Не постојат валидни документи од нехристијански извори кои даваат доказ за животот и делото на Исус.
Постојат многу фалсификатаи и накнадни уфрлени текстови и документи. Имаш и пишувања делка римските легии кои царот Римски ги пратил да го спасат Исус задоцниле еден ден иако кутрите римски легионери цела нокј марширале до истоштеност за да го спречат распнувањето, имаш и писма кои исус му ги праќал на некои кралеви и кралевите што му ги праќале нему имаш писма кои Пилат ги праќал до римскиот сенат во кои ги моли Исус да го прогласат за бог, имаш и опис како кога Исус дошол пред пилата штитовите и ознаките на римските војници самите се поклониле и Пилат барал од исус пак да им се доближи и тие пак се поклониле, имаш многу о тоа кое за жал не може да се докаже како вистина и кое не соодествува со вистината. За многумина библијата е прикаска која се случува во некој нестварен нереален свет и време, но Исраел, Галилеја, Јудеја, Ерусалем... беа и те како вистинити во тоа време и настаните се историски забележани. А таму нема ни помен за некој си исус или чудата кои ги правел. Та дури и првите христијани појма немаа за некои работи кои ги измислиа подоцнежните христијани (безгрешно зачнување од девица, предавството на Јуда гробот на Исус......) Како што одминуваше времето се намножуваа предметите и писмените “докази“ за и околу исус. Денес во светот има преку 40 свети чаршафи во кои беше завиткано телото на исус, имаме еден куп парчиња на дрво од светиот крст кои заедно тежат неколку тони, имаме десетици шајки со кој е закован имаме неколку копја 2-3 круни од трња.... дури во еден манастир во германија постои и шишенце со млеко од мајката божја - Марија.
Но Историјата ни кажува поинаква прикаска за Пилат за јудеја во тоа време и за односите на Рим спрема потчинетите евреи. Кога пишувањата во заветот ќе се гледаат низ призмата на историските настани од тоа време се создава сторија за крал кој требаше да седне на престолот на јудеја но во тој обид бил убиен од страна на Римјаните како бунтовник и неприател на Рим.