Прво морам да кажам дека толку глупости и неподржани работи прочитав што не ми се верува.
Никој не ги брка докторите напротив тие се ставени во златно звоно па затоа и се случуваат овие арботи кои се случуваат денес. Да не беше така досега десетица доктрои ќе лежеа во затвори. ако не се лажам во Македонија се уште нема ниту еден доктор осуден.
А не ми е јасно како тоа мислиш лошо се третирани. На кој начин? Кој ги третира толку лошо?
Златно ѕвоно?? Кажи ми ја основата на ова пошто можам и ќе ти наборојам 10 работи минумим каде ич не ми изгледа дека некој е во стаклено ѕвоно...:nenene:
Кој ги третира? Тие што се партиски поставени и што се моментално директори на клиники и предходните директори што биле но се сменети поради партијата.. Ете кој.
Непрофесионалноста на здравството кај нас ги минува сите граници.Примери милијарда.Мислам дека нема човек кој немал лошо искуство со здравствената услуга.Итен случај после полноќ-лекарите се лути зошто ги будиме молим ти се?
Тие земаат плата за да работат или да спијат?А тоа што се работи за сериозен случај не е воопшто битно него жестоко се расправаат и напаѓаат што сонот им бил прекинат?
Обичен лекарски преглед и доаѓа ред за зимање на крв од вена.Две сестри не можат да ја погодат вената добри дваесет минути и си боцкаат постојано, се додека особата не се онесвестува од болки поради преголемите модрици и отоци од безуспешното погаѓањето во целта.Навистина некој треба да се учи на некого, ама за лаборантите има пракса на фантоми...
Друга работа е со несоодвтноста на лекарствата што ги препишуваат и квалитето на вакцините.Точно е и тоа дека дури и една Америка има проблем со квалитетот на вакцините кои предизвикуваат премногу болести навесто да излечат и да спречат нешто, но сепак тоа не е оправдување.
Треба да се преземат сериозни мерки...
Жити мене од каде информацииве? Немој вака пер.. Мајка ми непрофесионала е? непрофесионали се тие што се избуткани и заедно ставаат пари во џеб. Тие се непрофесионални пошто ги боли к**от, зашто да работи кога 10 000 евра од проект земал?
Фантоми? Поради *можноста* за пракса на фантоми мило, докторки работат на гинекологија и сеуште незнаат дете да породат! Студентите се толку осакатени поради немањето пракси тоа е тажно, навистина е тажно .
Ало...нема броење на позитивни ствари се додека не престанат смртните случаи поради вина на мрзеливите доктори...Неможе некој да рече “Еј, и шо сеа ако оној умре, вчера 2ца спасив...“
Ова од сигурни извори знаеш дека дека смртта настапила поради мрзливоста на докторите или?? Неможе сите да ти преживеат на маса, мора некој и да умре нели?
Пред месец дена имав одвратни неподносливи(според мојата хипохондричка природа-смртни)болки во пределот на грбот и стомакот. Не можев да дишам. Се онесвестував од болка. Во Воена болница каде што итно ме однесоа, лекарите како да не работат ноќе. Да му е страв на човек да добие напад ноќе. 35 минути се будеше единствениот лекар на спратот, за да непрегледувајќи ме, ми акне 2 инјекции Кетонал и Дијазепам. Ни дијагноза, ни препорака... После тоа од пресилното дејство на овие инјекции добив запаление на желудник(гастритис). Од едно ,,те лечат", од друго те разболуваат. И само вие мајки и татковци-напред, буткајте ги вашите неспособни и незаинтересирани деца во средното медицинско училиште. Само така! Утре ќе умираме заради нивната незаинтересираност и некомпетентност на која вие ги лечите вашите комплекси. И тешете се дека имаме подобро здравство од Америка. Тоа е една од малкуте земји споредбено со која нашето здравство е совршено. Канада-е тоа е филмот!
Мими, неможам ни да се сетам колку пати до сега имам трпено кетонал во гз. Секој пат болел, секој пат стомакот ми бил партал и сум пиела спазмекси и еглонили. Инекцијата е таква. Ако повеќе ти одговарала болката во грбот тогаш нема да земеш кетонал. Не е во ред ако не те известиле дека боли, затоа што навистина боли знам како е. За желудникот ти кажав дека можно е тоа да добиеш и затоа те предупредив да јадеш повеќе од нормалното и да пиеш повеќе течности за да не се создадат екстра проблеми.
И неможете така да зборите за здравството. Тие што вие ги зборите се тие корумпираните, кои поради тоа што пливаат во пари воопшто не им е до спасување на живот. А ретко кој може да стигне да биде лечен од некој што е на таква висока функција пошто си имаат критериуми кои им се клиентелите. И нештава нити ги читам од весници, нити слушам А1 пошто толку знае медиум да извитопери работа, тоа е просто неверојатно!