Во Струмица ќе има нови 1.200 вработувања

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Во Струмица ќе има нови 1.200 вработувања




Струмица ќе стане центар за информатичка технологија во Македонија, по примерот на Естонија. Американска компанија ќе отвори центар за информатичка технологија и управување со софтверски апликации, и ќе вработи 1.200 млади луѓе.

Преку центарот во Струмица оваа компанија ќе управува со 3.600 коминтенти во светот.

„Се одлучивме да инвестираме тука, бидејќи станува збор за област, која се уште никој не ја допрел. Тоа е област која дава многу можности за децата, за да станат дел од новиот технолошки сектор“, изјави Тимо Бакландо, претставник на американска компанија.




Домот на армијата, каде денеска се одржа презентацијата, беше претесен да ги собере заинтересираните струмичани за работа во оваа фирма.

„Веќе сум информиран дека имаме 820 апликанти, аплицирањето ќе трае постојано, но завршува до 30 јули.

Целта е да се дојде до некоја бројка од две-три илјади луѓе коишто ќе аплицираат. На крајот ќе има вкупно преку 1.200 работни места“, вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Компанијата со работа ќе започне идниот месец, а сите пријавени ќе поминат низ три месечна обука. најдобрите 1.200 ќе бидат вработени.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=110310


Секоја чест за мојот град, 1200 луѓе тоа се 1200 фамилии...
Струмица и онака економски цветаше во споредба со другите градови , сега мислам дека нема кој да не сопре...
 
Знае ли некој кои услови треба да бидат исполнети за пријавување ?
 
Во Струмица ќе има нови 1.200 вработувања

Струмица ќе стане центар за информатичка технологија во Македонија, по примерот на Естонија.

Американска компанија ќе отвори центар за информатичка технологија и управување со софтверски апликации, и ќе вработи 1.200 млади луѓе.

Повеќе би сакал да прочитам

-со изоставено ќе
-без ќе и наместо „стане’’ да стои „стана’’
-исто без ќе

Од многу ќе веќе боли глава!
Поарно од ќе во секој случај е: се, е

пример: ...е отворено, се вработени итн...
 
абе ајдееее 24 часа 48 проекти готови...мед и млеко...еднаш имаме економски зони па информатички....ветер и магла е ова:toe:

Повеќе би сакал да прочитам

-со изоставено ќе
-без ќе и наместо „стане’’ да стои „стана’’
-исто без ќе

Од многу ќе веќе боли глава!
Поарно од ќе во секој случај е: се, е

пример: ...е отворено, се вработени итн...


ааааааа да да така!!!
 
Повеќе би сакал да прочитам

-со изоставено ќе
-без ќе и наместо „стане’’ да стои „стана’’
-исто без ќе

Од многу ќе веќе боли глава!
Поарно од ќе во секој случај е: се, е

пример: ...е отворено, се вработени итн...


Како што читам веќе аплицирале луѓе...
 
Дај боже нека отворат. Само да не е некој Моше Баум. :helou:
 
Изгледа тоа е тоа што пред извесно време Заев го најави...
Инаку...доста сомнително ми е.
Кога се појави муабетов, беше дека ќе се вработат 300 лица...сега се 1200.
Сите ќе добијат лаптоп...И?
Не се гради ништо, најверојатно нешто со работа од дома, и сигурно лицата кои ќе бидат ангажирани, ќе работат нешто хонорарно.
А тоа, не е вработување...
Ќе бидам радосен да грешам...ама...
 
Убаво е ова што ќе отворат. Би сакал да отворат вакво нешто во Куманово
 
Немој да ме пцуете ама јас се согласувам со сите песимисти што постирале пред мене на темава.
Мислам дека веќе имаме видено повеќе вакви ветри и магли:kesa:
 
Немој да ме пцуете ама јас се согласувам со сите песимисти што постирале пред мене на темава.
Мислам дека веќе имаме видено повеќе вакви ветри и магли:kesa:

Повеќе би одговарало....реалисти.....

....абе Микрософт не може да си дозволи толкав број на нови луѓе а не некоја си безимена компанија.:toe:


...мислев дека времето на „Филмски новости’’ пројде.....или се лажам!?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom