Ак не ви чинит не идајте

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Д
Меѓутоа, не смееме да заборавиме дека колку што на поединци во Охрид мора да им се замери за однесувањето кое не придонесува во создавање на подобра туристичка клима, толку и на поединци гости може да им се забележи за потценувањето на Охрид и што тој би требало да нуди за парите кои ги плаќаат.
Лично, она што Охрид го нуди како град, ни најмалку не го потценувам. Веќе реков, Охрид, онаков каков што е даден од Господ и со своето историско богатсво е нешто прекрасно, без сомнеж.

Јас никогаш нема да го заборавам чувството кое го имав во црквите, резбите во куќата на Робевци, ручеците во Антико, рибјите чорби во Пештани, раните утрински кафиња покрај пристаништето, убавините на Градиште на крајот од август, кога конечно може вистински да го препознаеш, без загушливото шаренило од толпите...и уште многу други спомени, чии слики ми се имаат врежано во меморијата како нешто неповторливо и посебно.

Но, она што е дадено и што е оставено од минатото, не е доволно за туризам. Угостителските дејности бараат да угостиш, а не само дрско и без покритие да го експлоатираш она, што по некоја случајност, ти се нашло во "двор".

Елитен туризам...пеки. Плати, па клати.
Но, во Охрид, ја сакаат само заработката која е идентична со онаа на елитните места, а немаат елитна понуда.

И ко опозит на сите убави спомени кои ги имам во Охрид, само два, поради кои, чисто од разлог што не љубам мазохизам, нема наскоро да го посетам, како турист, овој прекрасен град.
1. Десарет.
После половина час чекање на келнерот да ја земе нарачката, односно откако е повикан по 2. пат, дечкото одговара: Полека де, уште не си седнал ко шо треба, а нарачуваш.

2. Градиште.
После журка на плажата, бараме такси за до Пештани (тој пат преку ден се изодува, али навечер е заебано). И конечно ја одбравме "најдобрата" понуда: 400 денари.

П.С
Ова нема везе со темава, него чисто информативно...Од шеталиштето го тргнале каменот? Добро чув и видов, или стварно и таму поплочиле "фино и уредно" ко камениот мост у Скопје?
 
Добро бе, кај пола саат барав интернет кафе, кај ме исушија 30 ден. за ПОЛА СААТ.
Олабавете малце бе.
 
Од се што треба да се регулира-ноќниот живот мислам дека е прв. Не е можно ова што се дешава онде бре еии. Џони, Браво Бенд, Компас Бенд, Панки и Рашо, Сашка(краљица беградких сплавова) итн. ова лето направија пари доволни да не купат сите овде сосе поартали. Вртат од локал до локал ко чума некоја.
Фазонот Охрид “град на унеско, космополитски град на културата дрн дрн’’’ полека тоне кога личиш на Нови Пазар.
Разбирам дека сакаат да угодат на србиве (ради кои бтв цениве се курац и пол скапи) али не е можно ради тоа секоја дискотека да ти е ко Шкорпион од Волково.
Од еден крај до друг ечат Јамахи со трилери и завивање.
Јасно е дека нема зашто да се смени ова, кога и вака и така капацитетот е полн и кога ќе дојде нож до коска ќе мора да идеш у Охрид, али работава не ја бива другари..
 
Се вратив од Охрид и лично јас немам ниедна забелешка, дури оваа година ми беше најпогодено! Од смештај, до цени, до услужливост, навистина немам ниедна забелешка. Со такси ретко се возев, тоа и порано имам кажано дека е мана, но и кога се возев не ми зимаа толку ко порано што знаеле. 10ка за оваа година, прекрасно беше!
 
„Абе синко, ти си онај шо пишит по весници за скопјанишчана?“ „Тој сум“ – гордо и враќам. „Е, убо кај шо те најдов, ти ми требеше“ – викат бабичкава и потскокнуват од радости. „Шо бе бабе, шо си олку среќна, да не беше кај Брацо да те опуљит?“ „Пу, пу, скраја било, ја Павлета мој си го сакам и не го давам ни за Брацо ни за Брацојца“ „Не бе бабе, не ти зборвам за швалер, за Брацо ти велам, онај бајачон од Хрватска, пред некој ден Скопје шо беше“ „Аууууу, за него ми велиш... абе слушнав за него и му велев на Павлета да појме до Скопје ама тој ми велит – Туристиве кој ќе ти ги чуват, ќе ни ја кренат и куќа и све, не мојш да си сигурен во скопјанишчава. И убо ми рече да ти кажам право синко, не мојш раат да си од нив, а и ја кај Митра комшивкана секој ден одам, та на кафе и на грав знајт да гледат, и ни пари не ми зе...“ – и уште недовршена реченицава ја гледам бабичкава, се затрчвит накај влезон од автобускана и почвит да се карат со некој колега нејзин.

„Море Коле, рековме дек ја ќе ги земам овие, шо прајш сега вака? Малку ти беја тие прееска?“ – фати да се карат бабичкава со чоеков, а дур се караа туристиве си излегоа и веќе и такси си фатија. Таман си реков да избегам дан ми се фрлит и мене да ме карат ил тепат ама дури се спремав веќе се врати и ми викат „Пу, да би пуст останал, онај Коле сите туристи од пред рака ни ги земат, туку шо ќе ти велев тебе... Е, да, напиши, кажи им таму на скопјанишчана да не лажат по многу и да не претервет со барањана.“ „Е шо бабе, шо ти барет скопјанишчана, кажи си, таман ќе ми се најт за следнава колумна...“ „Шо барет... речи шо не барет. За соба од 500 денари сакет и клима внатре да имало, ко ова хотел да е. Еден пак и компљутор или како се викет оние пустине, си донесол, и го уклучвит во штекон, кузнајт колку струја трошит. Едни дечишта некни распуштиле некој музики ѓаолски со дерење, ко им се качив горе, им кажав убо, ги избркав два дена порано... Едни други ми барет чисти чаршафите да биле, а тие само два дена користени, тие шо беа пред нив лежеа само, ја не знам шо сакет, секој ден да перам јас... Пак и научени се, секој ден по два-три пати да се капеле, бољерон нон-стоп уклучен, ко тие да ми ги плаќет сметкине за струја. Абе ако ме вервиш само за струја не ни стигет парите шо ги ваѓаме од гостиве. А и не знам шо луѓе ќе беа, ние напред на времето в село еднаш месечно дали се капевме речи, а овие по неколку пати во еден ден. После од ко почнавме на работа ни рекоја таму секоја недела демек да се капиме ама ај убо то, ама шо било ова... Мало дан им е езероно, искапи се овде, искапи се таму, па пак овде... Молимте кажи им таму, пошо ја не можа веќе да се расправам...“ – ми кажа бабава и замина кај Коле, некој нови гости дојдоа... „Бабеееее, како рече дека се викаш, да знам шо да напишам?“ „Стојна, Стојна напиши таму, и кажи им убо...“
Скупа баба...:)
 
Од се што треба да се регулира-ноќниот живот мислам дека е прв. Не е можно ова што се дешава онде бре еии. Џони, Браво Бенд, Компас Бенд, Панки и Рашо, Сашка(краљица беградких сплавова) итн. ова лето направија пари доволни да не купат сите овде сосе поартали. Вртат од локал до локал ко чума некоја.
Фазонот Охрид “град на унеско, космополитски град на културата дрн дрн’’’ полека тоне кога личиш на Нови Пазар.
Разбирам дека сакаат да угодат на србиве (ради кои бтв цениве се курац и пол скапи) али не е можно ради тоа секоја дискотека да ти е ко Шкорпион од Волково.
Од еден крај до друг ечат Јамахи со трилери и завивање.
Јасно е дека нема зашто да се смени ова, кога и вака и така капацитетот е полн и кога ќе дојде нож до коска ќе мора да идеш у Охрид, али работава не ја бива другари..


Kога сум во Охрид, за да избегнам вакви елементарни непогоди, си одам во Duck i Jazz inn.
 
Се вратив од Охрид и лично јас немам ниедна забелешка, дури оваа година ми беше најпогодено! Од смештај, до цени, до услужливост, навистина немам ниедна забелешка. Со такси ретко се возев, тоа и порано имам кажано дека е мана, но и кога се возев не ми зимаа толку ко порано што знаеле. 10ка за оваа година, прекрасно беше!
Озбилна си за болдираново или така ти дојде?
 
Озбилна си за болдираново или така ти дојде?

Мртва сериозна сум.
Што е скапо молим те?
Макијато: 50- 70 денари?
Тост : 60-70 денари?
Пиво во дискотека: 90 денари?
Александрија бело во кафиќи беше исто тука 100 плус денари.
На Лагадин плажата посебно цените си беа нормални.


Добро бе луѓе што сакате, туристичко место е? Ај ако не за нас туристите нека на прават по 10 денари све да е, па и тогаш кажете дека е скапо. Ако некој сака да најде мана ќе најде. Гледам и по луѓе што јас ги знам, другари, се им е погодено, од се се задоволни, ама бидејќи ете по дифолт не го сакаат Охрид/ Охриѓани гледаа на секоја ситница само за да најдат пропуст. Ако бараме игла во сено кажете барем.

И навистина ако човек се однесува љубезно, ќе му се врати љубезноста, ниеднаш до сега барем овој одмор немав дрско однесување, сите си беа насмеани и ок. Ама не, што сакате да измислам дека биле Охриѓани лоши со мене, ме боцкале камењата од плажата и ме изгореле со цените и ме колнеле зошто сум Скопјанка? А врска нема тоа?

Си кажувам мое искуство. За туристичко место, цените си се супер, одлични и погодени за секого.

Е сега, различни луѓе, различни искуства.

Скапо е само на Градиште, затоа што е исфурано местото до даска, исфурани луѓе, гужва невидено, девојки во штикли на плажа (:pop:) и нормално лименка кока кола е 100 денари. Затоа има и други плажи каде е поефтино и готово.
 
На Роџер Санчез кога бил пред неколку дена... 250 денари мало Скопско!!!!!!!!!!! Веќе е претеризам ова!
Сине,Роџер го носи Авалон така да цените немаат врска со Охриѓани :toe: исто беше и на Пол Ван Дајк...200 денари шише вода,па да викам јас Стружани педери :pos: така да во случајов педери се Авалон,а за темава освен за такси превозот за кој што дерат ако видат дека немаш друг превоз освен со нив немам други забелешки,нивото на угостителство е на повисоко ниво :smir: башка го фатив ВИП комбето за 2 денари до плажа :vozbud::baeh: :je:
 
Од се што треба да се регулира-ноќниот живот мислам дека е прв. Не е можно ова што се дешава онде бре еии. Џони, Браво Бенд, Компас Бенд, Панки и Рашо, Сашка(краљица беградких сплавова) итн. ова лето направија пари доволни да не купат сите овде сосе поартали. Вртат од локал до локал ко чума некоја.
Фазонот Охрид “град на унеско, космополитски град на културата дрн дрн’’’ полека тоне кога личиш на Нови Пазар.
Разбирам дека сакаат да угодат на србиве (ради кои бтв цениве се курац и пол скапи) али не е можно ради тоа секоја дискотека да ти е ко Шкорпион од Волково.
Од еден крај до друг ечат Јамахи со трилери и завивање.
Јасно е дека нема зашто да се смени ова, кога и вака и така капацитетот е полн и кога ќе дојде нож до коска ќе мора да идеш у Охрид, али работава не ја бива другари..

Каде се дереа овие?Зошто јас не ги видов?
Морам со Крејзи да се согласам,Охрид годинава има чиста 10ка,јас лично го обожавам.Имаш места за излегување како Ликвид и Куба каде тотално можеш да се препуштиш на атмосфера,никој не вика да одите на места каде има турбо.Мора од се да има,мора да има понуда за сечиј вкус,право на избор.
Охрид годинава може да се стави на картата за место со најдобри забави,дефинитивно.Имаш што ти душа сака,забава 24 часа.Плус забележав дека е многу чист,значи озбилно си ја сфатиле работата.Цените се ок за туристичко место,за 10 денари од Скопје поскапи,ништо страшно.
И ќе повторам дека го љубам градов:pipi:
 
башка го фатив ВИП комбето за 2 денари до плажа :vozbud::baeh: :je:
Eeeeeeeee веќе веќе цвеќе.. јас цел живот го чекам комбено никако да го фатам.Таман ќе се качам на друго комбе, ќе го видам кај шо ќе помини до мене то од ВИП :lut:
 
Eeeeeeeee веќе веќе цвеќе.. јас цел живот го чекам комбено никако да го фатам.Таман ќе се качам на друго комбе, ќе го видам кај шо ќе помини до мене то од ВИП :lut:
Тоа за туристи е:). Инаку, комбето доаѓа од 10 наутро, до 22 навечер, на секои 2 часа. Значи можеш да го фатиш кај Тим маркет во 10 или 12 за на плажа. Ти текви?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom