Ак не ви чинит не идајте

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Грчката мрзеливост и флегма кога ке ја вкрстиш со Бугарскиот лопвлук и простотилак...ДОБИВАШ ОХРИДСКИ туристички (не)работник...

жално за езерото и за земјата....треба да им платиме еден групен излет на зелен пазар да видат како треба со муштерии.

Ам оставање на 4 кеси со џубре во ходник ден и пол.Фрлање џубре од тераса,пикавци,дерење и сл.Ам да ти дојдет преку гла и да им се качиш горе со безбол палица и да измлатиш све живо внатре.:toe:
Ак се туристи не значит дека шо сакет может да прает.
Ама ај ние Охриѓани сме лошите.:tapp:

забранете смеење и веселење....што чекате
 
Ја беф и убо си поминаф.

Плашици, бело винце. Па плашици, пиво. Платив може отпојќе, ама меракот е секогаш скап, а јас сум мераклија, па за цена не питам низашта.

Света Софија да ми поживее. Таа е мојата црква. Зборам за кафаната. Се точи, се пие, се служи, се јаде и притоа се свират прекрасни Македонски песни. Староградски и новоселски.
 
Не е точно Лурц :) Не само шо не ги истребивме, туку и формална едукација добија, покрај генетската трансформација на копитата во прсти - па сега, некои од нив знаат и да пишуваат :)

Охрид Охрид, убав мил. Да те немаше, ќе требаше да те измислиме.
Значи може да изучат сколија и да се вратат назад. А школи има на претек.
Нема ни ѓомлезе, крофни, ченка...ептен мало стопанство. Али и со плашка и вино добро се живее :)
 
Грчката мрзеливост и флегма кога ке ја вкрстиш со Бугарскиот лопвлук и простотилак...ДОБИВАШ ОХРИДСКИ туристички (не)работник...

жално за езерото и за земјата....треба да им платиме еден групен излет на зелен пазар да видат како треба со муштерии.

забранете смеење и веселење....што чекате
Пардон Супермакедон,ама едно е да се веселиш и да се смејш,а сосем десетто да фрлаш џубре,да кршиш шишиња на улица...
Само да знајш како е во Хрватска за фрлање бар еден пикавец на улица.
Ама ние сме лоши.Од в година црвен тепих ќе постелиме на влезовите.Со стил да ве пречекаме де.
:kesa:
 
забранете смеење и веселење....што чекате

Не е за забраната за смеење и веселење, туку за реакцијата на истите весели момци дека за нивните пет евра на ден (нека се и 25 ако б
иле петмина) некој треба да трпи фрлање на столови од тераса, Македонцки :) Па би ме примил мајку му дома кај тебе да ти платам 50 евра и да се „веселам“ една ноќ?

За веселби си има диска, кафиќи, зоолошки.

Ако грешам, не тргај кусур, охриѓанец сум :)
 
Грчката мрзеливост и флегма кога ке ја вкрстиш со Бугарскиот лопвлук и простотилак...ДОБИВАШ ОХРИДСКИ туристички (не)работник...

жално за езерото и за земјата....треба да им платиме еден групен излет на зелен пазар да видат како треба со муштерии.

забранете смеење и веселење....што чекате
Taкви сме ние Македонците јбг, еден ќе речи "а" и сите други по него "ааааааааа".
Ако Охрид е туристички град,не значи дека е Ибица.

И со право оние под мене туристине ги избркаја.Не дека е забрането смеење и веселеење, туку во 4 сатот на сабалје ти треба да си пореметен да фрлаш стаклени шишиња од тераса,да пушташ музика и да викаш ко будала[во цела зграда,само тој стан се издава на туристи].
Се си има своја граница,ама кога ќе дојдат на одмор си мислат шо сакаат можат да прават и се им е дозволено,а ако им забраниш тогаш Охриѓани не чинеле..
 
во 4 сатот на сабалје ти треба да си пореметен да фрлаш стаклени шишиња од тераса,да пушташ музика и да викаш ко будала[во цела зграда,само тој стан се издава на туристи].
Се си има своја граница,ама кога ќе дојдат на одмор си мислат шо сакаат можат да прават и се им е дозволено,а ако им забраниш тогаш Охриѓани не чинеле..

Во принцип тоа ми е замислата за одмор. Не дека има нешто интересно да слушам музика sky-high-loud во 4 аm (ми се дешавало и во 6/7) ама на одмор сум па ако ми прдне, реализирам. Сигурно и ти кога одиш некаде на одмор не гледаш да не правиш трошки, туку се опушташ и го следиш кејфот. И, да не зборам против Охрид кога пола Македонија беше таму. Незнам што повеќе очекувате, кога е еден стар град со езеро и желба за развиток.
 
Пардон Супермакедон,ама едно е да се веселиш и да се смејш,а сосем десетто да фрлаш џубре,да кршиш шишиња на улица...
Само да знајш како е во Хрватска за фрлање бар еден пикавец на улица.
Ама ние сме лоши.Од в година црвен тепих ќе постелиме на влезовите.Со стил да ве пречекаме де.
:kesa:

Solid не се решава тоа со дерење од по комшии...

туку со патроли редари служби и возила..за се не само за редот како на други места...Охрид треба уште многу да учи...колективен излет по исламскиот свет да видите што е гостопримство и култура..а за јавен ред безбедност и хигиена се грижат полициски здравствени и комунални служби..а не исфрустрирани теткици од балкон

да црвен тепих, рози по патот и музика за испракање..верувал или не така се пречекуваат гости на други места

сакате странски туристи ама да не се дереле и смееле...не знам дали знаете што сакате и дали сте наишле на РУСИ ДАНЦИ ГЕРМАНЦИ и остала жута багра
 
Во принцип тоа ми е замислата за одмор. Не дека има нешто интересно да слушам музика sky-high-loud во 4 аm (ми се дешавало и во 6/7) ама на одмор сум па ако ми прдне, реализирам. Сигурно и ти кога одиш некаде на одмор не гледаш да не правиш трошки, туку се опушташ и го следиш кејфот. И, да не зборам против Охрид кога пола Македонија беше таму. Незнам што повеќе очекувате, кога е еден стар град со езеро и желба за развиток.

Браво бе Вот бе :) Така треба :)
Ако ти прдне, реализирај. Ако ми разбудиш мало дете пошо ти прднало нешто во „град со желба за развиток“, и мене бате ќе ми прдне :)

Елементарна култура бе, да му ебам мајката. Елементарна култура. Повеќе не барам.

Па имам другарчиња од надвор кои секоја година (веќе 5та по ред) доаѓаат во Охрид и никогаш немале никакви проблеми за ништо, ниту замерки. Зошто? Не дека плаќаат многу. Него, пристапуваат кон градот, газдите, луѓето со елементарен респект (ништо посебно, ништо специјално). И луѓето и нив ги третираат на ист начин.

Македонцки е во право кога вика дека со црвен килим треба да пречекуваме туристи, апсолутно. Сто пати сум рекол, турците треба да се пример за гостопримливост. И исто важи дека „жута багра“ (заборави да ги спомнеш англичаните) се уби боже... Ама, сеа муабетов е: не се жалете, има и полошо? :))) Па знам дека имаме тапа оправдувања некогаш, ама никогаш не некое во тој фазон :)
 
Си бефме ние на едно викендче толку дал господ годинава за в Охрид, полно беше а и убаво бе, имаш да најш и поскапо и поефтино, се знае кафичите и рестораните на плажа се поскапи погоре малку поефтино и тоа бааги, и стварно не не бива ко народ абе коа видов ќеса од смоки фрлена во езеро ми идеше незнам, како бе нема поезерска некоја полиција па се маме да им расплачи, така дома фрлаат кај ќе им текне, стварно мислам срамота апла и тоа.
 
Среќа што скопјани немаат толку пари да се начукаат толку многу, глеај енглезиве шо праат у Грчка.
http://www.dailymotion.com/video/x6db0h_clamp-down-on-drunk-british-tourist_news
имајте трпение, 15 секунди реклами има. :)

Знам Викторе, знам. И сум многу благодарен ко охриѓанец шо скопјани не ми го демолираат градов. Ак не ви чинит не идајте - може да ја преименуваме во - „Ќутете пошо за 300че од вечер не ве држиме на сус“ :)

Јој, ова се нови спознанија за мене, жими двајца браќа :))))
 
Во принцип тоа ми е замислата за одмор. Не дека има нешто интересно да слушам музика sky-high-loud во 4 аm (ми се дешавало и во 6/7) ама на одмор сум па ако ми прдне, реализирам. Сигурно и ти кога одиш некаде на одмор не гледаш да не правиш трошки, туку се опушташ и го следиш кејфот. И, да не зборам против Охрид кога пола Македонија беше таму. Незнам што повеќе очекувате, кога е еден стар град со езеро и желба за развиток.
Ако Охрид е туристички град,не значи дека е Ибица.
Еве на шо мислев...

Ние искрено ништо повеќе не очекуваме од ова што го имаме, вие туристите незнам шо повеќе очекувате.
Еве уште една случка на туристи шо се случи лани летото исто под мојов стан кај шо живеам. Си платиле се туристиве,ама нешо ваљда не биле задоволни па кога си одеа ги оставија сите можни светла во станот уклучени, го оставија и шпоретот уклучен,а на шпоретот имаше едно тенџере и таа миризбата се осети тек во 3 сатот сабалје и фала богу шо бев будна.Брат ми ме сметаше за будала дека се нешто ми мирисало,ама после кога видовме чад од цел стан..

Е добро,ако ти се криви тие шо ти го издале станот,не ти се криви станарите во зградава.

А и за замислата твоја, дојди ти да живееш во Охрид и секој ден да имаш такви туристи шо го делат твоето мислење, па да видам дали ќе го мислиш истото.
 
problemot so Ohrid СE ОХРИГАНИ

само што ви ги читам постовите, начинот на размислување и менталниот склоп се чудам дали воопшто ке ви дојде памет.

иселете се од Охрид, бидејки упорно одбивате да сватите

ШТОМ ПОЧНЕ ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ГРАДОТ ВИ СТАНУВА ФИРМА ВАШИТЕ СТАНОВИ БИЗНИС и условите начинот на живот и сите пропратни гомнарии се менуваат....ТОЧКА

значи кога веке земаш пари, ти градот јанко петко станко треба да укапираат дека дел од тие пари треба да одат

инвестиции и развој
полиција прва помош спасувачи водичи кој ке одоговрат на зголемениот број туристи/население во градот и проблемите што произлегуваат од нив....КАКО ШТО Е ВО СИТЕ НОРМАЛНИ РАЗВИЕНИ ТУРИСТИЧКИ МЕСТА
 
А ти Македонцки како совесен турист треба да се однесуваш како шо доликува на [читај!]цивилизиран човек.Како шо не сакаш дома ти да ти прават така, не прави на други места и крај.
Ние ниту издаваме стан,ниту некогаш ќе го направиме тоа, баш заради ваквите како тебе со такви мислења,дека ако се на одмор, да можат и со глава ѕид ќе урнат и ќе го остават во најлоша можна состојба станот.
Скапо ви е во хотели, барате поефтино.. добивате соби за поефтино и ги правите лом.. си заминувате ни штета не плаќаат некои што е најтрагично.

И искрено не ни се обидувам да те сфатам.
Сеа и Охриѓани сме криви затоа што туристите(не сите) се однесуваат како од планина да се слезени.

едит: Идаат некои на одмор ЗА ДА СЕ ОДМОРАТ,а не во 5 сабалје да слушаат пијаници кај шо викаат по улицине.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom