Ак не ви чинит не идајте

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Во Охрид на одмор не одам со години, но затоа често го посетувам вон сезона.
Оваа година бев пред месец дена и се беше речиси одлично. Чист е градот што е многу битно, цените не беа посебно поскапи со оглед на тоа што е туристичко место.
Но затоа се исфрустрирав што во неколку цркви (Канео и Св.Наум, а може и некои други не знам) се наплатуваше влез за да ја разгледаш црквата. Јас разбирам да се плаќа влез ако има некој музеј или наоѓалиште, ама за да разгледаш икони, посебно во црква како Канео која е 4 м2 е несватливо. Јас сум христијанин и мене вратите на црквите треба да ми се отворени, кога сакам да ги посетам. А плус да не кажувам која астрономска цена беа свеќите во Канео. Дали за тоа е виновна МПЦ или некој друг не знам, али тоа е голема грешка.
А за таксистите сите се бунат, среќа нас ни помогнаа охриџани и тие се пазареа за цената до Струга. :)
А за неуслужливоста тоа не е карактеристика на охриѓани само, него општо на нас Mакедонците. Сите во кафич те гледаат намќоресто, во продавници сите продавачки само на мобилен зборат. Со тоа што охриѓани сепак се први тука, а скопјани одма зад нив :)
Toa што ние самите немаме култура да се почитуваме меѓусебно, да си помагаме и да си го цениме нашето, а потоа се останато. Ние сме обратно цениме се што е од странство, а нашето го оставаме за на крај и вртиме грб.
 
Тоа за туристи е:). Инаку, комбето доаѓа од 10 наутро, до 22 навечер, на секои 2 часа. Значи можеш да го фатиш кај Тим маркет во 10 или 12 за на плажа. Ти текви?:)
Ееее нишо ко така, Тим ми е на сосема друг крај од јас кај шо живеам... :)
И една случка.. Видов кај плоштадон еден продаваше наочари shutter shades и застанавме да им се подивиме и зборвевме дури зборвевме охридски и прашвам колку се? Тој ми вика: Од Охрид сте? Mу викам: Да.. и после тој ми вели:Ееее за Охриѓани 350 денари.
Одам другиот ден, прашувам колку се[ама сега беше друг продавач] ми вика 500 ден.,a 600 ден. ти се тие со стакла .
:pos:
 
Ова ми беше последна година да идам во Охрид. Мене стварно не ми е јасно како воопшто и има некој странец во Охрид. Без навреда, ама што е претерано е претерано. Почнувајќи од таксисти, комбиња, продавници, комшии.. да не набројувам, а посебно да не истакнувам ситуации, веќе сите сте запознаени.

Прв ден доаѓам, искачам од лифт најнормално, малце повеќе насмеани и бучни, искачаат две комшики кои ги пративме по дома инстант. (желудник ми се превртуе коа ке ми текне колку се одвратни).

Одам доле, да земам нешто да каснам, доаѓам дома, отварам јогуртот, почнува пења и што се не да излага, глеам рок, 2-3 месеца и повеќе, си седел така на рафт. Се згрозив. Зимам паштетата, отварам.. што да видам.. тоа кој знае што беше. Рокот.. да не Ви ни го кажувам. И сево ова се наоѓа во една од продавниците на Тим маркет. Катастрофа. (за 15 дена, можеби 20-30 артикли се најдоа со пројден рок.)

Барам такси за накај средното (каде што стојат комбиња) некаде од хотел Дончо, ми викаат, 150-200 ?? Фала пријатно и се по список дур му затварам врата.

Ма незнам што попрво да кажам, можам цела книга да напишам. А, за тоа ако не ми чини, да не идам.. Вие за каде и да е, некоја година, ќе почнете да кукате и да цмиздрите дека нема туристи. Можеби Вие на форум не сте ни многу засегнати, ама пола Охрид е.

Се на се, срамота, се срамев Јас, коа ќе видов како некој странец потпаѓа под нечие прљаво влијание на некој клошар таксист или продавач. Едноставно, се срамев од мојот народ, за првпат. Не е ова наменето за расправија, за нешто што би потикнало омраза.. целава работа е за жалење која треба итно да се оправи.

Сакате сфатете ме, сакате нејкете. Тоа е тоа, здравје се гледаме таму пак, кога ке напраам фамилија и кога ќе ги збере закон сите неписмени, писмени, глупи, паметни итн.
 
Можеби нашите даватели на туристички (и други :) ) услуги идат на тоа странецот да го привлечат преку враќање кон корените, сиров туризам. Туризам без правила. Ние колку толку (ни толку, но често замижуваме) сме учени на овој вид живеачка. Но за странски туристи, посебно вон балканот...да го видат во некоја земја оној живот кој нивните претци го живееле пред најмалку 150-200 години.
Штета ги истребивме магарињата.
 
Штета ги истребивме магарињата.

Не е точно Лурц :) Не само шо не ги истребивме, туку и формална едукација добија, покрај генетската трансформација на копитата во прсти - па сега, некои од нив знаат и да пишуваат :)

Охрид Охрид, убав мил. Да те немаше, ќе требаше да те измислиме.
 
Одам доле, да земам нешто да каснам, доаѓам дома, отварам јогуртот, почнува пења и што се не да излага, глеам рок, 2-3 месеца и повеќе, си седел така на рафт. Се згрозив. Зимам паштетата, отварам.. што да видам.. тоа кој знае што беше. Рокот.. да не Ви ни го кажувам. И сево ова се наоѓа во една од продавниците на Тим маркет. Катастрофа. (за 15 дена, можеби 20-30 артикли се најдоа со пројден рок.)
Аман бре како успеа на сред лето да најдиш продукти со поминат рок????Ај кажи кај беше сместен и точно која продавница беше таа со скапани производи????
 
Аман бре како успеа на сред лето да најдиш продукти со поминат рок????Ај кажи кај беше сместен и точно која продавница беше таа со скапани производи????

Спроти хотел Дончо, во една од трите високи згради. Тим маркет, има и аптека до него, ако сакаш или случајно пројавиш желба да го посетиш, да ти олеснам. :wink:
 
Во комшии кај мене, туристи се опијаниле и со ножој играле пикадно на врата. Нормално вратата лом.

Зошто за ваквите работи не се коментира, туку за тоа колку сме лоши Охриѓаните!!!!
 
Во комшии кај мене, туристи се опијаниле и со ножој играле пикадно на врата. Нормално вратата лом.

Зошто за ваквите работи не се коментира, туку за тоа колку сме лоши Охриѓаните!!!!
Затоа што потрошувачот е секогаш во право:pipi:

А иначе Awake не се купува се на мила волја.. ќе си видиш рок на траење пред да купиш нешто. Јас секогаш проверувам,ако е со поминат рок, го враќам на полицата кај шо било и готово не кревам чалами.:toe:
 
Jaс стварно ќе почнам да се однесувам како непротоколарно пречекан принц од Монако веднаш чим се вратам во Скопје (или било кој град во Македонија во кој ќе одам) од денес натака.

Па добро, се е во ред, ама преку Дарко Тасевски веќе, како што огледалото е добро за мене и моите Охриѓани, така ќе биде добро и за сите останати.

Па ак не ви чинит, на гла застаните.
 
Во комшии кај мене, туристи се опијаниле и со ножој играле пикадно на врата. Нормално вратата лом.

Зошто за ваквите работи не се коментира, туку за тоа колку сме лоши Охриѓаните!!!!

Страшно,а отвориле уста како пештера за плукање.Мислам дека неандарталци многу имаше годинава,кој нормално не би биле задоволни бидејќи немате услови за нив (пештера,стап и камења).Кај моја другарка сите столови од тераса ги фрлиле во пијаното,требало и они да се фрлат на крај,штета.
За продукти со поминат рок,пред една недела од среде Скопје добив кашкавал со поминат рок.Не се криви продавачите,криви се инспекторите кој земаат плата од државата,а клатат врата.Наместо одговорните за нив,да ги префрлат во Охрид пред сезона да го исчешлаат теренот они си ги чешлаат спомениците,епа кај нив жали се.
 
Одев со комбИ за накај Гранит и по пат точно кај плажа Славија возачот запира и зедовме три дечки од Холандија и така... И пред да слеземе на Гранит возачов се смешка нешто и се врти и вика, ее ќе трпам скопјанишча ко вас, си најдов јас кого да колам сега, има да ги одерам до градиште.

Буквално вака, што кретен ќе беше незнам...:nesum:
 
Кретен,ист како оние што седат кај автобуска во Скопје или по автобуските ширум Републиката:smir:Тоа во крвта им е на такви луѓе.
 
Во комшии кај мене, туристи се опијаниле и со ножој играле пикадно на врата. Нормално вратата лом.

Зошто за ваквите работи не се коментира, туку за тоа колку сме лоши Охриѓаните!!!!
Ам оставање на 4 кеси со џубре во ходник ден и пол.Фрлање џубре од тераса,пикавци,дерење и сл.Ам да ти дојдет преку гла и да им се качиш горе со безбол палица и да измлатиш све живо внатре.:toe:
Ак се туристи не значит дека шо сакет может да прает.
Ама ај ние Охриѓани сме лошите.:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom