Paranoik
내 ♡, ∞.
- Член од
- 10 август 2008
- Мислења
- 1.873
- Поени од реакции
- 451
Ти се сметаш за доволно компетентен да разликуваш искрено од лажно извини?Да те потсетам на едно нешто за кое и сама знаеш дека е вистина колку и да сакаш да покажеш дека не веруваш во тоа.
Убавиот збор железни врати отвара.
И не, не им се придава огромно значење на зборовите. Голема грешка е штом размислуваш така.
Се придава големо значење на гестот. Искреното извини е нешто за кое треба да се има доблест да се каже. А таа доблест не ја поседува секој.
Затоа извини ми значи и како збор и како гест.
И кои се начините да ги разликуваш?
Според тебе, искрено извини би значело со солзи, напатени погледи и слично, ветувања дека нема да се повтори? Од каде знаеш дека сето тоа не е лажно? Од каде знаеш дека особата која ти згрешила нема задни намери со тоа негово/нејзино извини?
Убавиот збор железни врати отвара, но само ако и оној што ги слуша има некаква корист од попуштањето.
Инаку, нема шанси зборот да те омекне, да те натера да размислуваш.
Се` е до делата.