- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Во Струмица ќе има нови 1.200 вработувања
Струмица ќе стане центар за информатичка технологија во Македонија, по примерот на Естонија. Американска компанија ќе отвори центар за информатичка технологија и управување со софтверски апликации, и ќе вработи 1.200 млади луѓе.
Преку центарот во Струмица оваа компанија ќе управува со 3.600 коминтенти во светот.
„Се одлучивме да инвестираме тука, бидејќи станува збор за област, која се уште никој не ја допрел. Тоа е област која дава многу можности за децата, за да станат дел од новиот технолошки сектор“, изјави Тимо Бакландо, претставник на американска компанија.
Домот на армијата, каде денеска се одржа презентацијата, беше претесен да ги собере заинтересираните струмичани за работа во оваа фирма.
„Веќе сум информиран дека имаме 820 апликанти, аплицирањето ќе трае постојано, но завршува до 30 јули.
Целта е да се дојде до некоја бројка од две-три илјади луѓе коишто ќе аплицираат. На крајот ќе има вкупно преку 1.200 работни места“, вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица.
Компанијата со работа ќе започне идниот месец, а сите пријавени ќе поминат низ три месечна обука. најдобрите 1.200 ќе бидат вработени.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=110310
Секоја чест за мојот град, 1200 луѓе тоа се 1200 фамилии...
Струмица и онака економски цветаше во споредба со другите градови , сега мислам дека нема кој да не сопре...