ИСЛАМСКА ЕКОНОМИЈА

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
економијата доживува траума....

ја тресе криза светската економија, најголемите светски економски сили се пред рецесија!!!!

но постојат делови кои оваа голема економска криза не ги зафати, ги премина како да не постоеле....

тоа беше исламската економија, економска теорија заснована врз шеријатските прописи на една од најголемите светски религии исламо....

религија која покрај другото оформи нова економска наука, која во последниве неколку години зема се поголем и поголем замав....

60% од англиските банки испратија сопствени економисти и банкари да ја проучуваат исламската економска теорија...

исто така и голем број на германски, француски и американски банки пројавија интерес за воведување на оваа економија во својата пракса....

најголемите светски берзи веќе наголемо рефлектираат и нудат сукук бескаматни обврзници, кои исто така се дел од оваа нова економска етапа....

да видиме и ние тука, зашто ето ова предизвика толкав интерес во светот на економијата....

позз...
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Извини,можеш да ми дефинираш исламска икономика?
Икономика на исламските држави-ДА,но исламска икономика :nenene:
 
ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Извини,можеш да ми дефинираш исламска икономика?
Икономика на исламските држави-ДА,но исламска икономика :nenene:
Ако знаеш нешто за темата пиши за неа а не да шлапаш безврска.
 
kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
а кој ти рече???

исламската економија ти е исто што ти е и обичната...

плус додаваш во продолжение:
основана врз солидарност и принципите дефинирани во шеријатот....

е сега склопи ти дефиниција, ако не можеш кажи и цела ќе ти ја напишам....

поззз.....

Ако знаеш нешто за темата пиши за неа а не да шлапаш безврска.

нека нека....

и без врската не е секогаш без врска....

позз....
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Сконцентрирана е во реалниот сектор, и неоптоварена од финансиски манипулации или игри од берзански шпекулативен карактер.. тоа се предности но имаат и серија на негативности. Сега се интересни бидејќи останаа генерално не погодени од кризата, ама хеј, единствена земја во големата економска криза што остана нечепната беше советскиот сојуз оа никој не се затрча да воведува социјализам нели? :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дефиницијата ја прочитав на википедија,може нешто поконкретно да објасниш за оваа економија?:smir:
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Дефиницијата ја прочитав на википедија,може нешто поконкретно да објасниш за оваа економија?:smir:
Исламските баки ти се мит. Тоа се европските банки напарвени да личат на нешто што би требало да ги почитува ширијатските закони но во реала воопшто и не ги почитува. Речиси универзално се неприфатени од религиските водачи но се толерираат поради економијата и парите.

Што се однесува до нивната успешност во кризава тоа ти е ист случај како во Македонија. Тука имаме послабо развиена економија па помалку се чсутвуваат ефектите. Така и таму само што во нивните еконимии има многу поголема беда.
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Искрено не верувам дека Исламсната економија е некој “подобар лек“ за економската криза (јас би рекол психлошката..)
али интересен правец на деловно работење е во секој случај...ама и применуван е од верниците бидејќи им е силно поврзан со верските принципи..

Еве нешто што сум истражувал по интернетиве на оваа тема...

Oсновните принципи на Исламскиот економски систем се следните:

* Муслиманите не работат со камата.

-Ова забрана е за сите каматно –оснони трансакции,дали тоа ќе биде давање или примање,дали ќе се работи за Муслимани или немуслимани.Соопштено е дека Пратеникот Мухамед с.а.в.с. ги проколнал оние кои ја плаќаат камата, оние кој ја земаат каматата, оние кој што го пишат договорот, и оние кој што се сведоци на договорот.

(((“Оние кој работат со камата ќе се дигнат како како што се дигаат оние кој ќе ги избезуми, допирот шејтански. Ете тоа е заради твредењето нивно:Трговијата секако е слична со на каматата.Трговијата Аллах ја дозволил, а каматата ја забрани. Па на оној дојде поуката од Господарот негов-па ќе се воздржи, негово е она што порано си го спечалил,неговиот случај Аллах ќе го решава, а оние кој што тоа пак ќе го направат - ќе бидат жители Џехенемски, и во него вечно ке останат.(Куран 2 : 275-6)
Не јадете од камата која се удвојува и плашете се од Аллах за да бидете спасени.(Куран 3 : 130). ))))

*Забрането е да се стекнува имот или богатство со измама, итрина,крадење или други лаги.
-посебно е омразено од Заштитникот е да се зема од имотот на сираците

*Забранета е заработувачка од: коцкање, лотарија и производство, продажба и дистибуција на алкохол.

*Незаконски е да се прават резерви на храна и основни потреби.Секој треба да земе колку што му треба и ништо повеќе. (ова најмногу ми се бендисва ...баш е по колективистички принцип...а има и трошка комунизам..тоа е добро!!! )

* Муслиманите треба да бидат одговорни во трошењето пари.Екстраваганцијата и непотребното трошење строго се забранети.

*Плаќање Закат (Милостиња)

***************

Е сеа исламските банки не се погодени од кризава поради тоа што тие немаат удел во тргувањето со долгови и се држат на„безбедно растојание“ од пазарните шпекулации што се случуваат во европските и американските банки.

Исламските банки не се потпираат на обврзници или на акции, а исламското банкарство се разликува според фактот дека шеријатскиот закон забранува купување на долгови.

Исламските банки одбиваат да инвестираат во некои сектори, како во индустријата поврзана со алкохолот, тутунот, игрите на среќа, порнографијата, продажбата на свинско месо.

Во светот има околу 500 финансиски институти, кои дејствуваат во согласност со нормите од Коранот, а во моментов нудат услуги само во Велика Британија, најголемиот финансиски пазар за муслиманите во Европа.

Исламскиот финансиски систем е огромен пазар во пораст со значаен потенцијал на клиенти. Не случајно тие го зголемуваат апетитот на западните банки, на прво место од Лондон, кои се освоени со 700 милијарди долари инвестирани од исламскиот финансиски систем во арапските земји од заливот, како и во Малезија и Индонезија. До крајот на 2010- та година треба да се зголемат за 3 пати.

Француската влада најави дека ќе ги прилагоди финансиските и правните одредби за да се дозволат производи прилагодени на исламските финансии.

Трите најголеми француски банки Société générale, BNP Paribas и Crédit agricole веќе раководат со фондови според исламскиот финансиски модел, но недостигаат специјалисти.

така да...ако се разбирате повеќе во овој начин на водење банка...аплицирајте..веднаш добивате работа! :) :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Хулиган благодарам за објаснувањето навистина интересно.
Нашите банки не се по исламски систем,па и нив кризата ги одмина.Предноста е во традиционалниот начин на финансирање (нема финансиски пазари и размножување на финансиски понуди-секјутаризација).Не даваат кредити на стопанството,изгорени од крахот на банкарскиот систем 93 кога на сите даваа,а никој не враќаше.Предност е и супервизијата од НБРМ која темелно ги следи сите чекори и реагира со промена на менаџмент во прва фаза на потрес.Значи само се разликуваме по каматите,кај нас и плус заработуваат:)
Имам прашање,уште едно:smir:Како ги покриваат своите трошоци овие банки?Кој на драго срце им дава пари?
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Епа колку што јас знам , иако исламските банки не наплаќаат камата - тие за покривање на своите трошоци -земаат дел од остварените приходи !

Исламските банки како систем кој стимулира директни вложувања , а не ги исклучува ни мотивите за класичното штедење..

еве на овој линк
 
kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Хулиган благодарам за објаснувањето навистина интересно.
Нашите банки не се по исламски систем,па и нив кризата ги одмина.Предноста е во традиционалниот начин на финансирање (нема финансиски пазари и размножување на финансиски понуди-секјутаризација).Не даваат кредити на стопанството,изгорени од крахот на банкарскиот систем 93 кога на сите даваа,а никој не враќаше.Предност е и супервизијата од НБРМ која темелно ги следи сите чекори и реагира со промена на менаџмент во прва фаза на потрес.Значи само се разликуваме по каматите,кај нас и плус заработуваат:)
Имам прашање,уште едно:smir:Како ги покриваат своите трошоци овие банки?Кој на драго срце им дава пари?
во врска со ова јас ќе ти помогнам...

како прво исламските банки не кредитираат туку инвестираат....

ти како менаџер со идеа за бизнис одиш во исламска банка, ја образложуваш сопствената идеа, банката го разгледува тојот предлог и решава дали вреди да инвестира или не....

ако реши да инвестира, влегува во преговори со тебе, во тие преговори се утврдува стапката на сопственост на менаџерот и банката...

после договорот се настапува на реализација на проектот, во кој како сопственици влегуваат банката и менаџерот, ја реализираат идеата, а после реализацијата бизнисменот започнува да м ја одкупува сопственоста на банката, па така по одредено време бизнисменот станува целосен сопственик на бизнисот....

за тоа време додека менаџерот го откупува бизнисот, тој функционира и остварува одреден профит, кој профит се дели меѓу сопствениците, според процентот на сопственост, со тоа банката заработува....

мислам дека бев јасен...

позз...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Цена на ризикот е камата.Од таа камата банките имаат дел за покривање трошоци,дел е профит.Овие исламски банки немаат камата но работат со депозити,доста интересен систем.Во превод,оние средства кои ги оставаат граѓаните во банка,они ги вложуваат во профитабилни проекти и така опстојуваат.Од страна на граѓаните,банките им служат само за трансакциони цели,бидејќи немаат камата на своите пари.Имаат и систем за штедење,на кој немаат камата,туку банката им дава дел од својот профит.
Значи целиот систем се темели на доверба или на нашки даден збор.За да успее,сите треба да бидат чесни и да си стојат на зборот.Овој банкарски систем пати од сите можни ризици,освен од каматниот ризик.Бидејќи останатите карактеристики му се како нашиот систем,овој нема проблем со глобалната криза,освен ако непрофитабилно ги вложиле своите пари.
Замислете кај нас ваков систем со локал мафијаши и апаши,па нема еден денар да ни остават.
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Abe mu doagja ko investiciski fond.

.Имаат и систем за штедење,на кој немаат камата,туку банката им дава дел од својот профит.
Leandra, cinam deka i boldiranoto moze da se smeta kako kamata... oti neli i tie pari nema ti da gi zarabotis, tuku gi dobivas na "gaga" za odreden vremenski period... ama sepak ne sum siguren. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom