Матуранти кои уште немаат поим каде да се запишат

Незнам каде на факс поради тоа што:

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Член од
12 август 2008
Мислења
44
Поени од реакции
0
А колку изнесуваат степендиите за студирање кај вас и кои се условите
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Чудна работа тоа стипендиите - посебно по приватните факултети. Гледам дека ги користат како реклама - наместо како средство за доаѓање до вистински најдобрите за нив студенти.

Ние запишуваме само 65 студенти по година. Од тоа пола тука (СК) пола у Битола. Стипендии не даваме од прва рака. Немаме есап :)
Најдобрите четири студенти во прва година ќе бидат стипендирани во следните две. Кој ќе направи лом, кој ќе се покаже тука дека е стварно фантом - тој/таа ќе добие стипендија. Фер, нели?
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162

Стипентии не се даваат само на оние што прават лом. Се даваат на оние што им треба. Тоа е уште една погрешно сфатена работа кај нас. Се разбира, треба студентот да има некој успех и да покаже желба за учење и напредок.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Стипентии не се даваат само на оние што прават лом. Се даваат на оние што им треба. Тоа е уште една погрешно сфатена работа кај нас. Се разбира, треба студентот да има некој успех и да покаже желба за учење и напредок.
Епа еве уште една не баш нај прецизно сфатена работа.
На оние што им треба (а немаат) им дава државата. Од парите кои сите ги двоиме преку даноци. Ако државата е фер - ќе им даде на оние кои најмногу им треба. Тоа на државните факултети.

Приватниот сектор е поинаков. Вложува онаму каде што има најголеми шанси за враќање на вложеното. Според мене, приватните треба да вложат (со стипендирање) во својот имиџ, во оние студенти кои веќе покажале дека се навистина посебни и способни. Оние кои заслужуваат да се тепаш за нив. Не ко на пазар, „ај стипендии изволте...“, па после дома ко ќе дојдеш - смрди стипендијата... се расипала...

Само, да нема недоразбирања. Да не се расправаме што е хумано и што е профитно - овие две ненеопходно се спротивни. Ама социјално е социјално и го плаќа државата - не приватниот сектор!

Овде ниту државата фер распределува, а ниту приватните инвестираат во луѓе. Неможе приватен факултет да дава 1000 стипендии во годината!!! Ако е приватна профитна институција - тогаш стипендиите се очигледно пазарен трик за привлекување студенти. Нормално, пошто е приватна институција - кеш мора да направи - па тие пари ќе ги повлече од истите тие студенти (нема други, нели) по друга основа - пријави, екскурзии, униформи, дипломи, потврди и уверенија и чуда...
 
Да точно. Се согласувам. Сепак, сево ова што го кажа имплицира дека на приватните институции примарна цел им е профитот, а не едуцирање на студентите.

Него имате некаква веб страна и слично?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Петковски, изгледа не сме се разбрале за импликациите. Основната намера на приватните (било што, не само факултети) организации е да остварат профит. Но, како и во сите други индустрии, така и во образованието, профитот е последица од доброто работење. Не цел сама по себе. Ниту една сериозна профитна организација неможе да се надева на раст, развој и почит од клиентите и окружувањето ако главниот фокус на активностите не го премести од парите на клиентите!
На нашата високообразовна институција најголемо внимание е посветено на благосостојбата и напредокот на студентите. Така ние очекуваме ultimately да направиме профит - со тоа што ќе обучиме извонредни шефови и раководители. Тие ќе не препорачаат нас на идните кандидати - нивните семејства и вработени. Ако во тоа успееме - ќе бидеме ценета Академија, а потоа ќе направиме и профит. Ако не - нема.

Инаку, страната е bas.edu.mk, а овие разговори навистина ми се допаѓаат. Те молам пиши пак ;)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
За тоа во право си.
Мора секој кој сака да се запише на приватен факултет претходно да види дали е акредитиран факултетот и да не верува во оние приказни дека е во тек акредитацијата.
Инаку моментално страната на министерството е изменета и не ги содржи сите податоци. Се пребарав не можам да најдам за акредитирани факултети. А старите линкови не функционираат.

Инаку во врска со насловот на темава ... многу матуранти не знаат што да се запишат што е нормално. Има дел кои знаат што сакаат да учат, има дел кои ќе го учат она што е поврзано со семејната професија (бидејќи тоа им гарантира работа, без разлика дали го сакаат тоа или не), дел ќе запишат она каде што сметаат дека ќе има работа (без разлика дали ги влече тој факултет или не) а дел било што само за да не седат дома или кои се приморани од родителите да запишат факултет.

Има многу факултети и притоа со различни програми, не дека нема избор кога станува збор за високото образование. Се што треба се средства за да се студира. Трошоците за студирање се доста високи (на приватните се дупло) и тоа е лошото што нема вистинска државна партиципацијата која ќе е бесплатна, а притоа и стипендии се даваат на малку студенти и тие се премали. Со 50 евра не може да егзистираш цел месец.

И друга работа поради која матурантите не знаат што да запишат според мене е тоа што знаат дека не се цени факултетската диплома. Не се цени спрема трудот којшто се вложува. Како некој да учи пример за нотар (сеа кажувам само пример) кога за да отвориш нотарска канцеларија ти треба потврда од министерството за правда и мноооогу врски, а ако не си од семејство кое е поврзано со правото нема да ја добиеш. Ќе бидеш цел живот помошник на некој друг нотар. Џабе си учел и ќе си разочаран нормално.
Е тоа е проблемот кај нас. Не се цени знаењето, се ценат врските и партиската определеност.
А и во Македонија има многу малку фирми во однос на бројот на население, огромна невработеност и секаде има образован кадар поголем и тоа три, четири, пет пати поголем од побарувачката на работна сила.

Не ме чуди шти матурантите не знаат кај ќе се запишат. Сето тоа не е само нивна кривица. Живееме во лошо време, во држава каде не знаеме каква ќе ни е иднината не за 10 години, него не знаеме ни дали утре ќе имаме работа па камо ли за понатаму. А секој се запишува факултет за подобра иднина. А таа подобра иднина нималку не се гледа моментално.
Многу реално објаснето и образложено rossonerkе. Баш како што и е.

Инаку учениците и матурантите (барем оние кои ги знам, како и повеќето од овие овде на форумов) многу добро знаат каде, ама...ене погоре објаснето.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Петковски, изгледа не сме се разбрале за импликациите. Основната намера на приватните (било што, не само факултети) организации е да остварат профит. Но, како и во сите други индустрии, така и во образованието, профитот е последица од доброто работење. Не цел сама по себе. Ниту една сериозна профитна организација неможе да се надева на раст, развој и почит од клиентите и окружувањето ако главниот фокус на активностите не го премести од парите на клиентите!
На нашата високообразовна институција најголемо внимание е посветено на благосостојбата и напредокот на студентите. Така ние очекуваме ultimately да направиме профит - со тоа што ќе обучиме извонредни шефови и раководители. Тие ќе не препорачаат нас на идните кандидати - нивните семејства и вработени. Ако во тоа успееме - ќе бидеме ценета Академија, а потоа ќе направиме и профит. Ако не - нема.

Инаку, страната е bas.edu.mk, а овие разговори навистина ми се допаѓаат. Те молам пиши пак ;)
Точно е дека профитот не е цел сама за себе, туку доаѓа како резултат на целокупениот вложен труд. Е сега, целата парадигма на остварување на профит преку квалитетна работа кај нас во Македонија е малку модифицирана, или дефинирана поинаку (барем за сега). Сељачки кажано, секој гледа да те заебе и со тоа да профитира.

Real life пример во врска со темава. Зашто еден приватен факултет би се трудел да постави повисоки стандарди од конкуренцијата, кога нашиот ментален склоп не влече накај пократкиот пат? Исто така, просечниот студент кај нас нема никаква желба за напредок во својата струка, нема аспирација да се докажува и покажува, туку гледа да се прогура што е можно полесно. И сега, кога на сцена стапуваат факултети на кои им плаќаш 10 пати повисока партиципација, (тоа не е партиципација туку цела школарина уствари) на просечниот студент таа опција му се гледа примамлива, не зашто приватните имаат повисок квалитет на образование, туку поради онаа старата „плати па клати“. Можеби е во право, можеби не е, ама во тој момент приватиот факултет му наликува на пократкиот пат и во многу случаи го одбира него (последица од нашиот менталитет). Покрај тоа, имаат силна реклама и на просечниот студент кој апсолутно врска нема што да запише, туку гледа нешто да заврши, му звучат примамливо.

Поентата. Факултетот не е дефиниран само од кадарот и опремата, туку и од студентите. Тешко дека приватен факултет може да се мери со државен од проста причина што има мал број на квалитетни студенти (не велам дека нема). Приватните не се грижат за студентите, туку за нивните пари (државните пак ги боли и за двете).

Јас искрено се надевам дека БАС не е таква академија која хомогено се вклопува во останатата квази-научно-образовна приватна елита, туку дека навистина е нешто поинаку. Тапа ни е образовниот систем, треба многу работи да се сменат. Доколку една приватна образовна институција одлучи да ја смени политиката, мислам дека и останатите ке тргнат по тој пат.
 
C

cige

Гостин

Jас ти велам дека е обратно, приватните баш се грижат за своите студенти, затоа ги имаат најдобрите студенти од државните за асистенти, нели затоа што се сеуште нови, потоа ќе оформат свој кадар. А и за професорите се тука некаде, затоа што има некои стварно добри професори што векот го поминале некоја катедра и сеа не сакаат да ја менуваат по никоја цена. Тие што прават "плати па клати" се деца на веќе докажани бизнисмени, па на детето ќе му купи диплома колку да не седи кај него во канцеларија со средно, ама на пример мојата струка, информатиката, е сосема спротивно, одбрав приватен затоа што знам дека нема на еден компјутер да седиме тројца како на државните, знам дека асистентот ќе биде љубезен во секој момент да ми помогне, нема никој да ми побара мито, туку претходно на поштен начин ми ги земале парите. Нема професорот да ми рече "извини колега но ти за 10ка треба уште многу леб да јадеш за да се рамниш со моето знаење", нема никој да ми побара 50 евра за дополнителни часеви, или 300 евра за да не ја изгубам годината. Нема да ме гледа под остар агол. Нема да го бркам цела недела за потпис, нема да го чекам 2 недели за да си дојде од службени патувања. Никогаш нема да ми рече "повели број од мобилен, јави ми се кога имаш потреба" и уште многу други работи, ме мрзи да филозофирам.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Нема професорот да ми рече "извини колега но ти за 10ка треба уште многу леб да јадеш за да се рамниш со моето знаење", нема никој да ми побара 50 евра за дополнителни часеви, или 300 евра за да не ја изгубам годината. Нема да ме гледа под остар агол. Нема да го бркам цела недела за потпис, нема да го чекам 2 недели за да си дојде од службени патувања. Никогаш нема да ми рече "повели број од мобилен, јави ми се кога имаш потреба" и уште многу други работи, ме мрзи да филозофирам.
Така, заштити се од сево ова со 2000 евра.
После и кога ќе почнеш да работиш, ќе си плаќаш пола плата за "заштита", да не те закача всушност шефот, вработените и слично.

Ти се жалел некој другар, кој бил оштетен, па ти направил ептен голем филм.
Кај тоа се бркало цела недела за потпис...нормално, ако не дојдеш во закажаниот термин за потписи, односно последниот час.

И те молам немој ТИ да споредуваш факултети, кога не си бил на еден сеуште.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Точно е дека профитот не е цел сама за себе, туку доаѓа како резултат на целокупениот вложен труд. Е сега, целата парадигма на остварување на профит преку квалитетна работа кај нас во Македонија е малку модифицирана, или дефинирана поинаку (барем за сега). Сељачки кажано, секој гледа да те заебе и со тоа да профитира.

Real life пример во врска со темава. Зашто еден приватен факултет би се трудел да постави повисоки стандарди од конкуренцијата, кога нашиот ментален склоп не влече накај пократкиот пат? Исто така, просечниот студент кај нас нема никаква желба за напредок во својата струка, нема аспирација да се докажува и покажува, туку гледа да се прогура што е можно полесно. И сега, кога на сцена стапуваат факултети на кои им плаќаш 10 пати повисока партиципација, (тоа не е партиципација туку цела школарина уствари) на просечниот студент таа опција му се гледа примамлива, не зашто приватните имаат повисок квалитет на образование, туку поради онаа старата „плати па клати“. Можеби е во право, можеби не е, ама во тој момент приватиот факултет му наликува на пократкиот пат и во многу случаи го одбира него (последица од нашиот менталитет). Покрај тоа, имаат силна реклама и на просечниот студент кој апсолутно врска нема што да запише, туку гледа нешто да заврши, му звучат примамливо.

Поентата. Факултетот не е дефиниран само од кадарот и опремата, туку и од студентите. Тешко дека приватен факултет може да се мери со државен од проста причина што има мал број на квалитетни студенти (не велам дека нема). Приватните не се грижат за студентите, туку за нивните пари (државните пак ги боли и за двете).

Јас искрено се надевам дека БАС не е таква академија која хомогено се вклопува во останатата квази-научно-образовна приватна елита, туку дека навистина е нешто поинаку. Тапа ни е образовниот систем, треба многу работи да се сменат. Доколку една приватна образовна институција одлучи да ја смени политиката, мислам дека и останатите ке тргнат по тој пат.
Леле, Петковски, ќе помислат луѓево дека сме се договориле за муабетиве :):):)

Ај со ред. Генарализации се секогаш „путер“ за форумски расправии. Или: генерализирај ми само една реченица од постот, а ја колку и да немам што да ти кажам, ќе се фатам за неа и ќе ти вратам со најмалку напор све што сакам да поентирам - во или вон овој пост. Елем.

Не секој сака да те заебе и не секој има на ум само профит. Еве, ја неќам да те заебам и немам на ум само профит, а мислам дека и ти си уште еден таков. Тоа не прави двајца, од само 5-6 души што праиме муабет тука. Искрено, мислам дека и двете погорезамуабетени девојки, а богами и goodman не сме такви.

Кога луќето ќе се фрлат на генерализации и на нихилизам - тргнал возот надолу.

„Зашто еден приватен факултет би се трудел да постави повисоки стандарди од конкуренцијата, кога нашиот ментален склоп не влече накај пократкиот пат?“

- Затоа што меѓу сите овие македонци што ги ставаш на куп има некои кои не го заслужуваат тоа. Ние решивме да поставиме поинакви стандарди поради тоа што и ја и мојата фамилија (семејна и професионална) го имаме јадено стапот од нашето (не само) високо образование. И ја бев по факултети и гледав како се „предава“ и како се „почитуваат“ студентите. Работиме (непартиски) веќе 18 години (обуки и консалтинг за организациски промени и подобрувања), тука во Македонија и знаеме колку е пеколно тешко да не се обоиш партиски, а да заработуваш (приватно) за леб, млеко и пиво. Сега, кога овие три основни потребштини веќе не ми се проблем (демек, сум се остварил до трета скала) можам да се посветам на самоактуелизација и придонес кон мојата заедница. Пари не ми недостигаат (да се разбереме, I could always use a little more (George Carlin on Religion), ама мирот у душата го имам, а проклетството на трката по пари премногу сум го учел и поучувал за да се заебам на таа тема.

