igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Во државава се е поважно од нашето здравје. Се инвестира во градење на цркви, споменици, филхармонии, во билдање на администрацијата и с триста други чуда, а не се посветува ни најмалку внимание на нашето здраство. Прашањето е до кога?
Еве најновата сторија за жал вакви ги има стотици.
Еве најновата сторија за жал вакви ги има стотици.
Мојот татко ќе беше уште жив доколку лекарката од итната медицинска помош реагираше веднаш и му пружеше соодветна медицинска помош, обвинува Зоран Атанасовски, во јавноста познат како Монси.
Се почнало на 4-ти јуни попладнето, кога неговиот татко Трајко, местејќи ја светилката паднал од столчето и удрил со главата во бетонот. Од ударот добил крварење во мозокот.
Неколку часа подоцна кога се јавиле првите симптоми. Го повикал својот син, а тој итната медицинска помош.
„Им објаснивме дека станува збор за пад, дека повраќа, дека му е лошо, дека се поти. Докторката го погледна не многу заинтересирано, му измери притисок“, вели Зоран Атанасовски - Монси.
„Значи, не му ги погледна ниту зениците, му даде Дијазепам и Ласекс и ми кажа да ја изгаснам струјата и да лежи во темно и дека се ќе биде во ред“, објаснува Монси.
Ситуацијата се влошила два часа подоцна. Повторно била повикана итната медицинска помош.
„Ми кажаа дека станува збор за мозочен удар и да му ставам „Памперс“ бидејќи ќе мокри и наутро во 8 часот повторно да им се јавам да дојдат да го покријат со терапија“, рече тој.
Брзата помош дошла и на третиот повик. Биле револтирани. Немале носилка, па во ќебе го изнеле Трајко кој веќе запаѓал во кома. Шоферот го предупредил Зоран да земе кесе и крпа за да го чисти подот од повраќање, да викне и пријатели, бидејќи на клиника нема кој да ја турка количката.
На неврохирургија веднаш била направена операција на мозокот, но веќе било доцна.
„Откако ги виде снимките дека се работи за масивно крварење во мозокот, дека многу време се чекало да се донесе на клиника и дека е многу тешко да преживее“, објаснува Монси.
Доктор Кирил Лозанче кој ја извршил операцијата, за А1 изјави дека Трајко најверојатно ќе се спасел доколку бил донесен навреме.
Зошто таа ноќ лекарите трипати ја менувале дијагнозата - од лесен потрес на мозокот, до мозочен удар? Зошто не го однеле на клиника веднаш? Ќе се води ли истрага за случајот?
Одговорот го побаравме во Управата на итната медицинска помош. Веднаш знаеја за што се работи, не сакаа да кажат по која дијагноза бил третиран починатиот Трајко.
„Фамилијата на пациентот или пак пациентот доколку тој е во можност има право да си побара медицинска потврда од страна на службата во којашто ќе стои за сите интервенции“, изјави Мака Поповска од Управата на итна помош.
„Понатаму, ако има забелешки, се проследува целиот случај до комисија која ќе го разгледа случајот во однос на тоа дали имало неправилности во однос на работата на екипата“, рече Маја Поповска.
Семејството за несоодветно лекување и неукажување на медицинска помош ќе се жалат во надлежните домашни и странски институции.