DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Aх ова било всушност Бизнис академијата Смилевски.
Само едно нешто приметив ... целата академија е водена од веројатно доволен број професори и асистенти (бидејќи нема многу студенти) НО, има само eден професор кој што е докториран. Сите останати се само магистри.
Тоа е голема негативност, бар за мене. До сега мене, на приватен универзитет сум иначе, ми предавале над 20-30 професори и сите до еден биле доктори на науки.
Само ќе ти извадам еден дел од Законот за високото образование.
Критериуми за избор во наставно-научни звања
Член 125
Наставниците во наставно-научни звања се избираат во наставно-
научни области утврдени со статутот на универзитетот, односно со статутот
на самостојната висока стручна школа.
За доцент може да биде избрано лице кое има научен степен доктор
на науки од научната област во која се избира, објавени научни и стручни
трудови, постигнувања во примената на истражувачките резултати и
способност за изведување на одделни видови високообразовна дејност.
За вонреден професор може да биде избрано лице кое има научен
степен доктор на науки од научната област во која се избира, самостојни
научни и стручни трудови објавени одделно или во публикации, учество во
научно-истражувачки проекти, односно значајни достигнувања во
примената на научно-истражувачките резултати, придонес во
оспособувањето на соработници и помлади наставници и кое покажало
способност за изведување на разни видови високообразовна дејност.
За редовен професор може да биде избрано лице кое има научен
степен доктор на науки од научната област за која се избира, објавени
поголем број научни трудови одделно или во научни публикации кои имаат
значајно влијание во развојот на науката и практиката, кое учествувало
или раководело со научно-истражувачки проект и кое има придонес во
оспособувањето на соработници и помлади наставници и кое покажало
превземено од
способност за изведување на сите видови вискообразовна дејност.
Вие тоа го немате ...
Сега сигурно дека ќе кажеш дека ова е Академија дека не е приватен факултет. Ама добиваш диплома Дипломиран опративен менаџер, призната од министерството за образование и имаш акредитација за високо образование. А таа диплома е одбранета од факултет со еден професот кој е доктор на науки, неколку професори магистри и многу професори кои се само дипломирани.
Голем минус, огромен.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ај сеа прочитај си го законот повторно, со внимание
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
БАС е Висока струка школа (види: законот цитиран погоре) на која се учи СТРУКА. Тоа е основната разлика помеѓу факултет и академија. На вториве се остручуваш да работиш. Токму затоа побарувањата во нашиот закон (за чудо успешно препишан од западните) за овие високообразовни установи бара предавачите да имаат степен на образование магистер. Понатаму ќе прочиташ дека е пожелно да имаат и клиничко искуство од полето во кое поучуваат. Да знаат за што зборуваат кога стујат пред студентот.
или пр.: за да предаваш маркетинг, треба теоретски да го владееш на пост-дипломско ниво (магистер) и да имаш (какво-такво) професионално искуство од маркетинг. Затоа се вика СТРУЧНА школа.
Тоа што немаме доктори сериозно го сметам за предност. Не припаѓаме во оваа наследена високообразовна рамка со силно вкоренети ставови кон личниот статус, загарантираните поволности и незаслужениот неприкосновен авторитет.
Настрана тоа... Мое лично мислење (а богами и потврдено лично искуство) е дека човек кој својата младост и кариера ја посветил на наука (особено во некое тесно поле) има ум кој е научно и „форматиран“ и сметам дека најчесто многу потешко се снаоѓа со применети вештини (не зборувам за вештините за самообразба и личен раст) какви што во принцип се поучуваат по стручните школи.
Да се разбереме... ние поучуваме вештини за да дипломантот стане вешт и умешен. Да може, на своето (однапред одбрано) работно место да покаже умешност во несекојдневни и нови ситуации.
На факултет , по дефиниција, се поучуваат теории и науки за да дипломантот разбере и научи (забележи разлика помеѓу знаење и умеење), за да може теориите да ги толкува, проверува и конечно, ако е навистина научник, да магистрира и докторира.
После кај нас се чудат зашто ко ќе завршеле факултет не знаеле да работат!?!?!? Епа дека учеле наука!!!!
За професија се оди на Стручна школа. Висока, поубаво
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Е, тоа е разликата меќу академија и факултет. Ист е законот. Закон се чита внимателно
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Anyway, зарем стварно мислиш дека за да научиш нешто треба да ти го каже доктор на науки?!?