Укинување на визите = иселување

  • Креатор на темата Креатор на темата HEATHY
  • Време на започнување Време на започнување
да ве опитам нешто,дали ако Словенија ги укине визите на 19 ти,ке може преку неа да се транзитира кон останатите шенген земји......или важи само за дежелата....јас сум обложен дека важи за сите само ако влезеш преку Словенија:toe:
 
Јас колку што разбрав важи за сите земји,но они треба сами да се изјаснат дали ќе не прифатат.Само во Грција ќе се влегува со некој лист без пасош,зошто не ни го признаваат.Останатите земји од Шенген зоната ќе ги отворат вратите,но цариниците можат да те вратат од граница ако не им се бендисаш.
Честито нека ние.19 години го чекам овој безвизен режим,ајде да прошетаме послободно низ светот,доста беа дремења,молења и колења пред амбасади.Конечно среќна вест.
 
Ок е, али да ги разработиме сите околности. За влез во Словенија ќе бараат некое гарантно писмо, тоа ќе го набавиме. Ќе требаат пари да се покажат, е тоа може да биде проблем. Имам слушнато дека може да има помош за тоа од агенциите за превоз.

Па сега што размислувате, знаете вие!?
 
...гарантно писмо??? од кого??? режимов е БЕЗВИЗЕН или БЕЗВЕЗЕН??? да не биде како најниските рамни даноци на Гwујо....???:)
 
...гарантно писмо??? од кого??? режимов е БЕЗВИЗЕН или БЕЗВЕЗЕН??? да не биде како најниските рамни даноци на Гwујо....???:)

Ти треба резервација во хотел, или покана од роднини, пријатели, компании, се разбира по случаен избор доколку цариникот мисли дека си сумлив, треба да те провере. Е сега за парите што треба да ги носиш, мислам за Словенија е 250 евра за планиран ден престој. Мислам дека ако одиш со некоја агенција може тие да помогнат, мислам дека и они носат пари, па да ти олеснат со сумата потребна.

Ако има некој некоја информација, нека ја сподели.
Поздрав
 
Таква гаранција бараа кога се вади виза. Дали и сега истото ќе го бараат? Оти едно е да бараат да покажеш дека имаш пари (тоа го бараа и хрватите на граница), а друго резервација или гарантно писмо. Според ова, ако ти се точни информациите за гаранција или резервација, ништо се нема променето (осим тие 35 евра за виза).
 
Слободно патување не значи апсолутно слободно:tv:

Македонските граѓани веќе нема да вадат визи во амбасадите. Се што ќе им биде потребно за да патуваат во ЕУ ќе биде новиот биометриски пасош и доказ дека финансиски можете да ги издржите престојот во посакуваната земја.

Доказ за финансиите може да ви биде банкарска гаранција или, пак, писмо од роднини или пријатели кои ќе гарантираат оти ќе имате каде да се сместите и храните.
Постојат уште два услови кои и не зависат толку од самите граѓани. Првиот е да не сте на нивната црна листа на лица на кои им е забранет влез во ЕУ.
Вториот е дискреционото право на граничарите на земјата во која планирате да одите да ве вратат доколку проценат дека сте закана по редот и мирот или пак ако сметаат дека сте потенцијален емигрант.
„Слободно патување не значи апсолутно слободно, туку дека граѓаните во земјите кон кои ќе се урне визниот режим и во кои ќе може да се патува без визи ќе имаат право да останат во шенген зоната максимум до 3 месеци во рамки од 6 месеци, што се смета од првиот ден на влез“, вели Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање политики.
Укинувањето на визите не значи дека граѓаните ќе можат и да работат во земјите на ЕУ. Таму можете да отидете само туристички.
sanja-kostovska.jpg
Сања Костовска
„За кој било поинаков ангажман, како на пример работна дозвола или подолг престој вон споменатите временски рамки, тоа потпаѓа под надлежност на конкретната земја членка“, објаснува Костовска.
Од МВР велат дека македонските граѓани се подготвени за укинувањето на визите. Според нивната евиденција, нови пасоши досега зеле околу 460.000 граѓани или над 70 насто од тие што поседуваа од старите.
Без визи ќе се патува во сите 25 европски земји дел од Шенген зоната првично формирана во 1985 година. Сите земји на ЕУ се дел од неа, освен Ирска и Велика Британија. За таму и понатаму ќе требаат визи.
Исклучок се и Бугарија, Романија и Кипар, кои се уште не се дел од зоната, бидејќи не се технички подготвени. Три земји, Исланд, Норвешка и Швајцарија пак, иако не членки на ЕУ, се дел од Шенген зоната.
Важно е да се напомене дека укинувањето на визите ќе важи и за Грција, но бидејќи тие не го признаваат македонскиот пасош, модалитетот допрва ќе се бара.
Најверојатно ќе издаваат некаков документ на самата граница.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111475

Што е потребно за патување во ЕУ?:tapp:
12.11.2009 16:06

Од 19-ти декември или најдоцна од 1 јануари - граѓаните ќе можат слободно, без визи, да влегуваат во Шенген зоната, убедени се во Министерството за надворешни, во пресрет на финалната одлука на ЕУ.
Ослободувањето од визите ќе се однесува на сите групи граѓани, без исклучок. Се што ќе биде потребно за патување ќе биде новиот биометриски пасош, или стариот, но со валидна важечка виза. На првата граница од Унијата не е исклучено, граничните службеници освен да се распрашаат за тоа каде и зошто патувате, да ви побараат и доказ дека финансиски можете да го издржите престојот.
Од МНР препорачуваат поради сигурност, да се носи банкарска гаранција, резервација од хотел или пак писмо од роднини или пријатели дека ќе има каде да се сместите и храните.
Сепак, и доколку ги исполните сите наведени препораки, постои мала можност да ве вратат од граница, доколку проценат дека сте закана по редот и мирот или сте потенцијален емигрант. Во тој случај, ќе треба да ви дадат писмено образложение за таквата одлука.
granica-grcija-guzva.jpg

„Слободно патување не значи апсолутно слободно, туку граѓаните и земјите кон коишто ќе се сруши визниот режим, којшто ќе може безвизно да патуваат, имаат право да останат во шенген зоната, максимум до три месеци во рамки од шест месеци што се смета од првиот ден на влез“, вели Сања Костовска, аналитичар на ЦИКП.
Ослободувањето на визите се однесува за туристичките патувања, не и за подолг престој, на пример за студии, или пак за работа.
Без визи ќе се патува во сите земји од ЕУ со исклучок на Велика Британија и Ирска. Освен во нив, слободно ќе се патува и во Исланд, Норвешка и Швајцарија кои иако не членки на ЕУ, се дел од Шенген зоната. Укинувањето на визите ќе важи и за најчестата дестинација на граѓаните - Грција, но техничките детали како ќе се спроведува се уште се договараат.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116195
 
Ќе можат луѓево да тркнат и поработат во Грција ништо повеќе :toe:.
 
Еее, ќе го бараме времето кога се идеше Бугарија кој како ќе му текне (па и Грција, само со едно пусулче за на граница).

Ослободувањето од визите ќе се однесува на сите групи граѓани, без исклучок.
Значи ова не е баш ова...на запад ништо ново. Мое мислење е дека ова нема врска со безвизен режим. Безвизен режим беше за во Грција (едино што ќе платиш за влез 30 и нешто евра), а ова ми е некако без врска.
 
Е сега за парите што треба да ги носиш, мислам за Словенија е 250 евра за планиран ден престој.

А ако носам само ситниш и кредитна картица.....и на тој педер од цариник од дежелата му речам дека низ Словенија планирам само со 150 на саат да прошишам до Австрија?
 
Жива глупост се овие услови испаѓа поарно дека ми беше кога ги посетував роднините во Германија со виза тој граничарот ни пари не ми побара ни ништо само ми рече welcome to Frankfurt :) Сега што треба да зимам пари со мене гаранција (невработен студент) да ги посетам роднините а скоро цела фамилија ми е во Германија кај што знам дека ни еден цент нема да ме остават да потрошам и да му текне на тој типацот граничар имал лоша вечер му изгубила омилената екипа девојка му не му дала па сега ке се истура на мене ко некоја стока да се тресам да му ја мислам сум платил карта 400 евра за да му текне во последен момент да ме врати и да ми пише глупо писмо со демек оправдања зш не ме пуштиле.Глупости
 
А ако носам само ситниш и кредитна картица.....и на тој педер од цариник од дежелата му речам дека низ Словенија планирам само со 150 на саат да прошишам до Австрија?
Ко хрватите, сигурно че ти бара средства ако сакаш да се движиш по нивната света земја :)
 
Еее, ќе го бараме времето кога се идеше Бугарија кој како ќе му текне (па и Грција, само со едно пусулче за на граница).

Значи ова не е баш ова...на запад ништо ново. Мое мислење е дека ова нема врска со безвизен режим. Безвизен режим беше за во Грција (едино што ќе платиш за влез 30 и нешто евра), а ова ми е некако без врска.

Ova ti e isto vizen rezim,samo po moderen nacin,graganite kuznajt kolku problemi ke imat so carinicive i so policajcive koga ke odat vo EU,a siguren sum deka ke ima i slucaji kade sto nekoj ima da bide i vraten nazad..:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom