- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Стратегија за името: Никој да не си игра со идентитетот
Владата бара од сите политички фактори во земјава преку изгласување на стратегија за името да се обврзат дека никогаш нема да прифатат решение со Грција кое ќе го загрози македонскиот идентитет и со кое ќе се смени Уставот
Македонија да не смее да го менува Уставот при решавање на спорот за името со Грција, ниту пак да прифати компромис со кој се проблематизира идентитетот на македонскиот народ. Ниту еден претставник на Македонија нема право да преговара за решение што нема да содржи јасна и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и идентитет.
Ова го пишува во предлог-државната стратегија за името која за една недела треба да се најде на гласање пред пратениците.
По интервенција на владата која не беше задоволна од првичната верзија на стратегијата, пратеникот Стојан Андов напиша речиси нов документ кој треба да биде основа за преговорите со Грција. Ниту една од овие суштински точки не беше содржана во првичната верзија на Андов.
Ако пратениците дадат зелено светло за документот, Македонија ќе испрати недвосмислена порака до Грција и до меѓународната заедница дека никој од политичките фактори од земјава во иднина нема да преговара со Грција за промена на јазикот и народот, ниту пак да дозволи измени во Уставот.
„Проблематизирањето на македонскиот јазик, на македонскиот народ и на неговиот идентитет би претставувало антиевропски и антицивилизациски чин што излегува далеку надвор од текстот на Резолуцијата 817 од 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите нации каде се дефинира предмет на преговорите. Пријателството претставува заемно почитување. Македонскиот јазик е фундамент на идентитетот на македонската нација. Било каков компромис околу името претходно претставува јасна и недвосмислена потврда на македонскиот јазик, на македонскиот народ и идентитет. Во спротивно, зад разликата околу името би се криело негирање на идентитетот на македонската нација“ се вели во предлог-стратегијата за името. Во функција на надминување на спорот за името уште се препорачува Македонија да се заложи да се воспостават дипломатски односи со Грција на ниво на амбасади.
Документот предвидува премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов за ваквите основни насоки од стратегијата да го информираат посредникот Метју Нимиц. Од првичната верзија на предлог-стратегијата се отфрли делот во кој се бараше Македонија да се откаже од „непријателската пропаганда“ кон Грција и да го спречи користењето на картата на целата територија на географска Македонија...
Извор нова Македонија...
Конечно СТРАТЕГИЈА....
Збор кој досега во ниту една форма неможеше да се употреби за македонската политика...
Сепак не ми е јасно што со оние предлози за промена на името кои по автоматизам со себе носат промена на идентитетот...
Како на пример предлогот Северна Македонија...