M
marsovka
Гостин
Некрофилска забава во Куманово
Анита ДИМИТРИЈЕВСКА
Видеоклипови снимени со мобилен телефон, разни фотографии и непристојни коментари во врска со самоубиството на ексманекенката Марија Радуловиќ деновиве станаа главна тема за разговор и забава меѓу кумановците.
Триесет и шестгодишната манекенка почина пред еден месец, откако со сајла завиткана околу вратот, скокна од станот во кој живееше и се обеси, а полициските екипи дури по еден час дојдоа на местото на несреќата. Во периодот додека безживотното тело на манекенката висело над улицата, кумановците направиле серија видеозаписи и фотографии кои деновиве со брзина на пандемија се шират од еден на друг меѓу жителите изнудувајќи секакви коментари.
- Видеата од обесеното тело на манекенката деновиве се главна атракција во градот. Најнепристојните коментари ги даваат децата, но сеир фаќаат и возрасните. Луѓето се тепаат кој прв да го види клипчето - раскажува една кумановка.
Таа објаснува дека и оние кои не знаеле за манекенката, сега знаат детали од нејзиниот живот, го коментираат нејзиното минато, но и ја дополнуваат нејзината животна приказна со различни пикантерии.
Од полицијата во Куманово велат дека не слушнале за контроверзните снимки, ниту, пак, некој од семејството се пожалил и побарал интервенција.
- Досега никој од семејството на манекенката не го пријавил случајот. Ако добиеме таква дојава и ако директно се посочи кој е одговорен за репродукција на видеозаписот, тогаш полицијата ќе интервенира. Во случајов не преземаме ништо затоа што никој не побарал такво нешто од нас - вели Валентина Николовска од кумановската полиција.
Во МВР велат дека ако се фатат снимателите на овие клипчиња, тие евентуално можат парично да бидат казнети, но глобите за вакви дела не се многу високи.
- Луѓето како едвај да чекаат да се случи вакво нешто. Од една страна жалат, а од друга се смеат. Проблемот е во нашиот менталитет, но и во реакциите кои ги предизвика настанот. Со ефикасна едукација во училиштата, децата треба да се воспитаат таквите настани да не им причинуваат задоволство бидејќи во конкретниов случај тие се главната популација која го дистрибуирала видеото - вели Димитар Трајковски, професор по труд и социјална политика.
Психолозите, пак, проблемот не го лоцираат во менталитетот, туку во кризата, како и во егзибиционистичкиот начин на кој е извршено самоубиството.
- Убивајќи се среде бел ден на најпрометната улица во Куманово, манекенката сакала јавно да покаже дека е егзибиционист. Телото кое висело им се чинело интересно на минувачите и тие го снимиле. Разговарајќи за видеата, луѓето сакаат да ја игнорираат кризата и да си најдат нова тема за разговор - вели психологот Верица Трајковска.
Таа предлага во училиштата, по ваквите и слични несреќи, наставниците отворено да разговараат со учениците и да им укажат на негативните последици.
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=868&ArticleID=34044
Ова е болно дури и за мој вкус