Топче
Арсеналиста
- Член од
- 18 септември 2010
- Мислења
- 9.225
- Поени од реакции
- 14.561
Извини друже ама јас се сеќавам и имам гледано кога во тимот играа Петит, Овермарс, Парлоу, Диксон, Винтербурн... Дали ти знаеш колку силна ни беше нас средината во тие времиња? Виера, Жилберто Силва, Парлоу итн. Спореди со тоа што го имаме денес на тие позиции ќе видиш колку сме физички инфериорни во однос на тогашниот состав... и тогаш арсенал играше убав фудбал и сега игра убав фудбал единствената разлика е што тогаш освојувавме трофеи а сега не...Можи да сватите и дека ако не беше тој, кај ке бевме сега, а ? Лесно е да зборите за лошите моменти, но што викате кај ке бевме до сега или со Риоч ? Во некој понизок ранг ? Или како Блекбурн и Фулам ? Или пак како Евертон и Вила ? Не зборувајте за џабе глупости... Сите вие, барем мнозинството, ниту сте фатиле дел од фудбалот на Венгер од порано, ниту ништо, или пак сте гледале видеа... Вие зборувате само за сегашноста и толку.... Јас никогаш не можам да му бидам лут на овој човек... Никогаш... Едноставно Арсен Венгер е најдорбото кое го имаме.... Замина Анри, замина Пирес, замина Беркамп, замина Виеира, замина Кол, замина Дин, замина Хајбери, но... еден остана... Да, токму тој... Зарем не мислите дека треба да му дадеме поддршка, барем малку поддршка ? Мислите дека тие 5 години без трофеј се многу ? Ако некој ме натера да бирам помегу круна на ПЛ, Фа куп, ЛШ, Интерконтинентален и Светски првак и мегу тоа да Венгер остане до крај во Арсенал, што мислите дека би одбрал ? Секако, Арсен Венгер... Секој што ке го одбере спротивното или не е навивач на Арсенал или е навивач на Барселона... Трето нема...
Толку, поздрав
И да може да го сакаме и почитуваме Венгер за тоа што го направил меѓутоа МОРА да почнеме да освојуваме трофеи...
5 години се многу за тим со нашите амбиции... ние играме секоја година за да освоиме титула не играме за да завршиме во топ 4.
А моментално не го правиме тоа само поради неговата тврдоглавост... разбирам немало пари пред 2-3 години а сега што? самиот изјави дека имаше 40 милиони летово за трошење колку потроши? Пред 2-3 дена имаше финансиски извештај и исте видовме дека Венгер ИМА пари за трошење ама неговата тврдоглавост да го остави Алмунија како прв голман и да не купи искусен веќе докажан светски дефанзивец за кој ќе фрли 20тина милиони може да не чини титулата оваа година... Сите знаеме каде ни е слабата точка, тоа е одбраната...
Искрено се надевам дека Венгер ќе има муда да го стави Војчех на гол ко што има муда да става деца на терен.. Не разбирам зашто да неможе да брани кога сигурно нема да направи повеќе киксови од Алмунија или Фабиански...
Како може еден Харт да брани прва постава, како може еден Де геа да брани прва постава, како можеше Касиљас со 17 години да брани? Така може и овој..
Доколку и оваа година завршиме без титула ме заболе мене за Венгер што има направено во минатото и ќе гласам ЗА негово отпуштање... Стварно го почитувам човекот и тоа што има направено ама некои дебилни одлуки кои ги увидуваат обичните навивачи на Арсенал а он ги игнорира стварно ме тера да го хејтам на моменти...