Темниот вокал во македонскиот јазик

M

makedon^

Гостин
застапено е јат во одредени дијалекти на пр прилепски стреа (тоа еа е уствари јат ам нз как да го пишам немат буква) и широко о во битолски (ептен се осеќа кога зборуват битолчани. А тоа шо велиш за ‘, наведи како треба да се користи, освен ‘рж, ‘ржи,‘рка или некои други зборови, ‘ неам сретнато на друго место. Само во некои дијалекти го има, како охридски, струшки, гевгелиски.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
и после песната ѕма ѕма ѕм како ке ја пееме?
Знам дека сум оф топик ама не можев да одолеам :)!

Појасен пример за недостатокот од ' тешко да се најде!!!

Има ОГРОМНА разлика помеѓу ѕма ѕма ѕм и ѕ'ма ѕ'ма ѕ'м како што е оригиналната верзија. Човек кој не ја знае песната ќе ја прочита комплетно погрешно!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Е на овој пример веќе можам да те разберам што сакаш да кажеш. Со тоа што, за да се прочита “ѕма“ како што ти сакаш да ја прочиташ бидејќи го нема твоето фамозно ' треба да има акцент на “а“. Што значи, како што македонскиот народ знае дека “коса“ се однесува на она на главата или она во полето, и шоља се оденува и на она во кујната и она во тоалетот, така знае и дека “ѕма“ се чита како што се чита.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

мислиш „косА“?!? Акцентот е на „а“ - затоа што во „ѕмА“ има само едно место за акцент, пошто е еден слог, нели? И е сериозно поразлично од ѕ'ма (ѕ'ма) кој има 2 слога. А ова второво е она што го кажуваме у ствари. А не го пишпуваме како што го изговараме.

Впрочем, ''''', кога незнам, ''' баш што да кажам, тогаш 'мкам... и '''... '''... незнам дали ме разбирате, '''''', што сакам да кажам?!?

Понатаму, кога нешто ни се допаѓа ние не викаме „мммммм... колку е убаво“, викаме „''''''м, колку е убаво!“

' (или /'/ или фонетски /Ə/, како сакаш) е најчесто користениот вокал во македонскиот говорен јазик! Во сите наречја и дијалекти. Безмилосно е масакриран пред 60-тина години и исфрлен од транскрипција, иако е насекаде околу нас. Само се имаме научено да го игнорираме како графема. Дури и 'рж, луѓе го пишуваат рж.

Не е работата што македонците „знаат“ како треба. Дури и истакнати интелектуалци, лингвисти, при литературно говорење користат гласови кои неможеме да ги запишеме прецизно. Или: истиот пишан текст тројца од нив ќе го прочитаат (несуптилно) различно.

Треба некој еднаш да напише што како се изговара и да ги најде вистинските знаци за тоа. Не да не лажат уште од прво одделение „македонскиот јазик има фонетска транскрипција и све се чита како што е напишано“. Ова не е точно!

Оваа дискусија е очигледен пример дека или ова правило и не е баш најпрецизно, или нас ни фалат графеми (букви) за сите автохтони македонски фонеми (гласови).
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
мислиш „косА“?!? Акцентот е на „а“ - затоа што во „ѕмА“ има само едно место за акцент, пошто е еден слог, нели? И е сериозно поразлично од ѕ'ма (ѕ'ма) кој има 2 слога. А ова второво е она што го кажуваме у ствари. А не го пишпуваме како што го изговараме.
Не ме разбираш. Коса се употребува за два различни термини, ама нема начин како тие да се одвојат, едноставно ние македонците знаеме кога велиме “колку ти е убава косата“ на што се мисли.

DBack напиша:
Впрочем, ''''', кога незнам, ''' баш што да кажам, тогаш 'мкам... и '''... '''... незнам дали ме разбирате, '''''', што сакам да кажам?!?

Понатаму, кога нешто ни се допаѓа ние не викаме „мммммм... колку е убаво“, викаме „''''''м, колку е убаво!“
Апсолутно не е точно. Прво, последниот болдиран пример од цитатот погоре е комплетно не точен, бидејќи (со твои термини) ние не викаме ''''''м, туку тоа би било “мммм'“
Второ, како би го напишале тогаш она кое бебињата го прават кога нешто не им се допаѓа? Bwahg? Твојот пример не е збор. Во македонскиот јазик нема збор на кој му е потребен темниот вокал и тоа е тоа.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не ме разбираш. Коса се употребува за два различни термини, ама нема начин како тие да се одвојат, едноставно ние македонците знаеме кога велиме “колку ти е убава косата“ на што се мисли.
Само тука не се работи за коса, нели? Ѕма, ѕма, ѕм не е што и ѕ'ма, ѕ'ма, ѕ'м и за тоа и двајцата се сложивме! Велиш народот знае како треба, ама дали е така. Ако не ја знаеш песната како ќе ти текне дека авторот мислел на ѕ'ма а не ѕма? Јас на прво читање (без да мислам) како ѕма ја прочитав :).

Замисли дете родено во странство со родители едвај што го зборат јазикот или воопшто не го зборат и реши да учи македонски. Ако земе книга ќе мора да има комплетно објаснување каде се употребува ', и ќе биде премногу јасно дека буква нема а глас има.

Преку форум е тешко да се разбереш :wink:.
 
Вметнуваш премногу хипотетика. Ако не ја знаеш песната и не знаеш што е ѕма, нема да знаеш ни што е ѕ'ма. Како што нема да знаеш ни за коса ако некој не ти објасни, како што многу луѓе и не знаат како се изговара другар. Акцентот не го пишува па го грешат. И што да правиме сега, ставаме акцент на секој збор за неписмените да знаат?
Не, тоа е невозможно.

Дури и англичаните, кои ги фалиме за доследност и перфекција, во своите речници и лексикони, сите зборови ги имаат разложено со помош на цртички, рецки и линии за да го доловат изговорот.
 
MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Не ме разбираш. Коса се употребува за два различни термини, ама нема начин како тие да се одвојат, едноставно ние македонците знаеме кога велиме “колку ти е убава косата“ на што се мисли.

Апсолутно не е точно. Прво, последниот болдиран пример од цитатот погоре е комплетно не точен, бидејќи (со твои термини) ние не викаме ''''''м, туку тоа би било “мммм'“
Второ, како би го напишале тогаш она кое бебињата го прават кога нешто не им се допаѓа? Bwahg? Твојот пример не е збор. Во македонскиот јазик нема збор на кој му е потребен темниот вокал и тоа е тоа.

Конечно со еден вардарец да се сложам околу нешто!!!

И на темата за "Ѕ" пишав па и овде да повторам... НЕМАМЕ ПОТРЕБА од посебна буква за гласот (') кој е составен дел на секоја согласка!!! Всушност и од поимите согласка и самогласка ако ги анализираш се разбира и ако си лаик.
1. Согласка = нешто+глас, сугерира на нешто сложено (пример изговорете ја било која СОглас-ка и слушајте се внимателно Б=Б+') .
2. Самогласка = САМ ГЛАС, кој не се комбинира со никоја буква во целина!!! А, Е, И, О, У!!!

Значи во нашиов јазик убаво е регулирано кога некаде треба да се нагласи СО-ГЛАСката да се употреби апостров.

А и не треба да имаме буква за секој неартикулиран глас од секој дијалект...па и затоа се оформува официјален литературен јазик, за да се избегнат нејаснотиите и различностите помеѓу сите дијалекти и да има УНИФИЦИРАН ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК НА КОЈ ЌЕ СЕ ЗАПИШУВААТ ГОЛЕМИТЕ МИСЛИ.:smir:

Поздрав МАКЕДОНЦИ и дај не се замарајте туку дојдете во Прилеп да пијаме ПИВО!!! А, бај д'уеи, Блаже Конески и творецот на современата граматика Круме Кепески се Прилепчани, па повелете во Прилеп на ПИВОФЕСТ да им оддадете почит!!! :party1:
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Абе тркала,македонската е фонетска азбука,како таква треба да постои знак за секој глас.Кога изговараш збор со 6 гласа за него не пишиш 5 знаци туку 6 !

Кога изговарам дрво изговарам 5 гласа Д ' Р В О.
Кога Д'РВО ке се запиши како ДРВО го губи значењето.Оти ние напамет имаме научено како дрво треба да звучи,инаку не се знај точно дали се чита д'рво или др'во.
 
Ај бе батка прочитај уште еднаш...

НЕМАМЕ ПОТРЕБА од посебна буква за гласот (') кој е составен дел на секоја согласка!!! Всушност и од поимите согласка и самогласка ако ги анализираш се разбира и ако си лаик.
1. Согласка = нешто+глас, сугерира на нешто сложено (пример изговорете ја било која СОГЛАС-ка и слушајте се внимателно Б=Б+') . При спелување на овај глас се гледа дека е вишок оти настанува дуплирање со вториот звучен дел од согласките.
2. Самогласка = САМ ГЛАС, кој не се комбинира со никоја буква во целина и не се слуша при изговарањето на согласките!!! А, Е, И, О, У!!!

Значи во нашиов јазик убаво е регулирано кога некаде треба да се нагласи СО-ГЛАСката (нејзиниот втор звучен дел) да се употреби апостров.
 
Еее ако тргиме по твоето,иди пак на моето,треба на памет да ги учиме зборојте за да знајме како да читаме.
Ако ги читаме сите согласки ко согласки ќе испадни:

Дрво да се чита како д'р'в'о :vozbud:.Зато е потребен ерот,да кажи коja согласка треба да се чита со тврд знак.
 
:pos: Е како ти си у право и знаеш каде треба “јерот да ни кажи“ каде да го употребиме, а комшијава прилепчанец не е у право кога вика дека треба на друго место?! Нели тој јерот сам си знае каде, и ние соред него сами си знаеме каде да го изговориме, а не тој да ни кажува... Абе д'рво едно... :icon_lol:
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
:pos: Е како ти си у право и знаеш каде треба “јерот да ни кажи“ каде да го употребиме, а комшијава прилепчанец не е у право кога вика дека треба на друго место?! Нели тој јерот сам си знае каде, и ние соред него сами си знаеме каде да го изговориме, а не тој да ни кажува... Абе д'рво едно... :icon_lol:

Па знаjш бе брат,ко ќе изговориш дрво се слушаш како изговараш и сигурно нема да клајш ' пред в,др'во.Туку си свесен дека изговараш д'рво и дека треба да се напиши д'рво.
Или ц'рв,сигурно ти не го изговараш како цр'в.Ова се е како шо ти иди од душата :pos2:,ништо нема напамет научено.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Па знаjш бе брат,ко ќе изговориш дрво се слушаш како изговараш и сигурно нема да клајш ' пред в,др'во.Туку си свесен дека изговараш д'рво и дека треба да се напиши д'рво.
Или ц'рв,сигурно ти не го изговараш како цр'в.Ова се е како шо ти иди од душата :pos2:,ништо нема напамет научено.
Епа мене ми оди баш да кажам цр'в и сега што праиме? Јас сум погрешно роден, а ти си правилно, ти си од шарената кокошка? :tapp: Не бе малечок, ти само така го доживуваш тоа, ама штосот е дека не е битно како јас или ти го доживуваме тоа, поентата е дека официјалниот македонски јазик е така поставен да твоите јерови и слични будалаштини повеќе не постојат бидејќи тие стручњаци сметале дека тој не влијае на изговорот и на јазикот, пишан и кажан. За мене е тоа сосема логично, бидејќи јас кога зборувам велам ЦРВ, нема ништо измеѓу, не осеќам друг глас, и не сакам да гледам некој кој мисли дека е во право за нешто да напаѓа некои луѓе од историјата и да ги нарекува со погрдни имиња само затоа што него така му се врти во главата.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Епа мене ми оди баш да кажам цр'в и сега што праиме? Јас сум погрешно роден, а ти си правилно, ти си од шарената кокошка? :tapp: Не бе малечок, ти само така го доживуваш тоа, ама штосот е дека не е битно како јас или ти го доживуваме тоа, поентата е дека официјалниот македонски јазик е така поставен да твоите јерови и слични будалаштини повеќе не постојат бидејќи тие стручњаци сметале дека тој не влијае на изговорот и на јазикот, пишан и кажан. За мене е тоа сосема логично, бидејќи јас кога зборувам велам ЦРВ, нема ништо измеѓу, не осеќам друг глас, и не сакам да гледам некој кој мисли дека е во право за нешто да напаѓа некои луѓе од историјата и да ги нарекува со погрдни имиња само затоа што него така му се врти во главата.
Е сега веќе ова се глупости,ти идело да кажиш цр’в.Шо прајме?Ќе се смејме,оти ти ќе бидиш единствен шо ќе вика така.
А веќе како шо иди се гледа дека немаш и познавање од историја.Јерот е одлучено дека е неодвојлив дел од македонскиот јазик и дека како таков ќе постои.Стручњаците,Коневски Марковски така утврдиле,сигурно ти немаш поќе познавање од нив?
Потоа јерот е политички насилно одземен од веќе утврдената наша азбука и тоа е едноставната причина.Да се прашуваат некои личности ќе ја користевме и српската азбука.
А ти ако не осеќаш друг глас тогаш проблемот е очигледно до тебе,сетилото за слух,или сетилото за реалност,разумот.
Наискрено и со најдобри намери ќе беше подобро да не ја напишеше последната порака,бидејќи се наредени само еден куп глупости :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom