Стратегија за името: Никој да не си игра со идентитетот

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Стратегија за името: Никој да не си игра со идентитетот


Владата бара од сите политички фактори во земјава преку изгласување на стратегија за името да се обврзат дека никогаш нема да прифатат решение со Грција кое ќе го загрози македонскиот идентитет и со кое ќе се смени Уставот




Македонија да не смее да го менува Уставот при решавање на спорот за името со Грција, ниту пак да прифати компромис со кој се проблематизира идентитетот на македонскиот народ. Ниту еден претставник на Македонија нема право да преговара за решение што нема да содржи јасна и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и идентитет.

Ова го пишува во предлог-државната стратегија за името која за една недела треба да се најде на гласање пред пратениците.

По интервенција на владата која не беше задоволна од првичната верзија на стратегијата, пратеникот Стојан Андов напиша речиси нов документ кој треба да биде основа за преговорите со Грција. Ниту една од овие суштински точки не беше содржана во првичната верзија на Андов.

Ако пратениците дадат зелено светло за документот, Македонија ќе испрати недвосмислена порака до Грција и до меѓународната заедница дека никој од политичките фактори од земјава во иднина нема да преговара со Грција за промена на јазикот и народот, ниту пак да дозволи измени во Уставот.

„Проблематизирањето на македонскиот јазик, на македонскиот народ и на неговиот идентитет би претставувало антиевропски и антицивилизациски чин што излегува далеку надвор од текстот на Резолуцијата 817 од 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите нации каде се дефинира предмет на преговорите. Пријателството претставува заемно почитување. Македонскиот јазик е фундамент на идентитетот на македонската нација. Било каков компромис околу името претходно претставува јасна и недвосмислена потврда на македонскиот јазик, на македонскиот народ и идентитет. Во спротивно, зад разликата околу името би се криело негирање на идентитетот на македонската нација“ се вели во предлог-стратегијата за името. Во функција на надминување на спорот за името уште се препорачува Македонија да се заложи да се воспостават дипломатски односи со Грција на ниво на амбасади.

Документот предвидува премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов за ваквите основни насоки од стратегијата да го информираат посредникот Метју Нимиц. Од првичната верзија на предлог-стратегијата се отфрли делот во кој се бараше Македонија да се откаже од „непријателската пропаганда“ кон Грција и да го спречи користењето на картата на целата територија на географска Македонија...

Извор нова Македонија...


Конечно СТРАТЕГИЈА....
Збор кој досега во ниту една форма неможеше да се употреби за македонската политика...

Сепак не ми е јасно што со оние предлози за промена на името кои по автоматизам со себе носат промена на идентитетот...
Како на пример предлогот Северна Македонија...
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Така де од поднесе до реализација има многу....
Освен тоа стратегијата на Андов како што читам и тој самиот во потполност ја измени...
Иако може да се каже дека човекот се обиде да направи некаква стратегија...
Во која секако ние требаше да бидеме виткачите на кичма....
Ако се сеќаваш дел од таа стратегија беше , „да не се провоцира Грција„ односно свесно да и ја поклониме (одстапиме) историјата...и тн...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Добро бе луѓе до кога ке седиме и ке дремиме за спорот со името? Јасно е напишано дека имаме (БЕЗВЕЗЕН) спор со името, а не со идентитетот. Така да незнам што ја шират работата, и го замешуваат и идентитетот во целата (БЕЗВЕЗНА) ситуација.

Името не се менува, нити идентитетот. Незнам до кога ке се лаже народот и ке се заебаваме со 17 годишните преговори.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Така де од поднесе до реализација има многу....
Освен тоа стратегијата на Андов како што читам и тој самиот во потполност ја измени...
Е ај посочи ми ја разликата помеѓу стратегијата на Андов и сегашнава на владата ?
Иако може да се каже дека човекот се обиде да направи некаква стратегија...
Човекот се обиде....и беше оквалификуван како предавник.
Во која секако ние требаше да бидеме виткачите на кичма....
Без разлика на реториката, дали виткање кичма, попуштање или разумен компромис.....епилогот е ист.
Ако се сеќаваш дел од таа стратегија беше , „да не се провоцира Грција„
Точно, тоа е заклучок на цела меѓународна заедница, вклучувајќи ги овде и нашите најголеми подржувачи, Америка :toe:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
СЕКОЈА ПРОМЕНА НА ИМЕ АВТОМАТСКИ ПОВЛЕКУВА ПРОМЕНА НА ИДЕНТИТЕТ:toe:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Е ај посочи ми ја разликата помеѓу стратегијата на Андов и сегашнава на владата ?
Човекот се обиде....и беше оквалификуван како предавник.
Без разлика на реториката, дали виткање кичма, попуштање или разумен компромис.....епилогот е ист.
Точно, тоа е заклучок на цела меѓународна заедница, вклучувајќи ги овде и нашите најголеми подржувачи, Америка :toe:

Заклучок на Европа е да врши притисок и чека кој ќе попушти...
Дали сме тоа ние или Грците после некое време се заборава , битно е да се вози напред...

Разликата во новата стратегија е токму тоа исфрлени се точките кои Андов ги предвидуваше...токму по оваа прашање...

Грција многу повеќе не провоцира нас отколку ние нејзе ...
И со кое право цела античка историја си ја препишуваат себеси...
 
Член од
17 мај 2009
Мислења
349
Поени од реакции
16
реален како тоа ја провоцираме грција? тие не провоцираат нас, или јас нешто не разбирам...
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Edinstvena strategija koja moze da ni dade rezultati e slednata:

Premierot da izleze na pres konferencija i da kaze:

" Poradi ucenite i uslovite koj gi dobivame za da se stekneme so clenstvo vo EU i nato nie se otkazuvame od aspiraciite za clenstvo vo istite se do onoj moment koga ke se prekine so ucenite" toa e prvoto sto ke go izjavi

vtoro:

" Bidejki celiot problem go predizvikuva nasiot juzen sosed preogame na merka zamrznuvanje i odzimanje na site grcki investicii vo Makedonija i nivno odmrznuvanje onoj mig koga Grcija ke prekine si ucenite"

Samo vo ovakva situacija Gruevski ke dobie podrska od mene.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Заклучок на Европа е да врши притисок и чека кој ќе попушти...
Дали сме тоа ние или Грците после некое време се заборава , битно е да се вози напред...
Ова се зборовите на Груевски од пред седум осум месеци во лејт најт шоу...а ја на него ништо не му верувам :)
Разликата во новата стратегија е токму тоа исфрлени се точките кои Андов ги предвидуваше...токму по оваа прашање...
Дали мислиш дека со спомениците и антиквизацијата, Македонија ја зацврсти својата позиција ?
Грција многу повеќе не провоцира нас отколку ние нејзе ...
И со кое право цела античка историја си ја препишуваат себеси...
Јас стоапти до сега сум рекол дека мене позициите на грција, ама ич не ме интересираат.

За мене се валидни само позициите на Америка и на Европската унија.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Сакав истата тема да ја постирам.
Забележав 2 за мене битни моменти.

Македонија да не смее да го менува Уставот при решавање на спорот за името со Грција, ниту пак да прифати компромис со кој се проблематизира идентитетот на македонскиот народ. Ниту еден претставник на Македонија нема право да преговара за решение што нема да содржи јасна и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и идентитет.

И моментот на рециклираниот комуњар Стојан Андов, аман веќе од тебе и од твоите политики. Како од калапче излезени.

Од првичната верзија на предлог-стратегијата се отфрли делот во кој се бараше Македонија да се откаже од „непријателската пропаганда“ кон Грција и да го спречи користењето на картата на целата територија на географска Македонија.

Е со овакви компромиси дојдовме до ова дереџе.

Стојане рецклиран комуњару , етничка Македонија не е провокација, туку тешка судбина македонска од која треба да учиме, за не ни се повтори.
И ако дае господ, па да си се обединиме, тој е единствениот идеал кој ни дава саглам држава.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Од првичната верзија на предлог-стратегијата се отфрли делот во кој се бараше Македонија да се откаже од „непријателската пропаганда“ кон Грција и да го спречи користењето на картата на целата територија на географска Македонија.
Користењето на картата на географска Македонија од наша , е аргумент плус за грчката страна во преговорите.

Па ти види :toe:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ова се зборовите на Груевски од пред седум осум месеци во лејт најт шоу...а ја на него ништо не му верувам :)
Дали мислиш дека со спомениците и антиквизацијата, Македонија ја зацврсти својата позиција ?
Јас стоапти до сега сум рекол дека мене позициите на грција, ама ич не ме интересираат.

За мене се валидни само позициите на Америка и на Европската унија.


Каква антиквизација , ова се зборовите на СДС а јас на нив ништо не им верувам...

Македонија само си ја афирмира историјата...онаа која свесно беше потиснувана 60 сетина година...



По твоја логика и археолошките ископувања се провокација...


И да тоа се зборови на Груевски , мегутоа тоа се и мои зборови, мислењата ни се совпаѓат...
Инаку нема што да му се верува на Груевски доволно е да се погледне што добивме со промените кои поранешните влади ги направија под Гејски притисок...Дали денес се спомнуваат тие одстапки...

Користењето на картата на географска Македонија од наша , е аргумент плус за грчката страна во преговорите.

Па ти види :toe:

Картата на цела Македонија никогаш официјално не била користена , туку се користи во приватни сврхи...

Еден пријате ја има копијата на картата која денес стои во Француските архиви...Не гледам државна стратегија со која би му ја одземале оаа карта...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Хммм офтопик - Зошто се отвараат цело време теми за оваа тематика? Еден член ке смисли нешто поинакву и одма отвара тема а всушност пак се врти околу истото. Не би било добро да се отвори една тема па поврзано со името, идентитетот и се останато таму да се дискутира?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom