Глеадам јас дека по повеќе точки не се разбираме.
1. Јас
не сум православен христијанин исто како што не е ниту попот што краде, мами и посакува туѓо. Исто како и сите други кои додека биле бебиња, попот ги попрскал со вода и ги нарекол христијани. Исто како сите на форумов што се чукаат во гради како силни верници, а мислат дека вапцањето јајца во 4 сабајле е почит кон Исус. Или оние кои вртат паричка за Василица и што се коцкаат за Свети Трифун. Не се православни христијани ни оние кои Книгата не ја прочитале, а ОДАТ НАОКОЛУ И ВИКААТ, како што ти викаш на крајот од 2.
2. Не знам како е источната појака од католичката, презбетеријанската, лутеранската, протестантската, адвентистичката, или онаа блесавата мормонска, јеховинската, или било која друга од 20.000-те подваријанти на едното-те-исто-политички востановено Христијанство. Јудеизмот барем се филтрирал од народот израелски. Христијанството е политички институционализирана догма. Толку. Прочитај малку за процесот на креирање на христијанството. Мислам дека ќе ти се разјаснат полно работи.
3.
очекував кога-тогаш да улетаат масоните
... Не. Не зборувам за нова религија. Рационалната мисла и свеста за планетава и универзумот се предалеку отидени за да можеш да се надеваш дека во ова време на информации и информираност некој ќе може да
измисли ново чудо како што беше со Исус или Мохамед. Прош'o воз! Единствената можна патека е разоткривање на лагите во и разнебитување на религиите, воопшто. Кога ќе се случи тоа, не знам, но јасно се гледа како стојат работите со религиозноста и вербата во религии (кои и да се) во развиениот свет (освен САД). Колку е земјата поразвиена, а стандардот на живот повисок, толку е поголем бројот на атеисти во нив. Истражувано е. Статистички е значајно. То ти је.
4. И назад на основната тема.
Нема стар закон - нов закон. Нема стари или нови правила. А НИКАКО НЕМА СТАР ИЛИ НОВ МОРАЛ (така ти вика Книгата). Основната поставка на религијата е дека
Се' е дадено од Господ. И ако Господ вика
уби го детето кое не те почитува - ти ќе го убиеш! Ако ти каже
ќе јадеш лајна ќе јадеш, пошто така вика Законот. За да не се љутиме, јас ти го цитирав Матеј, кој, пак, го цитира Исус кога вели:
Ако си верник, мислам дека треба да си верник до крај. Има
само едно упатство (...додуше во два неконзистентни дела, ама, еј, што да правиш - тоа ти е) Не можеш нешто да почитуваш, а нешто не.
Ако Господ кажал немој - НЕМОЈ! ...Освен ако си повремен верник. А знам такви полно, да ти кажам, не би бил сам.
--- надополнето ---
и
или
Се меѓународно среќавани (не прифатени, пошто за тоа треба институција) симболи за атеизмот.