http://www.footytube.com/video/arsenal-fc-shakhtar-donetsk-oct19-60605
Тука има хајлаитс и интервјуа после натпреварот и Едуардо ќе заплачеше кога даваше интервју.
Инаку за натпреварот:
Одлични сите до еден. Пријатно ме изненади Џуру кој денес беше доста смирен и стабилен. Плус му помогна на Сонг за голот и направија пенал врз него. Добро ќе е за неговата самодоверба.
Фабијански повторно добар иако немаше многу работа сепак не направи некој кикс. Еднаш кога ја исшрли топката во аут одма истрча на гол и ми се присмеа, изгледа има кошмари од со порто да биде спор и неактивен.
Сепа добро е научил нешто.
Ебуе цар, просто го обожавам човекон. Како само се радуваше на головите а и одигра одлично.
Вилшир што да се каже детето е дефинитвно фудбалер, се бори за секоја топа трча напред назад, а ипостигна гол.
Насри и понатака продолжува со одличните игри и е можеби најконстантен. Штета што невлезе спуштената топка од Шамак, ќе беше екстра гол.
Росицки иако изигра како крило што не му лега сепак беше одличен. Ассистираше за гол на вилшир а имаше и неколку добри асистенции кога се префрлаше на средина.
Шамак исто така продолжува да допринесува за тимот. Голот на вилшир почна токму од него, плус даде гол. Јако беше кога после центаршут на цеск не ја зафати со глава и рипна ја удри стативата со глава. Најверојатно таак вежба у затоа е добар во тоа :pos2:.
Другите сите одлични да не ја должиме многу....
Наредно со Сити и тоа на гости. Нема да биде ни најмалку лесен натпревар, но се надевам на победа. Да се изолира само Тевез и воспостави контрола на средината на теренот мислам дека нема да имаме проблем да ги совладаме