MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Чорбаџи, ти (и сличните на тебе на форумов), ЛУКАВО се криете зад Писмото, папагалски и непрекидно „терајќи„ го принципот „...ако го нема во Писмото, го нема никаде...„ , а од друга страна, ти (и сличните на тебе на форумов) не наведовте ни ГРАМ од своето духовно искуство (оти го НЕМАТЕ!), туку цело време „набадате„ вакви или такви „докази„ (моја омилена категорија се на пр. статистичките „докази„), обидувајќи се со нив да ги докажете вистините од Писмото. Писмото НЕМА потреба од докази, како што и верата нема потреба од докажување, оти е ВНАТРЕШНА, духовна категорија, која се докажува преку ЛИЧНИТЕ духовни искуства, а не со некакви МАТЕРИЈАЛНИ и ФИЗИЧКИ докази. За православната Црква, научниите сознанија НЕ СЕ доказ ниту поткрепа, туку само ПОТВРДА за точноста од вистините од Писмото.МИКИ, неспомнувањето на твоето име во Библијата и неспомнувањето на моштите се две различни работи и не можат да се стават во ист кош и да се нарекуваат "иста логика". Тоа што твоето име го нема во Библијата, тоа значи дека ти не си библиски лик или пак дека твоети име не било култно име во библиско време. А тоа што нема ни "м" од моштите спомнато во Библијата е доказ дека поклонувањето пред мошти, нивно целивање, мирисање и ред други паганизми што православните практикуваат со нив, воопшто не било пракса на привите христијани (апостолите и другите ученици на Исус).
Кога Јован Крстител умрел, учениците го погребале. Кога маченикот Стефан умрел, учениците исто така го погребале. Во Библијата не се спомнува никаков идолопоклонски однос што христијаните го правеле над нивните посмртни останки. Ни пред нивното погребување, ниту потоа има индикации дека ги откопувале нивните тела и ги фетиширале.
Епа ако тоа не го поучувал ниту го практикувал Исус, ако тоа не го поучувале ниту практикувале апостолите и првите христијани, тогаш зошто ние денес, кои се нарекуваме Христови следбеници, да ги правиме овие пагански работи врз посмртните останки (ткн. мошти)?
Можам да го кажам следново:
1. Писмото, поточно, Новиот Завет, е даден за луѓето, за да истите тие луѓе, кои ќе поверуваат во Христа, според Новиот Завет и да живеат.
2. Новиот Завет не е збирка од нормативи и точно уредени правила (како Стариот) според кој луѓето треба да живеат.
3. Согласно втората точка, и во времето од Новиот Завет, сеуште биле нејасни одредени категории, како на пр. непознавањето на Духот Свет, како кај раните рисјани во Ефес, а кои веќе биле покрстени со Јовановото крштевање, а не со Исусовото!
4. Согласно втората и третата точка, јасно е дека Новиот Завет е првично ЗАДАДЕН, а искуствата од живеењето според Новиот Завет, кои следат после востановувањето на раната Црква, НЕ СЕ однапред ПРЕТСКАЖАНИ во Новиот Завет, туку СЛЕДАТ после Новиот Завет. Тие искуства се дел од Светото предание од православната Црква!
5. Согласно четвртата точка, Светите мошти се ПОСЛЕДИЦА од живеењето според Новиот Завет, иако НЕ СЕ никаде наведени во Заветот, како што ни моето име не е навдедено во Новиот Завет, а јас сепак постојам иако не сум претскажан/проречен во Новиот Завет.
6. Ти (и сличните на тебе на форумов) упорно и СВЕСНО прескокнувате еден историски ФАКТ: дека во првите три века, раните рисјани, спасувајќи гол живот, не беа во можност да ја оформат својата Црква и вера, (сликајќи фрески и икони), оти бегаа од идолопоклоничките римски цареви и кралеви. Да споменам само еден ФАКТ: раните рисјани ги погребуваа своите упокоени во ѕидовите од катакомбите, така да е многу веројатно дека некои од нив оставиле и мироточиви мошти, како знак/доказ а нивната Светост.
7. Твојата заедница, или сличните на твојата, кога навистина би воделе богоугоден живот, би дале и ДОКАЗИ за таа своја праведност, во облик од врвни праведници, кои во православната Црква ги нарекуваме „“Свети„ или „Светии„“. Тоа што твојата самонаречена црква и сличните на неа, се НЕСПОСОБНИ да дадат Светии, и нивните мошти како еден до доказите за нивната Светост, тој факт го покривате со упорно и папагалско “...до зла бога...„ преповторување за наводната идолопоклоничка склоност на православните рисјани. Непрекината негација на одредена фактичка категорија НЕ МОЖЕ да го поништи ФАКТОТ, или!?. Дотолку ПОЛОШО по фактите!!! Освен упорно усно негирање на православието, не видов(ме) ниту ЕДЕН единствен доказ за идолоклонството од православните верници и Црква!!!
8. Светите мошти итоа како имаат своја моќ! Кој им се поклнил, знае на што мислам, но, разбира се, за тебе и за твојата зедница, тоа е НЕПОЗНАТО ДУХОВНО искуство! Очигледно дека статистиката е појак „доказ„ од личните духовни искуства!