Во Струмица ќе има нови 1.200 вработувања

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
како и да е ке има вработени ако треба нека бидат и 50 луге
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Времето ќе каже.
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
212
Поени од реакции
12
Во Струмица ќе има нови 1.200 вработувања

Струмица ќе стане центар за информатичка технологија во Македонија, по примерот на Естонија. Американска компанија ќе отвори центар за информатичка технологија и управување со софтверски апликации, и ќе вработи 1.200 млади луѓе.

Преку центарот во Струмица оваа компанија ќе управува со 3.600 коминтенти во светот.

„Се одлучивме да инвестираме тука, бидејќи станува збор за област, која се уште никој не ја допрел. Тоа е област која дава многу можности за децата, за да станат дел од новиот технолошки сектор“, изјави Тимо Бакландо, претставник на американска компанија.

Домот на армијата, каде денеска се одржа презентацијата, беше претесен да ги собере заинтересираните струмичани за работа во оваа фирма.

„Веќе сум информиран дека имаме 820 апликанти, аплицирањето ќе трае постојано, но завршува до 30 јули.

Целта е да се дојде до некоја бројка од две-три илјади луѓе коишто ќе аплицираат. На крајот ќе има вкупно преку 1.200 работни места“, вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Компанијата со работа ќе започне идниот месец, а сите пријавени ќе поминат низ три месечна обука. најдобрите 1.200 ќе бидат вработени.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=110310

Секоја чест за мојот град, 1200 луѓе тоа се 1200 фамилии...
Струмица и онака економски цветаше во споредба со другите градови , сега мислам дека нема кој да не сопре...

Е тек тогаш патлиџаните ке бидат 200 денари кило,ама аирлија нека е работава белки ке тргне
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
За оваа инвестиција (или перење пари) обратете се кон Заев и Црвенковски кои денес се испофалија за "инвестицијата"...
И баш ме интересира кога сега дознавте дека инвестицијава е поддржана од Заев и БЦ дали ќе се смени текот на дискусијата, дали ќе почне фалење наместо неверување. :)
Што е битно кој,како или со кого?Додека другите градоначалници во Македонија се натпреваруваат кој ќе изгради повеќе и поголеми фонтани,или какви раскошни споменици па и детски игралишта со “портокалов дезен“,Итар Пејовци со чешми шарени,Струмичани треба да се среќни доколку навистина се оствари ваквата замисла како инвестиција,а Заев ќе го изберат за доживотен градоначалник доколку продолжи со вакво темпо.Па само една Струмица има повеќе инвестиции одколку цела Македонија бе,и во право биле луѓето кој демонстрираа за да го пуштат од затвор нивниот градоначалник.Да гледаме малку реално на работите иако јас не можам да се сетам на ни една инвестиција,целосно и успешно спроведена од оваа власт,значи не повеќе туку само една би било доволно да се спомне за да се види дека и останатите работат нешто на полето од економијата во оваа земја.
Струмичката приказна треба да биде сигурен знак дека владата во оваа земја има целосно погрешен пристап кон инвестициите за овие 3 и кусур години.Не смее тука да се земе за оправдување светската економска криза од која ние не бевме ни засегнати според зборовите на владините министри,посебно доколку се знае дека таа криза важи и за Струмица.:toe:

како и да е ке има вработени ако треба нека бидат и 50 луге
И јас тоа го велам.

Е тек тогаш патлиџаните ке бидат 200 денари кило,ама аирлија нека е работава белки ке тргне
Ќе си увеземе од Турција за по 10 денари килограм.Некои работи се толку едноставни,нели?:toe:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Аууу колку ве жалам...Знам дека ве боли што немате градоначалник како наш Зоки , и дека во вашите градови 10 години немаат една инвестиција , но тоа е...Се смеете кога народот протсетираше да го пуштат од притвор , но сега сите сте свесни уствари каков човек е тој и се обидувате да го зацрните , е тоа така неможе.
Струмица продолжува да се разубавува , народот продолжува да се вработува.А вие јадете .... уште колку сакате.:pipi:
 
Седи бе,прво рипни па после викај ОП!Да не излезе работата пак да корнете трева за Заев.Знаеш ли колку инвестиции беа најавени во повеќе општини низ Македонија,ама ни една не се оствари?Или се остварија по некои со катастрофални последици како Шведмилк.:toe:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Аман веќе...
Ќе видиме што ќе стане...времето ќе каже...
Пак ќе кажам дека сум ПРЕМНОГУ сомничав (мојот прв пост на темата)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Аман веќе...
Ќе видиме што ќе стане...времето ќе каже...
Пак ќе кажам дека сум ПРЕМНОГУ сомничав (мојот прв пост на темата)
Па во недостаток на политика,мора барем малку да имаме политичка економија,колку да не седиме џабе.:smir:
 
bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Седи бе,прво рипни па после викај ОП!Да не излезе работата пак да корнете трева за Заев.Знаеш ли колку инвестиции беа најавени во повеќе општини низ Македонија,ама ни една не се оствари?Или се остварија по некои со катастрофални последици како Шведмилк.:toe:

ке биде нешто од оваа инвестиција нема да биде како шведмиЛк...барем до сега како шо е кажал зоран заев се е направил
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Па во недостаток на политика,мора барем малку да имаме политичка економија,колку да не седиме џабе.:smir:
Има една Струмичка поговорка која вели вака: Тоа ако е вистина ебати лажата што е! :smir:
Неколку нереални работи:
1. Од цел свет баш Струмица ли ја најдоа за инвестиција? :raz:
2. Ај да бараа до 10 програмери ќе поверував ама 1.200 нели ти се чини дека се многу,дури и во Глобал да ги закупат сите дуќани нема да има место за сите 1.200
3. Да не се занесуваат децата дека пишувањето постови на Кајгана и програмирањето е исто?
4. ......
5. ......

ке биде нешто од оваа инвестиција нема да биде како шведмиЛк...барем до сега како шо е кажал зоран заев се е направил
Направи и 8.000.000 милиони €,тоа ли да го земеме како ветување?!
 
bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Има една Струмичка поговорка која вели вака: Тоа ако е вистина ебати лажата што е! :smir:
Неколку нереални работи:
1. Од цел свет баш Струмица ли ја најдоа за инвестиција? :raz:
2. Ај да бараа до 10 програмери ќе поверував ама 1.200 нели ти се чини дека се многу,дури и во Глобал да ги закупат сите дуќани нема да има место за сите 1.200
3. Да не се занесуваат децата дека пишувањето постови на Кајгана и програмирањето е исто?
4. ......
5. ......

пеер не мора да се ги вработат сите 1.200 как шо кажах и у друг пост и 50 да вработат е арно... а може веке ак ги местат у касарната цела касарна е празна...

Направи и 8.000.000 милиони €,тоа ли да го земеме како ветување?!

не е тука мабето за 8.000.000 евра ама ај докажи оти е земал и + и да е земал права за градо не е како некој шо краде 8 години ,а ништо не направи на пр. КИРИЛ ЈАНЕВ
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
пеер не мора да се ги вработат сите 1.200 как шо кажах и у друг пост и 50 да вработат е арно... а може веке ак ги местат у касарната цела касарна е празна...
Еми за касарната се спремат тие што виореа знамиња,мислиш ли дека ќе ја добие таа фирма?
Да излезеше некој представник од фирмата можев да поверувам колку толку ама штом политичарите се мешаат таму кај што не им е местото тогаш сето тоа ќе биде ГОЛА ВОДА!
 
bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Еми за касарната се спремат тие што виореа знамиња,мислиш ли дека ќе ја добие таа фирма?
Да излезеше некој представник од фирмата можев да поверувам колку толку ама штом политичарите се мешаат таму кај што не им е местото тогаш сето тоа ќе биде ГОЛА ВОДА!

бате секој си има своо мислење ама как шо гледам..малко си политички настрооон тка да скини ГА
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
бате секој си има своо мислење ама как шо гледам..малко си политички настрооон тка да скини ГА
Не сум политички настроен ама не сакам некој да ме тегли за носот,нека вработат барем 10 од тие 1.200 ќе биде добро,доста беа лажи дека ќе дојде подобро утре ама утре пак ќе го кажеме истото и се ние ќе си чекаме утре...
 
bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Не сум политички настроен ама не сакам некој да ме тегли за носот,нека вработат барем 10 од тие 1.200 ќе биде добро,доста беа лажи дека ќе дојде подобро утре ама утре пак ќе го кажеме истото и се ние ќе си чекаме утре...

ак не сакаш зашо читаш и пишаш на таа тема ја оди у чек диск аут тама нема кој да те лаже... как шо викаш оти те лажат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom