И не правете се попаметни од луѓето составувачи на македонската азбука, не сте откриле топла вода, јазикот се менува да, но не се менува изговорот на еден глас во период од 60тина години (колку што е стара официјалната азбука), овие гласови постоеле и претходно, постојат и денес и ќе постојат во иднина
Тоа е и аргументот во постот. Одамна зборуваме со истите фонеми. Но, ние немаме знаци (букви) во македонската азбука за гласовите кои навистина често ги користиме (/ǝ/,/ŋ/, двете /л/, велешкиот препознатлив /уо/ дифтонг - како „во не одам“ /не уодам/ и сл.)
Од друга страна, воведен е (пред „колку што ни е стара официјалната азбука“) знак за „гласот“ /ј/ кој не е ништо друго, туку варијанта на вокалот /и/ кој постои само во почетна позиција на зборовите.
Хммм... е сега, српскиот јазик е скроз друг муабет - тоа е интонациски тип на јазик и е суштински поинаков од македонскиот во тоа - кај нив има јасно /ј/ - во сите позиции. Кај нас не. Затоа ние знаеме да го изговориме ако треба. Во говорот не го користиме. Послушај се во следниве пар дена и провери.
Уште нешто. Ј не е консонанта, а не е ни вокал - распрашај се. ...а после запрашај се што е тогаш.
Затоа, јас мислам дека знакот „ј“ е несреќно политички воведен заради поголема разлика со бугарскиот. Затоа е исфрлен и знакот за /ǝ/. Штета - најчест ни е.
Ние немаме ни 5 вокали. Оди во студентски и послушај внимателно едно 5-6 минути. Ќе чуеш барем 7-8 различно отворени (а конзистентни) варијанти на /а/, /е/, /и/, (битола vs. скопје vs. кочани, на пример). За ниту една од нив неможеш да се сложиш дека е буквата која ја читаш од хартија. Сите се подведуваат пред вештачки изговорените 5 чисти вокали кои најверојатно и не постојат во говорот. Можеби ќе ги чуеш чисти на телевизија, ако се од класата на првите 3 радио/ТВ спикери.
Тој јазик е вештачки и договорен (што е ок - еднаш мора да се направи тоа), пред толку време (5-60), но е оставен недотеран и недопишан од
мрза и
негрижа и
недостаток на чувство за наследство.