MACEDONIA TIMELESS - new PR video

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Не знам колку од Вас го виделе интервјуто со авторот на спотот. Многу убаво ја образложи идејата за спотот: сака да заинтригира оној дел од кој е заинтересиран за алтернативен туризам. И самиот потенцираше дека е свесен за низа на нештата кои ние не можеме да ги понудиме, но во еден дел сме идеални за сите оние кои доаѓаат со доза на авантуризам.

Креаторот имал јасна цел, определена таргет група и сметам дека комплетно успешно ја реализирал сопствената поента.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не знам колку од Вас го виделе интервјуто со авторот на спотот. Многу убаво ја образложи идејата за спотот: сака да заинтригира оној дел од кој е заинтересиран за алтернативен туризам. И самиот потенцираше дека е свесен за низа на нештата кои ние не можеме да ги понудиме, но во еден дел сме идеални за сите оние кои доаѓаат со доза на авантуризам.

Креаторот имал јасна цел, определена таргет група и сметам дека комплетно успешно ја реализирал сопствената поента.
Авантуризам и ќе им треба сакале они или нејќеле кога ќе дојдат во Македонија.
Скопје го нема на светските туристички мапи

Скапи хотели, нередовни авионски линии, историски локалитети со проблематично работно време, странски водичи кои ја раскажуваат македонската историја.

И додека големите метрополи прават големи пари од туризмот, нашиот главен град го нема на светските туристички мапи.

Кога Јамацу Хидео, јапонски туристички водич, реши самоиницијативно да ја посети Македонија, се изненади од она што го виде. По непријатниот дочек, кога со карате морал да се брани од таксист на кој му платил 10.000 денари за десетминутно возење од автобуската станица до хотелот, по преспиената вечер нештата изгледале малку поинаку.

„Замислував дека овде нема ниту згради, ниту трговски центри, ниту развиена економија, но кога го видов сонцето, веселите луѓе и улицата со кафулиња, се почувствував како на Шанселизе“, рече Јамацу Хидео.

Но, малку подалеку од ова безмалку идилично размислување, реалноста е поинаква. Кога еден турист, освен кафе-муабет во центарот на градот ќе реши да посети некој музеј или историски локалитет, го чекаат многу проблеми.

Во Скопје едвај се наоѓа туристичка мапа, превозот е проблематичен, патокази има малку. Но, дури и кога ќе стигнете онаму каде што сте тргнале, никогаш на знаете на што ќе наидете.

Како пример, дури и во 12 часот напладне, вратите на Неолитското село не се отворени, нема ниту пак време кога е ова место отворено за посетителите. Местото кое беше најавувано како голема туристичка атракција, очигледно дека останува надвор од дометот на сите оние што сакаат да го посетат. Меѓутоа, дури да влезат внатре, доколку нема кој да ја раскаже приказната за селото, ништо не сте направиле.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110026
Авантуризам и желба за опстанок оти може некој таксист да ги отепа.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
35
Поени од реакции
0
Aбе луѓе,сакајте си ја земјата,ако некој направил спот и ако не ви се бендисува или не не ја тупете,како може да се чуствуваш морбидно?!?Не е ова натпревар првиот спот бил поубав,те вториов спот е поубав,за ист тим играме.Фалат уште многу многу други работи.Лани бев во Хановер на саем и во разговор со тамошните луѓе,германци,пријатели на нашите кај што бев сместен,изразуваа желба да дојдат во Македонија,од кажувања на нашите таму.Ама авио карта беше околу 500еур повратна,се пишманија бидејќи за тие пари имаат 7 дневен аранжман во Шпанија АИ.Епа тоа е болката,и да се залажат некои од спотот да дојдат ке се пишманат од скапата конекција,и ај да го пребродат сето тоа ке налетаат на б`лгарски водичи и ке излезе дека спотовите се фалц.Тргнете само колку благонадежни б`лгари има во Охрид,од кои еден за малку ке беше градоначалник.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Па има многу недостатоци, тоа сите го знаеме, ама мене никој не може да ме убеди дека сите грамзливи таксисти и крпеници по патот не ги надоместува погледот кон езерото кога ке се качиш на Канео. Кога ќе застанеш пред Св. Климент со затворени очи да ги наполниш градите ја вдишуваш душата на тлото што со генерации впивало...

Тие што се качуваат на планинските врвови не гледаат стазата за искачување дали е асвалтирана...

За да стасаш до секоја убавина, на крајот на краиштата, треба да се помачиш... :smir:

Еднаш нека дојдат (поента е да се намамат), нашата земјичка нема рамнодушни да ги остави!!!

Зарем не гледате колку е убава? Не се срамиме, се гордееме!!:smir:
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
.Епа тоа е болката,и да се залажат некои од спотот да дојдат ке се пишманат од скапата конекција,и ај да го пребродат сето тоа ке налетаат на б`лгарски водичи и ке излезе дека спотовите се фалц.Тргнете само колку благонадежни б`лгари има во Охрид,од кои еден за малку ке беше градоначалник.
Абе бугари ко бугари и два-тројца да се ќе дигаат галама мислиш се е нивно. Треба таквите да почнеме во затвор да ги пикаме или ако не функционира државата во одбрана од оваа напаст да се направат бумбари неколу од "водичиве" па нека се обидат пак да шират после пропаганда.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Курка, не сучи мустајч пред Арслана!!!

Како не е екпертиза ко цело време пра муабет за некое пинг-понг топче...

Ако за вкусови не се расправа, шо туку ја тупиш и докажуваш кој спот чинел, а кој не!!!

А ако те фајча уплав, треба на баејне да дојдиш, само утре, оти небам во понеделник!!!

А инаку, ако не се контраме, еве да кажам дека многу ми е убав спотов од ИЗИ, ама се нервирам оти се јада лајна за претходнио, А ИЧ НЕ Е ЛОШ, ама ве нервира промоцијата на антиката!!!

Е ај, ти знајш шо ме нервира, јас не знам. Ау бе туку да.. бајач си.

Знаеш посетува секој држава колку да види трговските центри, продавниците и трендот во државата. Некои одат за да видат култура, етнологија, стара архитектура, обичаи, ора, кои што всушност се обележје на еден народ.

Експерти сме за плукање на своето, ама за паметни работи никако.


А кај има трговски центри и продавници на вториот спот мори? Природа има, тоа многу ми се допадна.. и има стара архитектура и археолошки наоѓалишта и тоа ми се допадна.. и има се што треба. Само штета што немаше и нешто муслиманско.. некои дервиши што се вртат или така нешто..

Aбе луѓе,сакајте си ја земјата,ако некој направил спот и ако не ви се бендисува или не не ја тупете,како може да се чуствуваш морбидно?!?Не е ова натпревар првиот спот бил поубав,те вториов спот е поубав,за ист тим играме.Фалат уште многу многу други работи.Лани бев во Хановер на саем и во разговор со тамошните луѓе,германци,пријатели на нашите кај што бев сместен,изразуваа желба да дојдат во Македонија,од кажувања на нашите таму.Ама авио карта беше околу 500еур повратна,се пишманија бидејќи за тие пари имаат 7 дневен аранжман во Шпанија АИ.Епа тоа е болката,и да се залажат некои од спотот да дојдат ке се пишманат од скапата конекција,и ај да го пребродат сето тоа ке налетаат на б`лгарски водичи и ке излезе дека спотовите се фалц.Тргнете само колку благонадежни б`лгари има во Охрид,од кои еден за малку ке беше градоначалник.

Е не е натпревар де. Ама ете мене на пример не ми беше убав првиот. Нели напишав веќе еднаш... за вкусови не се разговара!! Сакаш прост пример, мене на пример ми е убав Лост ин транслејшн филмот, а тебе ти е убав Соу двојката. :toe:
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
А кај има трговски центри и продавници на вториот спот мори? Природа има, тоа многу ми се допадна.. и има стара архитектура и археолошки наоѓалишта и тоа ми се допадна.. и има се што треба. Само штета што немаше и нешто муслиманско.. некои дервиши што се вртат или така нешто..
Коментарот беше повеќе за тоа како Крали Марко кој е претставен на предходниот спот е јети, а нашите предци биле глупаци со магариња и треба да се срамиме од нив, и ако сакаме да ни дојдат туристи да ги криеме. Па што може да е фенси шменси, трговски, не знам какви модерни спортови итн.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Браво, браво, браво
се наежив кога го видов спотов.
Нема да го споредувам со претходниот, а уште помалку да барам мани, за мене се совршени и двата спота на Манчевски и сите спотови кои ја промовираат Македонија, било да се и аматерски.
:eek:lee:
 
Ј

јовица11

Гостин
"you can almost here the silent spirit, singing you a lullaby"

Преубаво :bravo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom