лани.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112078

Целиот извештај на НБРМ, на следниов линк:

http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=FD0E175A02F9F34CBCF4785E34D393B2
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
рецесијата ја изненади владата, која тврдеше дека македонската економија е далеку од пропаст, и дека остварува позитивна стапка на раст на економијата...
Трајко Славевски екс министер за финансии..
Во 2009 год економскиот пораст ке биде 5 отсто... Зоран Ставревски вицепремиер .............
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не е страшно што сме сега во рецесија,страшно е што ќе трае....
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Паааа, што да ви кажувам ..јубилејно дессетти пат...: светот во кој живееш, како единка..не можеш да го ИЗМЕНИШ, може само да го СМЕНИШ...за некој друг...подобар за твојот вкус...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Мене не ме плаши што Ставревски зборува за рецесија и лоши бројки...
Ме плаши што многу се препотува кога ги соопштува бројките...
Што да помислам? Дека се веродостојни?
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Паааа, што да ви кажувам ..јубилејно дессетти пат...: светот во кој живееш, како единка..не можеш да го ИЗМЕНИШ, може само да го СМЕНИШ...за некој друг...подобар за твојот вкус...
епаааа што да ти кажам, да ти кажам една народна.. .Ако не можеш да ја смениш музиката, играј како ке ти свират........:salut:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Ако музиката и репертоарот се извадат од двете страни од вчерашен Дневник за постигнатото на владата за економијата, проектите, платите...6 напред 3 назад. При секој друг избор на музика би било 3 напред 6 наназад :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Aбе не сум знаел дека владава се интересира толку многу само за 0.001% од своето население,кое пројавува интерес и на кое му се достапни владините “концерти и музички приредби“.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Досега имаше рецесија ама сега луѓето почнаа да ги земаат пензиите и нема рецесија до 15 овај месец, после 15 има рецесија до другото вртење т.е. до наредната пензија :).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Aбе не сум знаел дека владава се интересира толку многу само за 0.001% од своето население,кое пројавува интерес и на кое му се достапни владините “концерти и музички приредби“.
А? Епа читај реклами, приклучи се кон преродбата. Биди музикален :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А? Епа читај реклами, приклучи се кон преродбата. Биди музикален :)

Сакаш да речеш да се однесувам како “штурецот“:

“СВИРИ,СВИРИ ЌЕМАНЕ-ДОМА ЛЕБ СИ НЕМАМЕ“

:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Сакаш да речеш да се однесувам како “штурецот“:

“СВИРИ,СВИРИ ЌЕМАНЕ-ДОМА ЛЕБ СИ НЕМАМЕ“

:smir:
Да, до есен. Се нешто со есен се поклопува...па ќе видиме наесен како ќе свиркаме. Нови цени, нови закони, нови бисери...во нови победи :)
Мислам дека допрва од септември ќе го осетиме сето ова кое на овој или оној начин се провлекува низ повеќето теми од економијата. Есен е зае*ано годишно доба за македонецот.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да, до есен. Се нешто со есен се поклопува...па ќе видиме наесен како ќе свиркаме. Нови цени, нови закони, нови бисери...во нови победи :)
Мислам дека допрва од септември ќе го осетиме сето ова кое на овој или оној начин се провлекува низ повеќето теми од економијата. Есен е зае*ано годишно доба за македонецот.
Ама затоа во лето си имаме Пивофест за рушење рекорди.:helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom