Дали свинското месо е забрането во христијанството?

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
кај муслиманите е забрането од практични причини високи температури тешко е свинското месо, кај христијаните никаде немам чуено дека е забрането така да слободно јадете :pipi:
Командо, се чини не си ја читал внимателно Книгата (Левит - Трета книга Мојсеева):
1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:
2 „Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете:
3 секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете.
4 Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас;
5 и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас;
6 дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас.
7 А свињата, иако има копита, не прежива - нечиста е за вас.
8 Не јадете го нивното месо, ниту да се допирате до нивната мрша - тие се нечисти за вас.’
9 ‘А од сите водни животни можете да ги јадете овие: сè што живее во водата, било во морињата, било во реките, а има перки и лушпи, можете да јадете.
10 А што нема перки и лушпи во морињата и реките - од сè што плива во водата и од сè што живее во водата - се нечисти за вас.
11 Тие нека се нечисти за вас; не јадете го нивното месо и гнасете се од нивните трупови.
Остај што не смееш да јадеш свинско, туку ни тетреб, јастог, лигњи, октоподи, ној... Исто, зајакот е многу гласно забранет!

Не ги гледај поповите. Учи од Книгата христијанска. Таа јасно кажува што смее, а што не смее. И нема поп на земјава што смее поинаку да каже, оти така е запишано во Книгата.

Свиња, зајак, камила, ној и морски плодови - НЕ!

Нема ценкање.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Од Адам до потопот човекот беше вегетаријанец. После пототпот еве што му кажува Господ на Ное и синовите

Битие 9 - 3 Се што се движи и живее, ќе ви биде храна; сето *тоа ви го дадов, како што ви го дадов зеленото растение. 4 Само да не јадете месо во кое има уште душа, односно крвта негова.

И тоа е така едно 1500-2000 години до излегувањето на израилот од египетското ропство. Следува давањето на заповедта (исклучиво на израилот) за нејадење на наведените јадења. Со доаѓањето на Исус еве што следува:

Марко 7 15 Нема ништо, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист.
18 Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него,
19 зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.

1 Коринтјани 25 Јадете се; што се продава во месарница, не испитувајќи ништо заради совеста,
26 зашто „Господова е земјата и се; што ја исполнува.”

Така денеска нема забранети јадења, него секој човек може да си избере што сака да си јаде. И да јаде свинско и да не јаде - нема никакво значење во очите на Господа.
 
S

Shellshock nam67

Гостин

дај му го цитатов на овај погоре да научит :pos2:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
дај му го цитатов на овај погоре да научит :pos2:
Еве ти тебе еден цитат за да научиш. Од Новиот завет е:
Матеј 5:
17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
19 И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно;
Нема мењање закони. Нема нови правила. Се што пишува во Стариот завет е на сила!

...кажи, а? Све збунка до збунка...
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Еве ти тебе еден цитат за да научиш. Од Новиот завет е:
Матеј 5:

Нема мењање закони. Нема нови правила. Се што пишува во Стариот завет е на сила!

...кажи, а? Све збунка до збунка...
а по која книга се водел исус , мојсеј , аврам сите се воделе по старата книга тората па и муслиманите убаво ти кажа пријателот по горе, само тотемите или заштитиниците на племињата биле табу животни и биле забранети за јадење само јеховините сведоци кој мешаат секаде прсти во светот кажуваат глупости која храна треба која не треба седи си мирен и касни си свинско
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
а по која книга се водел исус , мојсеј , аврам сите се воделе по старата книга тората па и муслиманите убаво ти кажа пријателот по горе, само тотемите или заштитиниците на племињата биле табу животни и биле забранети за јадење само јеховините сведоци кој мешаат секаде прсти во светот кажуваат глупости која храна треба која не треба седи си мирен и касни си свинско
Не ме разбираш. Ни мене ни исус. Во цитатот погоре, Исус вика дека све што пишува во Стариот завет е вистина и не се менува. Секој закон, секое правило и секоја наредба.

Сеа, ти види.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Не ме разбираш. Ни мене ни исус. Во цитатот погоре, Исус вика дека све што пишува во Стариот завет е вистина и не се менува. Секој закон, секое правило и секоја наредба.

Сеа, ти види.
шо вера си бе ?
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Важно ли е?
Тука збориме за тоа што е забрането во Библијата. Што има везе што вера сум?!?
важно е за темава што збориме јас суп православен христијанин ортодокс
пак те прашвам шо вера си ?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
важно е за темава што збориме јас суп православен христијанин ортодокс
пак те прашвам шо вера си ?
Православен и ортодоксен е едно исто.

Јас сум роден тука, во Македонија, во 1974 година. Тогаш беше социјализам и речиси сите луѓе што јас ги познавав (се' до 1990 некаде) беа атеисти. Никој не зборуваше за христијанството како за нешто активно и верно, туку како за вредно културно наследство на кое се гордеевме. Никој не трчаше со крстови по улица и не тепаше луѓе кои протестираат на плоштад, ниту се тепаа ко мајмуни за дрвениот крст на Водици. Црквите си беа отворени за посетители бесплатно, иконите си беа таму, неукрадени, фреските немувлосани, а манастирите ги чуваа понекој поп (монаси немаше) или селскиот кмет. Никој не наплаќаше рекет на влезот, а свеќите беа смешно ефтини. Ги палевме од кеиф, пошто верувам дека знаеш колку децата сакаат да си играат со оган. Попот, ако не пееше добро, знаеја да го дигнат на клоци. И не возеа џипови, како денес.

Назад кон прашањето, кога ме пишуваат други, ме водат како православен христијанин - тоа беа сите мои баби и дедовци. Се сеќавам и на прабаба ми - и она беше православна.

Но, настрана моите биографски податоци, она што мислам дека е овде важно, е дека Книгата ја имам прочитано внимателно - и Стариот и Новиот завет и сметам дека можам да полемизирам и аргументирам по ова прашање. Имам какво-такво познавање од историја на религиите и историја на цивилизациите. Сакам многу и стрипови, исто така...

Аватарот што го гледаш под моето име треба да ти го одговори прашањето за моето гледиште на организираните религии и Господ, воопшто.

Да те прашам јас тебе нешто: Дали и ти ја имаш внимателно прочитано твојата православна-христијанска-ортодокс Книга?

Мене ми се чини дека селективно си читал, ако воопшто... не знам, така ми се чини. Ти што викаш?
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Православен и ортодоксен е едно исто.

Абе шо ги мешаш попојте незнам дека се корумпирани се корумпирани никој тоа не го порекнува ти гледај која религија си по ова што прочитав си православе хрисстијанин
ја знаеш и историјата на поделбата на религиите на источна и западна црква сигурно го знаеш тоа према томе ние сме источна црква и таква ќе останиме за век и веков нашата религија е најака .
А ти ова шо викаш тоа ти е идејата на масоните да направат нова религија заснована на денес познатите религии. е сега од новиот завет наваму значи од исус не е спомнатот никаде дека го забранува свинското месо, познато е дека ги истерал демоните од легион во дивите свињи и толку се спомнуваат тие во новиот завет.
Мухамед муслиманскиот пророк од практични причини го забранил месото.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Според она за кое зборува и по кое се владее, ќе да е евреин бидејки тие се владеат по стариот завет.
тоа и јас гледам цело време врти сучи никако да каже дека е Јеховин сведок од типот на овај ќе си прајт свое толкување на верата пази сите забранети јадења што предходно ги спомна не ги јадат јеховните а најстрашно е што ги јадат животните дури им е душата во телото дури крварат болна религија
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. ...ти гледај која религија си по ова што прочитав си православе хрисстијанин
2. ја знаеш и историјата на поделбата на религиите на источна и западна црква сигурно го знаеш тоа према томе ние сме источна црква и таква ќе останиме за век и веков нашата религија е најака .

3. А ти ова шо викаш тоа ти е идејата на масоните да направат нова религија заснована на денес познатите религии.

4. е сега од новиот завет наваму значи од исус не е спомнатот никаде дека го забранува свинското месо, познато е дека ги истерал демоните од легион во дивите свињи и толку се спомнуваат тие во новиот завет. Мухамед муслиманскиот пророк од практични причини го забранил месото.
Глеадам јас дека по повеќе точки не се разбираме.

1. Јас не сум православен христијанин исто како што не е ниту попот што краде, мами и посакува туѓо. Исто како и сите други кои додека биле бебиња, попот ги попрскал со вода и ги нарекол христијани. Исто како сите на форумов што се чукаат во гради како силни верници, а мислат дека вапцањето јајца во 4 сабајле е почит кон Исус. Или оние кои вртат паричка за Василица и што се коцкаат за Свети Трифун. Не се православни христијани ни оние кои Книгата не ја прочитале, а ОДАТ НАОКОЛУ И ВИКААТ, како што ти викаш на крајот од 2.

2. Не знам како е источната појака од католичката, презбетеријанската, лутеранската, протестантската, адвентистичката, или онаа блесавата мормонска, јеховинската, или било која друга од 20.000-те подваријанти на едното-те-исто-политички востановено Христијанство. Јудеизмот барем се филтрирал од народот израелски. Христијанството е политички институционализирана догма. Толку. Прочитај малку за процесот на креирање на христијанството. Мислам дека ќе ти се разјаснат полно работи.

3. :D очекував кога-тогаш да улетаат масоните :) ... Не. Не зборувам за нова религија. Рационалната мисла и свеста за планетава и универзумот се предалеку отидени за да можеш да се надеваш дека во ова време на информации и информираност некој ќе може да измисли ново чудо како што беше со Исус или Мохамед. Прош'o воз! Единствената можна патека е разоткривање на лагите во и разнебитување на религиите, воопшто. Кога ќе се случи тоа, не знам, но јасно се гледа како стојат работите со религиозноста и вербата во религии (кои и да се) во развиениот свет (освен САД). Колку е земјата поразвиена, а стандардот на живот повисок, толку е поголем бројот на атеисти во нив. Истражувано е. Статистички е значајно. То ти је.

4. И назад на основната тема. Нема стар закон - нов закон. Нема стари или нови правила. А НИКАКО НЕМА СТАР ИЛИ НОВ МОРАЛ (така ти вика Книгата). Основната поставка на религијата е дека Се' е дадено од Господ. И ако Господ вика уби го детето кое не те почитува - ти ќе го убиеш! Ако ти каже ќе јадеш лајна ќе јадеш, пошто така вика Законот. За да не се љутиме, јас ти го цитирав Матеј, кој, пак, го цитира Исус кога вели:
17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне се'.
19 И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно;
Ако си верник, мислам дека треба да си верник до крај. Има само едно упатство (...додуше во два неконзистентни дела, ама, еј, што да правиш - тоа ти е) Не можеш нешто да почитуваш, а нешто не.

Ако Господ кажал немој - НЕМОЈ! ...Освен ако си повремен верник. А знам такви полно, да ти кажам, не би бил сам.

--- надополнето ---

Според она за кое зборува и по кое се владее, ќе да е евреин бидејки тие се владеат по стариот завет.

и

или

Се меѓународно среќавани (не прифатени, пошто за тоа треба институција) симболи за атеизмот.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
ај Проучи го Давид Корешников интересен лик е ќе се најдеш себе си
за јадење на лајна пишува во библијата ќе јадат лајна многу лажни пророци
 
Kajgana Shop

На врв Bottom