Понатаму:
Преку шмур од „менталитети“, и „така ти е тоа кај нас“ и „џабе ти е све коа немаш кеш“ или „коа немаш врски“. Светов е таков каков што е!

Ние, еве, имаме прилика да се обидеме да поставиме поинакви стандарди и штом сме се зафатиле со ова (и чим сум нашол време да реплицирам на секого што ќе ми пише, нели ;)) има да го дотераме до таму до кај сме тргнале. Сигурно, ќе биде потешко, поготово што немам пари за реклами и политичари к'о што имаат „високообразовните бизнисмени“, ама го правам тоа со искрени намери за едно вистинско „аха-искуство“ во очите на моите студенти и за едно (се надевам) искрено благодарам на крајот.
Кешот е после. Ако го има. За леб, мелко и пиво - сигурно ќе има :)

За просечниот студент нема да зборам (ради генрализации), а за партиципацијата па ептен нема (реклама: кај нас во БАС, студиите го коштаат студентот (или поточно родителите нивни) 163 еур/месец - пробај да најдеш пониски трошоци БИЛО КАДЕ во земјава - приватно, државно - u name it), ама затоа (ако више не претерав со постов) сакам да ти зборам за стуфентите на државен и приватен:

Ние ги бираме нашите студенти според МОКУ (види: негде погоре) и во принцип знаеме кој студент со какви предиспозиции доаѓа и кои му се доминантни афинитети. Така, јас прилично прецизно знам кој од нашите 60-тина студенти што очекува, што сака, во што ужива а што му иде на к*рац. Така знаеме и на кого што како да му го сервираме. Не зборам за сите, ама кај нас е така.

...еј... еве сеа стигнав до крај со реплицирањево, па забележав и желби и надежи за све ова што го пишував погоре... благодарам. И јас тебе ти посакувам среќа и успех во ширењето на духот на позитивни поттици за промена на устоената ни атмосфера. Се надевам дека тука нема да престане нашата конструктивна препирка :)

Jас ти велам дека е обратно, приватните баш се грижат за своите студенти, затоа ги имаат најдобрите студенти од државните за асистенти, нели затоа што се сеуште нови, потоа ќе оформат свој кадар. А и за професорите се тука некаде, затоа што има некои стварно добри професори што векот го поминале некоја катедра и сеа не сакаат да ја менуваат по никоја цена. Тие што прават "плати па клати" се деца на веќе докажани бизнисмени, па на детето ќе му купи диплома колку да не седи кај него во канцеларија со средно, ама на пример мојата струка, информатиката, е сосема спротивно, одбрав приватен затоа што знам дека нема на еден компјутер да седиме тројца како на државните, знам дека асистентот ќе биде љубезен во секој момент да ми помогне, нема никој да ми побара мито, туку претходно на поштен начин ми ги земале парите. Нема професорот да ми рече "извини колега но ти за 10ка треба уште многу леб да јадеш за да се рамниш со моето знаење", нема никој да ми побара 50 евра за дополнителни часеви, или 300 евра за да не ја изгубам годината. Нема да ме гледа под остар агол. Нема да го бркам цела недела за потпис, нема да го чекам 2 недели за да си дојде од службени патувања. Никогаш нема да ми рече "повели број од мобилен, јави ми се кога имаш потреба" и уште многу други работи, ме мрзи да филозофирам.
Амин!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Така, заштити се од сево ова со 2000 евра.
После и кога ќе почнеш да работиш, ќе си плаќаш пола плата за "заштита", да не те закача всушност шефот, вработените и слично.

Ти се жалел некој другар, кој бил оштетен, па ти направил ептен голем филм.
Кај тоа се бркало цела недела за потпис...нормално, ако не дојдеш во закажаниот термин за потписи, односно последниот час.

И те молам немој ТИ да споредуваш факултети, кога не си бил на еден сеуште.
На факултет (иако во бивша сфрј), освен 3-4 откажувања/одложувања на испити, друго лошо немам видено. А завршив на државен. Чак што више обратно, со многу асистенти и професори се зближивме, па и ден денес кога се гледаме, се потсеќаме на тие славни пивски денови :)
Имаш право, не е баш така како што кажуваат за државните. Ова се однесува на земјоделски, за економски може исто да кажам дека биле океј-тогаш. А верувам и сега. Разликата е што на државен не се знае дали матурантот ќе се запише, а на приватните децата гледам веќе се тукуречи запишани.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
На факултет (иако во бивша сфрј), освен 3-4 откажувања/одложувања на испити, друго лошо немам видено. А завршив на државен. Чак што више обратно, со многу асистенти и професори се зближивме, па и ден денес кога се гледаме, се потсеќаме на тие славни пивски денови :)
Имаш право, не е баш така како што кажуваат за државните. Ова се однесува на земјоделски, за економски може исто да кажам дека биле океј-тогаш. А верувам и сега. Разликата е што на државен не се знае дали матурантот ќе се запише, а на приватните децата гледам веќе се тукуречи запишани.

... еј... тука немам ама баш ништо да кажам... :)
уствари имам... вистина... изглеа е баш така. до лани, можда... од оваа година СИТЕ матуранти, и оние од лани и преклани што не се запишале, ќе можат СЛОБОДНО да се запишат на факултет - има слободни места за две цели генерации!!!

За тоа и темава.... матуранти што не се одлучиле каде! - не што не се одлучиле дали :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Значи има потенцијални идни студенти кои имаат и немаат средства (ниту врски) за избор според своја волја и афинитет.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Aх ова било всушност Бизнис академијата Смилевски.

Само едно нешто приметив ... целата академија е водена од веројатно доволен број професори и асистенти (бидејќи нема многу студенти) НО, има само eден професор кој што е докториран. Сите останати се само магистри.
Тоа е голема негативност, бар за мене. До сега мене, на приватен универзитет сум иначе, ми предавале над 20-30 професори и сите до еден биле доктори на науки.

Само ќе ти извадам еден дел од Законот за високото образование.

Критериуми за избор во наставно-научни звања
Член 125
Наставниците во наставно-научни звања се избираат во наставно-
научни области утврдени со статутот на универзитетот, односно со статутот
на самостојната висока стручна школа.
За доцент може да биде избрано лице кое има научен степен доктор
на науки од научната област во која се избира, објавени научни и стручни
трудови, постигнувања во примената на истражувачките резултати и
способност за изведување на одделни видови високообразовна дејност.
За вонреден професор може да биде избрано лице кое има научен
степен доктор на науки од научната област во која се избира, самостојни
научни и стручни трудови објавени одделно или во публикации, учество во
научно-истражувачки проекти, односно значајни достигнувања во
примената на научно-истражувачките резултати, придонес во
оспособувањето на соработници и помлади наставници и кое покажало
способност за изведување на разни видови високообразовна дејност.
За редовен професор може да биде избрано лице кое има научен
степен доктор на науки од научната област за која се избира
, објавени
поголем број научни трудови одделно или во научни публикации кои имаат
значајно влијание во развојот на науката и практиката, кое учествувало
или раководело со научно-истражувачки проект и кое има придонес во
оспособувањето на соработници и помлади наставници и кое покажало
превземено од
способност за изведување на сите видови вискообразовна дејност.

Вие тоа го немате ...

Сега сигурно дека ќе кажеш дека ова е Академија дека не е приватен факултет. Ама добиваш диплома Дипломиран опративен менаџер, призната од министерството за образование и имаш акредитација за високо образование. А таа диплома е одбранета од факултет со еден професот кој е доктор на науки, неколку професори магистри и многу професори кои се само дипломирани.

Голем минус, огромен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom