"Има надеж за нас"
Фудбалерите на Милан, неочекувано доживеаа пораз на гостувањето против Наполи и по овој неуспех, сосема е неизвесно дали следната година ќе настапува во Лигата на шампионите.
"Ова беше многу лош ден за нас, Наполи играше одлично и сосема заслужено забележа победа. Мислам дека не пресече првиот гол. Ние тргнавме во офанзива, а противникот постигна гол преку одличен против напад", рече по натпреварот тренерот на Милан, Карло Анчелоти.
Пред последното коло, четвртопласираната Фиорентина влегува со предност од два бода и шефот на струката на Милан сепак се надева на пласман во елитното европско клупско натпреварување.
"Мораме што побргу да го заборавиме овој натпревар и да се свртиме кон дуелот со Удинезе. Се надевам дека Фиорентина ќе загуби во Торино, а нормално дека ние ќе победиме и тоа ќе значи пласман на четвртата позиција. Се надевам само дека Торино ќе го одигра натпреварот во свој стил и дека ќе успее да победи и ние ќе ја реализираме целта, а тоа е пласман во Лигата на шампионите", заврши Анчелоти.
ако ако , надежта последна умира :pos2: