Нов светски поредок

Постои ли светски поредок (креиран од најбогатите)

  • Да, постои

    Гласови: 340 79,6%
  • Не, тоа се измислици

    Гласови: 87 20,4%

  • Вкупно гласачи
    427
S

smart ass

Гостин

Супер....

Абе луѓе како прво и прво дај кажете ми каков ќе биде тој нов светски поредок,бидејќи истиот се коси со веќе полека полека очигледната мултиполарност....мислам нема логика:tapp::tapp:

Понатаму нов економски поредок,всушност се мисли на меѓузависноста на економиите...па видовте вол стрит се закашла и цел свет ги осети последиците...ам кој да каже,видеата се маестрални:vozbud:

Гледај го документарецот The Obama Deception и ќе видиш подалеку од твојот двор што се случува...дали има протести , организации итн.
Не оспорувам дека Ал каеда постои... Но што мислиш дека тогашната влада не беше вмешана? Гледај го ова долу
http://video.google.co.uk/videoplay?docid=6545313046180631815#
Опааа кечерите пак,кои кажуваат како глумат,исто и фактот дека нема да го видите газдата на бургер кинг-ако не чини помфритот:pos2:
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Супер....





Опааа кечерите пак,кои кажуваат како глумат,исто и фактот дека нема да го видите газдата на бургер кинг-ако не чини помфритот:pos2:

Абе smart ass, прво види го видеото потоа цитирај, демантирај, коментирај... нема врска тоа ти што го напиша под видеото со истото. Не е ова The Obama Deception...
Ако си веќе толку smart што не дадеш некоја корисна информа, поткрепена со нешто ... а не цело време тука да ни ги прераскажуваш вицовите што си ги пишиш со другарите на msn...
И што е фактот од од овој твој цитат ? Дека ти на форумов служиш како кловн ( грубо искажано-sorry ) ??? Дека тука си само за да се потрудиш да испадниш интересен и да засмееш некој истовремено омаложувајќи нечиј труд ?
 
S

smart ass

Гостин
А нели гледаш дека шлапаат едно те исто...не омаловажувам-едноставно смешни ми се:toe:

Дека ти на форумов служиш како кловн ( грубо искажано-sorry )
Пази на речник,не си земај за право да коментираш кој за што...па дури и кловн-тоа сори не менува ништо,ова е исто ко да речам ти служиш како Х..ее грубо е ама сори:toe:

Гледај го ова долу
Убаво,која манипулација...само они знаат:tapp::tapp:

И дај објаснете каков ќе биде новиот светски поредок-ајде??

Само без видеа-со ваши зборови факти,геостратешки политики,економски...па не разликувате приход од профит и се дрзнете да зборите,ама ај ја знам моќта...на видеата.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
^^
Ај олади малку се што е пишано погоре е вистина. Постојат креатори на светскиот поредок тоа сите добро го знаеме, и тоа перење на мозок излезе од САД и од никаде на друго место. Всушност без нив светов ќе биде подобро место за живеење.
Всушност филозофијата е постара и од Човечката цивилизација. Само да не невлегувам во детали околу тоа. Нацистите влијаеја врз Американците со тоа, нацистите позајмија филозофија од Римската Империја итн ...

Инаку имаш два плана за Нов Светски Поредок. Две верзии во припреми. Оваа која ја дискутирате е само една од нив. Треба насловот да се смени во множина.

Не верувам во овие работи, тие книги за заговори во америка се пишувани од некои кретени што немаат попаметна работа па сакаат да спечалат некој долар, и ги има во огромен број, скоро секоја недела излегува по некоја таква книга од штампа, масони, светски заговори и такви булшити се веќе дел од америчката култура исто како мекдоналдс,гаќичите на бритни спирс:kesa: и слично.
Дали ти веруваш или не, тие продолжуваат со своите планови, а ти продолжи да не си веруваш, кога ќе те мавне по глава еден ден ќе се чудиш.

Ако не с евадат информации од ТВ, книги, видеа, слики, интернет, весници, написи, кажи бе паметна моја, од каде да вадиме инфо?

Иначе пред да збориш, барем да ѕирнеше некоја прес конференција, митинг, интервју каде ОТВОРЕНО се збори за глобална влада/Нов Светски Поредок.

:back::back::back::zver::zver::zver:кааа...паметно и рационално реално размислување....тотално се сложувам!!!!!
Wow многу паметно и полно факти, како и твоиве постови. Се сложуваш бидејќи тебе така ти одговара. Не затоа што е вистина.

за болдот јас со докази ви кажав!!!

а знаењето грешно си го разбрал....не секој го сака за мок туку има и такви кои го сакаат логичното и научно потврдено

еве

ке ви кажам...еве ја политичката реалност!!!!!!!

и фактот!!!

моментално САД е голема сила НО никој не може да демантира дека ДРЖАВИ како КИНА,ИНДИЈА РУСИЈА БРАЗИЛ...па ВЕНЕЦУЕЛА се групираат...па дури и во африка е така и секој од овие пактови ке има свој(и) Држави СТОЖЕРИ...

таква ке биде реалноста за 20 години...посебно кризава и војните им ги одземаат средствата за војна...ЗАМИСЛЕТЕ нели би било подобро кога тие пари би се намениле за истражување...развој за подобрување на животот на граганите..

..или на здравство или слично!!!


клиповите ко зајтгејст само сакаат некој да ги увери дека моментално се СУПЕР СИЛА(и безбедни) со цел илузија бегање од реалноста додека во реалноста и не е така!!!!!!
Политичка реалност?

Позади сцената, лидерите на Кина, Русија и сличните, пијат кафенце/чај во некој раскошен хотел. Истото и тука, кога го видов Груевски како пие заедно со Заев непосредно после митинг, а на митинг маме си расплакаа со вербални навреди кон спротивната страна. Ова е случај секаде, не само тука. Ако мислиш дека е поинаку гадно си се заебал.

Zeitgeist немаше да постои ако неговиот креатор Peter Joseph не го анализирал детално материјалот на Jordan Maxwell. 90% од тоа што беше на Zeitgeist е материјал на Jordan Maxwell. Сега ќе има и 3 дел кој ќе излезе пролетта 2010. А Zeitgeist серијалите си го направија своето, не ги мешај, остај си ги на страна.

ANNUIT COEPTIS
"God has favored our undertaking."

But here is the lower latin phrase:
NOVUS ORDO SECLORUM
"a new order has begun."
Ова е нешто. Нема за џабе да е напишано. Ако не е така, ајде паметните нека се јават и наке кажат што значи и зошто е ставено.

Војните се најголемото богатство на Америте ..прво Србија со НАТО ..Си ја имаат контролата сега тука на балканот

Потоа Авганистан ,Ирак (оружје за масовно уништување) само си кажаа дека нема ништо..

Црното злато ги привлече нив ..како идеше цената на бензин тогаш? најскапо во историјата ...кој беше на нафтените полиња , кој сега ги чува тие извори .. ФАрса ебате лажната војна

Пуни се со пари од војните ... глупи се војската за некој долар повеќе ..ризикува живот за паразитите од богатите фамилии ..

Си го гледал фаренхајт 9/11..тука е топ објаснето ..политичариве бегаа како од ѓавол од Мајкл Мур

Ах да бев некој Рокфелер ке уживав сега .
Афганистан и Ирак беа мета поради повеќе причини од кои нафта е едното нешто. Барем за Ирак што се однесува. Афганистан беше цел поради друга причина.

Внимавај што посакуваш. И внимавај како би постапил да си на негово место. Според тоа како ги постави работите изгледа дека нема многу поразлично од него да се однесуваш. Да си Рокафелер, мислам дека би можел место да уживаш, уште повеќе да се заангажираш кога веќе имаш финансии и средства за остварување на планови. Планови кои можат да направат нешто позитивни за разлика од останатите богати ашлаци.

Болдот прв е исто ко да речеш кај нас поврзаноста на шарпланинецот на пет денари се сложува со рибата!!!!

на цел свет кажале!!!

сами и цел свет е глуп...а на косово мислиш само америте беа беше шпанија италија англија имаше општа согласност(освен русија)

гледаш од форуми се учи...во авганистан нема нафта....

туку во ИРАК пак контрадикторност!!!
Во Афганистан имаше други работи кои им требаа.

инаку да знеш дека програмата нафта за храна беше да се стимулира производство(развој поволни услови) поради адаптација(популацијата расте!!!!!!! и кај нив и сегде!!!!!
Да да, секако, а што беше со убиствата? Помош околу популацијата?

и плус ИРАК бесе мањак од таа програма и лекови даваа за фармацевтска и хемиска индустрија да биде ПАСИВНА имајки ги предвид опасностите РЕАЛНИ ИРАК УПОТРЕБИ ВХ и уби 5000 курди исто и во војната ИРАК-ИРАН....!!!!

барајте нешто кај соседните земји!!!!
Има за секоја земја посебно, ако знаеш каде да бараш.

СТРОГИ САНКЦИИ кај Хитлер Сталин и слични!!!!!!

денеска никој не те контролира,освен ако САМ подлегнеш!!!!
Не? Да не мислиш дека си слободен? Што те прави да мислиш така?

без размислување ниту субјективно а камоли објективно!!!!

сега не е мокта кај еден нели се тоа комисии и геј организации
WTF ??? Што па ви/им се криви хомосексуалците сега? Во кој контекст ги спомнуваш/спомнуваат геј организациите?

како бе велат одиме кон светска влада од банкарите!!!!

па банкарите потпишале(на државно ниво) да фанат контрола врз природните ресурси и профит:tapp::tapp::tapp::tapp:

епа ако е така со светска влада мегународното право ке се сврти 180
степени!!!!

и нема ништо да карат ни банкари ни никој!!!
Па Меѓународното право многу помогна со нашиов спор. Гледам колку се огледаа не него. Не да е свртено 180% ....

Kongresmenot Ron Paul (eden od najhrabrite politicari na denesnicata)


Рон Пол ти е само уште една марионета. Да сум на твое место не би го фалел многу.

Нема да постои религија, нема да постои семејството, ке имаме контрола на наталитетот, ке јадеме одредена количина на храна, ке бидеме сите исто облечени .... и т.н. Може звучи не реално и утопистички ама ке биде:toe:

Дистопија можеби ... Утопија е веќе сосема друго нешто. Дали знаеш што е Утопија? Тоа што го наброја е се ама не утопистички.

БРАВО!!!!!!!!!!

јас економијам имам читано(и положено)(а и средно икономско) и сега ми го откри системот кој од АДАМ СМИТ до ден денес ПИШУВЛЕ КНИГИ.... (во 2 страни ја откриваме америка:vozbud:) еве пример земија книгата РАЗВОЈ НА ЕКОНОМСКАТА МИСЛА:vozbud:

и кажи КАДЕ некој економист кажува за контрола на банкари врз целиот свет и вели луге ова Е(НИЕ ЗНАЕМЕ) ЗАГОВОР ЏАБЕ СЕ СИТЕ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ анализи испитувања на потрошувачи.....:tapp::tapp::tapp:

ако се замараа со тоа денес немаше светот тоа што е
А баш јавно ќе признаат, дел сме од машинеријата на Новиот Светски Поредок нели?

Тој што мисли дека можи да ја контролира човечката свест преку некои си чипови и наметнати информации се заебал гадно.
Оди ѕирни статистики колку луѓе им се заебал живото од кога ги ставиле чиповите. Гуглај RFID chip side effects.

Уствари тие што ја водат играта сакаат само да мислат луѓево дека тоа ќе биди така. Се додека вниманието се одвлекува со вакви глупости се дотогаш тие ќе си бркаат работа. Ајде малку логички да размислиме чипови да чипови ако е толку тајна таа операција за преземање на светов од каде толку трубење во врска со тоа, па детален план што ќе биди како ќе биди.
Зошто мнозинството е премногу индиферентно за да размисли убаво што им се сервира на чинијата. А за планот кажав и пак ќа кажам, ѕирни видеа каде се зборува за глобалново власништво. Имаш видеа и од 55 година. И Америка не ги држи конците во рака, кој така мисли не истражил доволно длабоко. Европа е јадрото на контролата.

Дали на луѓето во Африка кои што умираат за вода, а не за леб им е приоритет некој си светски поредок?
Тие кои ги спомнуваш се реалност во сиромашни подрачја на Африка, и да, ги има многу. Но има две-три држави кои им се потребни на Европа и Америка.

Приоритет им е на тие од Јужна Африка, ајде паметни, кој ја контролира Јужна Африка? Што ќе се случи ако држави како Нигерија направат сојуз со Америка? Ајде уклучете мозоците.

Или едноставно ќе гледаат да преживеат ден за ден и ќе се пазат да не ги покоси некоја болест.
Дајте има на луѓето леб и игри, како што гледам леб имаат па за игри ајде интересни теории за заговор. Да се занимаваат нешто за да не им биде досадно па да почнат да гледаат тоа што не треба да го видат и да почнат да прашуваат и прават проблеми :toe:.
Цивилните војни таму денес да не се некоја од игриве кои ги спомна а? Се прашувам кој ја предложил и кој ги поставил правилата за истата.

Една петтина од нафтата во Америка доаѓа од Африка. Чист ФАКТ.

Во 1995 девет луѓе од Нигерија беа убиени, поради што протестираа против изградба на огромна нафтен резерват од страна на компанијата Шел (Shell).



^ ^ Ken Saro-Wiwa - Чија смрт во 1995 заедно со 8 други протестери во анти-нафтената кампања беше предизвикана од Shell.



^ ^ Холандската кралица Беатриче, најголемиот акционер на Royal Dutch Shell

Колку да потврдам дека директно или индиректно, богаташите сепак се виновни за најголемиот дел, ако не и сите фрки во светов. Така и за оваа. И пак средната класа и сиромашните страдаат, никој друг. Наводно Шел е казнета 15.5 милиони долари за смртта на тие 9 души. А сепак не ја признава вината. Хммм, ако не си крив, зошто плаќаш? Плус, како еден куп обоена хартија ќе ги замени нивните најблиски. Колку одвратно, едноставно немам зборови.

Секој збор е еден линк, внимавајте да ги проверите сите.

идејата за светска валута не е од вчера!!!!!!

и не е лоша...УДИРА ЛИ ПО НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ И ПОЛИТИКА...еве земи ја ЕУ....ццццц:vozbud:
Дали знаеш што е ЕУ, зошто е формрана и која е агендата, и пред да ми спомнеш теории на заговор, прочитај го законикот нивен. Протоколите и регулациите кои ги форсираат врз новите членки итн.
 
S

smart ass

Гостин
Дали ти веруваш или не, тие продолжуваат со своите планови, а ти продолжи да не си веруваш, кога ќе те мавне по глава еден ден ќе се чудиш.
Кои планови,дај образложете 1000 пати прашувам-како ќе се остварат тие планови

Иначе пред да збориш, барем да ѕирнеше некоја прес конференција, митинг, интервју каде ОТВОРЕНО се збори за глобална влада/Нов Светски Поредок.
Се мисли економски,всушност и ЕМИНЕМ спомнува нов светски поредок-ЕВЕ кај 1 и 40..па никој не се буни:toe:




Ако не с евадат информации од ТВ, книги, видеа, слики, интернет, весници, написи, кажи бе паметна моја, од каде да вадиме инфо?
Кажи ми паметен мој,не си ја разбрал филозофка-всушност поентата е да вадиш инфо,но не да го голташ неџвакано-првен АНАЛизирај па потоа одлучи-голташ инфо и го земаш за вистинито или не.

Политичка реалност?
Да,колку само треба логично да размислите и ќе ви биде јасно...
Since the end of the Cold War, Russia has continued the Soviet policy of selling arms to India while also cultivating China as a customer for its high-technology military hardware. China and India have purchased some of Russia's most advanced weapons and have helped to prop up Russia's disintegrating defense industry. But the underlying rivalry between India and China could, over the long term, derail this dual-track Russian arms-sales policy toward its two largest and most important clients. It then explains the geopolitical and economic factors that could eventually force Russia to make a choice between one client or the other, a contest that India would probably win. Finally, it examines the consequences of these events for the future of Russian foreign policy.
Гледајте што се случува,патем многу држави се вооружуваат,ова е само пример...и како што гледате има политичко влијание.

Позади сцената, лидерите на Кина, Русија и сличните, пијат кафенце/чај во некој раскошен хотел.
Тоа е нормално...политичари се-исто така имаат и ручек заедно.

А Zeitgeist серијалите си го направија своето, не ги мешај, остај си ги на страна.
ПАРАНОЈА ПРОДАКШН:vozbud:

Тука се сложувам.
WTF ??? Што па ви/им се криви хомосексуалците сега? Во кој контекст ги спомнуваш/спомнуваат геј организациите?

Епа мора да има гејови по тие комисии,групи-тоа е симболика-конфликт на интереси...овие богаташиве да можат..меѓу себе ќе се испотепаат.


Понатаму различните сектори во економијата се групираат-зошто??

ако однапред им е осигурен профит...е гледате,се групираат за да се заштитат,имаш здруженија на работодавачи,на производители на автомобили,градежни фирми И.Т.Н..

Па Меѓународното право многу помогна со нашиов спор. Гледам колку се огледаа не него. Не да е свртено 180% ..
Што има врска нашиот спор..патем ете поднесовме тужба,не избрзувај.


А баш јавно ќе признаат, дел сме од машинеријата на Новиот Светски Поредок нели?
Напишано од Manga
ANNUIT COEPTIS
"God has favored our undertaking."

But here is the lower latin phrase:
NOVUS ORDO SECLORUM
"a new order has begun
Понатаму велиш...дека всушност кажуваат
Ова е нешто. Нема за џабе да е напишано
:vozbud::vozbud:

А Zeitgeist серијалите си го направија своето, не ги мешај, остај си ги на страна.
Освен претходното....истиве направија многу луѓе да си мислат дека животот им е како Шоуто на Труман..
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Немам што да речам . Овие истите теории беа прво не тема масони ( пошто масоните наводно го контролират светот ) .
После се префрлиа на тема илуминати . пошто илуминатите се создавачи на НВО .
И сега се дојде до посебна тема .
Луге бе ... Прочитајтего потписот кој го имам ставено. Сите овие теории на завера се создадени со целта некој да ве контролира полесно
Масоните немаат везе со ова (барем така мислам), оригиналните илуминати се испоубиени одамна. Тие што се нарекуваат Илуминати денес се само луди фанови на нивната филозофија, која тие је имаат изопачено за лични аспирации. И се дел од повеќе групи, од кои сите се немасонски.

Како ќе ме контролираат со теорииве на заговор Keles?

Создавањето на светска униа би значело банализирање на националното религиозното и етничкото и во крајна сметка мир низ целиот свет ...
Мир? Не баш. Америка е обединета со своите држави, дали има мир таму? Тоа што (ќе) има Глобална Влада не значи дека ќе се воспостави и глобален мир. За што создаваат Светска Полиција/Армија?

Звучи чудно? Некој од вас чул за Специјалните Сили на Европа? Не? А за нивна членка SOCEUR (Special Operations Command Europe)? Некој да слушнал за нивните интереси, цели и воени партнерства/алијанси?

Тоа е всушност анти глобалистичката агенда .. која со цел да го задржи национализмот , религиозниот фанатизам , етничката нетрпеливост , создава вакви теории на завера.
А што е глобализацијата? Уште еден мит измислен од лудаци по теории на заговор како нас? Анти-глобалистичка агенда, абе да!

Идеата е дека со губењето на овие трите горе ке се изгуби и личниот идентитет и индивидуалноста . Но не ,( бидејки само човек со недоволно изградено јас може да се дефинира себеси преку националност религиа или етнос)индивиалноста е нешто кое неможе да се изгуби.
Ќе се изгуби националниот суверенитет. Дел од една групна култура, која ги одликува луѓето на тоа парче земја. За тоа да биде зачувано се бореле и го дале животот безброј луѓе. И ти сега викаш дека не е важно? Зар заборави кој си? Јас не зборам за патриотизам овде, да не ме разбереш погрешно, туку нашата култура која полека умира.

Гледајте на историа . Национализмот религиата и етносите предизвикуваат војни ... Интелегенциата ( луге кои се познаваат себеси или бар се во потрага ) се секогаш против тие војни
Исто и јас, ама не значи дека за да ги запрам таквите војни треба да го жртвувам она што мене културно ме дефинира како човек од моето раѓање. Извини ама тука грешиш.

Освен тоа таква униа би значела дека порано или покасно парите и капиталот ке изгубат вредност . Дали на богатите им одговара да изгубат се па да планираат вакви идеи ???
МИслам стварно ... Веритас либерабит вос . РАзмислете малку .
Ако воспостават целосна контрола врз светот и истата се одржува постојано, мислам дека нема да им требаат пари. Плус истото можат да го претворат во злато и сребро, кое не ја губи својата вредност како валутите. Ако веќе сакаат да го спасат таквото богатство.

Keles..za malku luge polesno da kontroliraat poveke luge treba da se namali brojot na mestata i lugeto sto donesuvaat odluki (nesto kako piramida) ..znaci celta e eden centar, edna banka,edna vlada,edna armija ... inak,masoni,tajni drustva ..se se toa granki na elitata
Масоните не се. Други тајни друштва - се.

That's the point, целата работа е во тоа! Манипулацијата е можна само со вештачки поделби меѓу луѓето. Инаку зошто некој би одел во војна или би се разнесувал во автобус полн со деца?
Ако го убедиш поединецот дека неговата смрт ќе направи еден мал чекор напред кон остварувањето на каузата. Вештачка цел/кауза.

Погоре некој имаше пишано подели па владеј дека е цел на НВО. Е па сега размислете - поделба на 200 утре 250-300 држави, иљадници религии,секти,организации...колку само нови вери има во последниве 20 години?
Од тоа произлегува дека НВО се бескрајни поделби и игра на карта на поделбите од страна на фини господа и госпожи кои се собираат на годишната седенка во Билдерберг групата.
Па лесно е да контролираш мали држави. А ако тие мали држави се поделат - уште полесно. Зошто упорно и упорно соседиве почнаа да ја пропагираат идејата дека Македонија ќе се подели, и толку се сигурни. Мора да имаат причина за тоа. Или веќе некој склучил договори, или само сакаат да влијаат на психата на Македонците и да ги навкнат на идејата за поделба, во секој случај, не е рандом околност ова што се случува. Има и други држави на кои им се случило истото.

Тие си ја знаат работата и не се делат, т.е. имаат јасни заеднички интереси за профит,контрола и манипулација.
Народ на една територија се мрази и ако му речат ќе се испоубие со народ од друга територија. Еве на Балканот уште не се научени лекциите од војните 1991-2001 па уште има можности за нови војни и манипулации. Хрватска-Словенија, Босна-Реп.Српска, Косово, Санџак, Голема Албанија, МК-Грција...
Нема крај...
Па кога соседите те мразат, како македонецот да реагира? Инаку те разбирам, раздели па владеј. Сега едни македонци мразат албанци, други бугари, трети грците. Сега со новиот испад на Србија, материјал за мразење на србите исто така. Јас го знам ова, и не потпаѓам под такво влијание.

Точно е тоа дека има центри на влијание како Билдерберг, но тие играат на картата на разединување а не обединување.
Со евентуално укинување на државите како што се тврди самите би си ја сечеле гранката на која седат и каде профитираат. Размислете кој е најголем дистрибутер на украдени пари, најголем терорист, најголем арамија, кој најмногу убива луѓе... ДРЖАВИТЕ! Само во 20-от век најскромните процени се дека државите убиле над 450 милиони луѓе.
Само САД има годишен буџет од 3 трилиони долари. (3.000 милијарди).
Тоа се пари кои се крадат од населението под име даноци и давачки. Дури и овде кај нас се ближиме кон 3 милијарди евра буџет, пари собрани од оние кои ги заработиле и префрлени кон оние кои не ги заработиле, под закана од затвор и државно насилство (Во секојдневниот говор, ако некому насилно земеш нешто и го дадеш накому кому не му припаѓа тоа - се вика КРАЖБА или ПЉАЧКА!)
Фала богу уште некој кој ја пее истата песна како и јас :wink:

- сега видете како НАВИСТИНА се пере мозок...ако некој ти земе 1.000 денари тоа е кражба а ако некој ти земе пола од она кое цел живот си го заработувал е ПАТРИОТИЗАМ.
Зошто некој би се откажал од таков редовен и непресушен извор на приходи?
Па нели не си патриот ако не плаќаш данок?
И никој не сака да биде наречен анти-патриот па како послушно кутренце си плаќа редовно.

Тешко да остават само една армија, бидејќи мора таа армија да има непријател. Ако е таа армија само за контрола на популација нема да им врши работа во економска смисла. (мега-профит)
Нека е полиција. Постои веќе.

Орвеловата 1984 ако се оствари ќе се оствари во името на т.н. Национални интереси, видете Патриот Акт, Британскиот закон со иста содржина...
А и религиите си имаат свое место во целата работа.
О и тоа како ќе стане дел од агендата .... Уште не се свесни повеќето.
 
S

smart ass

Гостин
Масоните не се. Други тајни друштва - се.
Сега едни велат масоните,други илуминатите,трети билдерберг,четврти велат богаташите,некои пак велат дури и исус и мухамед се "вмешани"(религиите-кои пази постајат уште пред овие измишљотини).

Јас мислам дека саут парк повеќе влијае врз новиот светски поредок.:toe:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Оф леле ( знам дека многу постови вака ми почнуват во последно време ) ....
Да го сваќам елементот со пирамидата и со едниот центар .... Јасно ми е ... Тоа што ти не го сваќаш е дека во таков случај парите и капиталот ке се обезвреднат . Значи економски гледано то би било нај ужасно сценарио за таја светската елита .
Не баш, ти објаснив погоре, пари не им се во глава, туку нешто друго.

Пример еден свет една држава , значи дека сите природни ресурси се достапни за секој ... Општеството какво што го познаваме не постои во такви услови .
Нема да бидат достапни, извини. Не е дел од агендата.

Армиа не ти е потребна пошто нема од кој да те брани ... Порадо е полициа тоа кое ти го викаш армиа ...
Една банка ... значи гледајки на досегашните општества .. ако има светска влада , нај неисплатливо неа би и било да има невработеност ... ако нема невработеност значи дека сите имат пари ... ако сите имат пари ... тогаш после инициалниот период на никој не му се потребни кредити ... автоматски секаков извор на профит за банката замира .
Порадо ке е институциа која ги контролира трансакциите одколку да е банка .
А што мислиш дека ќе биде? Плус оваа Глобална Влада нема за план да ги одржува во живот сите 7 билиони жители на планетава, ова е кажано пати и пати наназад. Па невработени - можат да си останат невработени, нема да бидат дел од привилегираните кои ќе имаат работа. Да, да имаш работа ќе биде привилегија.

МИсли логично и разгледај какви општествени промени би презвикала таквата светска влада ... и ке видиш дека светска влада ( една планет - една држава ) воопшто не е лоша работа ... Би значело мир ( прекинување на војните ) и просперитет за сите . замислиси само што би значело сите пари кои сега се трошат на војни и армии да се пренасочат на други работи .
Не би се противел никој да е таков случајот. Само што не е. Во тоа е и работата. Објаснив погоре зошто е тоа така.

ПОголема е шансата дека светските капиталисти се боратт против такво обединување одколку да се борат за .
Зависи какво обединување. На светот? Или нивно? Јас гледам само усогласеност кај нив и нивните ставови.

Нема врска се е измислица...
А да дадеше некое пошироко мислење зошто мислиш така?

основите се сегде исти ...демократија , пазарна економија итн
Демократија? Што е тоа?

така што во едни вакви услови
зошто воопшто некој би заговарал светска влада
што ќе му е ?
Да го контролира светот.

што треба да се постигне со неа ?
Глобална доминација.

само да си стави трн у здрава нога ?
кој ќе ја финансира ? како ќе обезбеди реална власт на цела земјина топка ?
Богаташите од светот. Со разни методи, за да ги објаснам деталите од тоа како би се постигнало ќе треба да отворам нова тема.

мислам дека сето тоа се измислици
никој во светот ниту размислува за таква работа ниту има минимални претпоставки да се реализира .
Епа дечко, ај оди истражи си убаво дали има луѓе кои размислуваат за вакво нешто или не. Имаш политичари кои јавно говорат за Глобална Влада.

Европска унија па неможат за се да се договорат оти секој си влече на своја страна , меѓу нив сеуште има колонијални земји кој не би се откажале од тоа по никоја цена а нели па и самите да се откажат од свое право на одлучување засметка на некој нови непроверени незнаени наводни светски авторитети .
Исто да си истражи и за ЕУ, џабе да ти зборам, немаш основни информации за да павиме муабет.

Сепак Zeit gaist е само документарен филм на неосновани факти
40 и кусур години истражување - неосновани факти? BHAHAHAHAHAHA!!! :pos2::pos2::pos2:

Јас не верувам дека неколку луге контролират се на планетава ....

и неможе да се земе тој филм здраво за готово.............
Ти можеби не го земаш здраво за готово ама ај не си ти крив .... така си програмиран да функционираш.

Па ако некој го контролира светот ..тоес ..сите сведски влади банки ..итн ке му дозволи ли на авторот на тој филм да ја кажува правата вистина по светот па и на интернет да може секој да ја види нивната намера:uvo:
Зошто да не? Ако веќе за таа Глобална Влада самите политичари говорат?

Инаку тие што збореа за NWO пред 20-30 години беа нарекувани терористи/расисти/лудаци итн. Доста од нив имаат завршено и во затвор. Имате вакви случаи на интернет, од овие години.

Не прикаски за да се дојде до некој долар
Извини, филмовите Zeitgeist се бесплатни. Но толку си истражил за да знаеш нели? Најлесно е да ги наречеш сите само лажговци кои сакаат да се збогатат од ова

...оти секаква раја има на светот ке изнапали народ по филмот Zeit gaist и ете ти пари за филм без глумци без трошење туку само една мала техничка обработка на компјутер мелозвучен глас да раскажува и то:smir:........
Синопсисов ти вришти еј. Уште да си го погледнал филмот и да си истражил малце за истиот.
Разберете приказни се тоа :helou:
Да, за тебе, бидејќи те мрзи барем да изгуглаш нешто.

Зошто досега ниту една влада што не е под американска управа не проговорила ,преземала кажала нешто за ова ......ниту една невладина организација ниту еден протест ништо .......
Прееска зборев за политичката реалност, треба да го погледнеш тоа.

ме чуди што сте се запнале во тој документарец кој се заснова на предпоставки..
Факти кои ти ги сметаш за претпоставки - има разлика.

во филмот се вели дека САД во сведска војна ја изманипулирала јавноста демек....сами си го разнесиле носачот на авиони..и ја обвиниле Јапонија за да влезат во војна ...ок
Точно.

а овие Јапонците нафта пијат или им смрдат чорапите па ни до ден денес не испаднал јапонски историчар,експерт,ителектуалец било кој ..да каже дека САД ги наместиле јапонциве ..па овие најпаметни и најмудри режисери на филмот ја открија најголемата тајна на 20сетиот век:pos2:
Има и такви, ама батко го мрзи да провери. Така?

Ал каеда е реална
Колку што е реален Дедо Мраз.

...истата таа презема одговорност врз нападите на 11 септември терористичка организација која постои и убива.....е сега тие режисери ја убедуваат јавноста дека таа организација непостои туку е мачкање очи за да се излаже рајата па америве да можат да војуваат :uvo:

можеби ке има нов сведски поредок можеби и веке е започнат........но сигурно не е она што ни го нуди тој глупав филм:smir:
Не, баш убаво го поставија, тоа што ти не си сфатил или не ти се допаѓа, тоа е друго.

Не знам зошто се форсира поимот нов светски поредок кога поредокот во светот е од поодамна.
Друже, нова етикета, стара филозофија.

Несразмерната распределба на богатството, експлоатација и манипулација си постојат иљадници години. Денеска разликата е само во техничките методи кои се типични за ова време како што некогаш други биле типични за тоа време.
Епа нова ера, нова дефиниција на истиот поредок (поредоци).

Инаку не знам колку е точно дека некој се стреми кон една светска влада. Денес има 200 држави а пред 50 години имало 70 држави. Во иднина ќе има и нови, еве Косово е најнов пример, можда Баскија,Квебек,Корзика,Валонија,Фландрија,Илирида...има на стотици сепаратистички движења по светот.Место 70 има 200 парламенти, 200 прецедатели, 200 премиери...и на сите тие им требаат пари КОИ НЕ ГИ заработуваат сами...
Од една Југославија сега има 7 држави а и тоа не е конечно...

ПОДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ ИЛИ РАЗДЕЛИ И УНИШТИ


Тоа што ќе го поделиш, или ќе завладееш со истото, или ќе го уништиш. За светска доминација не смееш да си дозволиш пречки.

Денес, глобалистите - истата филозофија, пред нив, Хитлер, истата филозофија, пред него, Цезар - Римската Империја - истата филозофија. Александар Македонски (е се заебаа малце со него, имаше човекот други планови, па затоа го укокаа додека е млад), Џингис Кан - истата филозофија. Истата филозофија присутна назад дури во Атлантида (ама не ме терајте да разглабам на таа тема зошто и како).

Забележал некој нешто интересно? Кај сите овие личности? Како еден знак е цело време присутен? Кај сите поединци. И една доста позната парола, која се наоѓа во сите говори кои ги направиле овие луѓе?

И после не биле под нечие влијание .... Само ме интересира, кој може да биде присутен од Атлантида до денес, па да ја форсира истата филозофија? Еве нека не е Атлантида, да не претерувам, нека е од времето на Александар наш, сепак не е малце чудно?

Национализмот полни буџети за одбрана, овозможува агресии и освојувања, придонесува за манупулација...КОЈ нормален политичар би се откажал од благодетите на национализмот...
Се согласувам со тебе тука.

ЕУ и ОН се расадник на бирократи (паразити) кои се исти со оние кои седат по националните парламенти (често прават трансфери:pos2:).
Единствена цел во животот им е да приграбат што повеќе пари од народот во вид на даноци и давачки.
Хаха точно. Сега имаме и доста креативно решение за справување со Глобалното Затоплување излезено директно од кујната на Ал Гор и компанија! Дами и Господа, Јаглероден Данок! (Carbon Tax). И погодете што велат наводни научници - Помалку бебиња - помалку фабрики за јаглероден диоксид! Добро чувте! Да имате бебиња е штетно по здравјето на планетата! :vozbud: Бидете еколошки свесни индивидуи и престанате да се размножувате, да го победиме Глобалното Затоплување!

Знаете што е најлошо? Не е очигледната глупост од ова квази-решение, туку тоа што луѓето (по)веруваа(т).


А мислам и дека некои теории како оние за евреите дека биле главни и илуминати се добредојдени за политичарите...НЕ СМЕ ние криви (политичарите) ние сме само марионети...други ги влечат конците...

На крају крајева дали ќе те ограбува и користи евреин,македонец,русин,зулу или кмер е сеедно...
На крај краева не е ни важно кој ги има конците во рака. Туку нешто да се преземе околу тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2657608&postcount=86
Како е глупо кога не ми работи интернет (освен за Македонија) и кога ќе заборавам адреса на сајт па не можам да најдам да постирам. Пред некоја година сајтот беше актуелен во флеш -поврзаност на лицата преку разни фирми (пример ИТ Микрософт, ХП, Аппле). исти моќници се во бордовите на сите тие фирми.
Конечно најдов она што го пишав во постот, за фирмите, CEO...

http://www.theyrule.net/2004/tr2.php

За Ротшилдови и Оназисови документот го имам загубено па се ќе остане само на ниво на напишано, без факт и линк.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Како ќе ме контролираат со теорииве на заговор Keles?
Многу просто е ... Сакаш примери , додека америте се мислеа да не би владата да е вмешана во 11 9 2001 буш успеа да го протурка патриот актот нели ? Најстарата фината во книгата .. Одвлечи внимание додека го вадиш гулабот од ракавот .
Втор пример тие се протестите во британи .. бидејки на еквивалентот на патриот актот кога требаше да се донесе имаше протести ... И за чудо неколку недели покасно експлодираа бомби во метрото во лондон ? Па никој не мислеше повеке дали ке се го има или не ...
Теориите на завера се исто начини на одвлекување на внимание .

И продолжвам со наредното кое го коментираш . Значи ако се земе во предвид дека војните во историата се воделе заради наредниве причини ( подредени по важност) Ресурси ( териториа влегва тука ) , национален интегритет и суверенитет , религиа , и други . Значи под мир подразбирам дека нема да има конфликти од овај тип ... А во америка што се убиваат на криминално ниво ... криминал си постоел и ке си постои додека постојат пари и капитал .

А за тоа што е глобализациата ... јас само посочвам дека процесот неможе да е толку негативен колку што анти глобалистите и теоретичарите на завера го прикажуваат .

Е сега за ова :
Исто и јас, ама не значи дека за да ги запрам таквите војни треба да го жртвувам она што мене културно ме дефинира како човек од моето раѓање. Извини ама тука грешиш.
Ако навистина тебе како човек и личност те дефинира националноста и културата на македонскиот народ , жално е ...
Бидејки човек како личност и човек е дефиниран од образованието , животните искуства , воспитувањето , карактерот ... итн итн итн . Многу повеке аспекти те дефинираат како човек , не само тоа дали си припадник на националност или тоа во која дрзава живееш .
А за споменот на тие кои се бореле за неа .. па да негледам зошто локално не би можеле да се слават и понатаму лугето кои го дале својот живот , не гледам зошто не би се слушале народните песни .. и не би се запазила културата која постоела на национално ниво предходно .

Е сега да се вратам пак на елементот со капиталот ... Значи општата теориа е дека богатите го прават ова за да станат по богати ... Јок ... Богатите имаат најповеке да изгубат од вакво нешто ... Како што реков , поради тоа што нема да има повеке граници , сите ресурси се општо достапни ... и за кратко време парите и капиталот , платежните средства како цело ке изгубат вредност . И богатите после ... Ке бидат еднакви со сите други ? ? ?
Освен тоа тука е и поентата на Toecuter даноците и пљачката ...

Така да сите поенти кои ги имав во тој пост ( пишан пред сто години ) си се валидни сеуште .

Ама ти разгледуваш Идеата за корпорациски Глобализам , каде власта би била на корпорациите ... А јас просто разгледвам Глобализациа на државно ниво .
 
S

smart ass

Гостин
Теориите на завера се исто начини на одвлекување на внимание .
АПСОЛУТНО....и не само тоа,туку луѓето живеат..Труман шоу:vozbud:

А за тоа што е глобализациата ... јас само посочвам дека процесот неможе да е толку негативен колку што анти глобалистите и теоретичарите на завера го прикажуваат .
Точно,нема да биде негативен,од економски аспект.

А филмовите за една влада.чипови..фамилии,секти не држат вода

Едноставно барем нека ги разгледаат малце поопширно односите во светот и ќе им биде јасно...сега засега една влада,една армија-е СОН..најблаго речено,а такво НВО какво теоретичарите го замислуваат е параноја,а и добар профит-имаат фанови,како суперстарс.
 
?

..........

Гостин
NeptuneGate не ми цитирај збор по збор......се губи смислата .....така многу лесно се извртува значењето на еден пост..ок.:helou:


пс....се збори дека во вакцините против свински грип имало чипови во нив не се вакцинирај ке се заебеш...
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
so samiot fakt deka ima miljarda gladni luge na svetot a ima tehnologija i resursi da se nahranat MNOOOOOOGU POVEKE LUGE OD 7 Miljardi znaci ima Nesto i ima nekoj tamu koj ne go saka toa ovie luige da bidat nahraneti ....samo EU graganite frlaat vo gubre visok hrana sekojdnevno dovolno da se nahranat 100 mil luge
 
S

smart ass

Гостин
so samiot fakt deka ima miljarda gladni luge na svetot a ima tehnologija i resursi da se nahranat MNOOOOOOGU POVEKE LUGE OD 7 Miljardi znaci ima Nesto i ima nekoj tamu koj ne go saka toa ovie luige da bidat nahraneti ....samo EU graganite frlaat vo gubre visok hrana sekojdnevno dovolno da se nahranat 100 mil luge
Да бее...ние тука немаме..не па за тие кои одвојуваат четврт од буџетот за оружје,едно време Либија беше рекордер...дури 30% од буџет за оружје.

Африканците сакаат повеќе оружје него ли храна. И на крај краеви помошта пак иде од развиените земји.

samo EU graganite frlaat vo gubre visok hrana sekojdnevno dovolno da se nahranat 100 mil luge
Од кај ова инфо...да оформам фирма за собирање Вишок храна..има цела африка да ја купам...вишок храна.

Индија-купува носачи на авиони,Развива нуклеарно оружје,потпишува договор со РоссиР вреден 5 милијарди долари за оружје.

Абе кој им е виновен.

И на крај краеви постои trade-off однос-колку државата одвојува повеќе средства за воена намена,толку се намалуваат средствата за цивилна намена.

Значи нормална држава ќе одвои 2-6% од БДП за оружје,а не 15% или 20%...јбг...ќе гладуваат.

Туку од каде инфово за технологија и тоа баш за 7 милијарди,да не е истата од пропалиот социјален инжењер(хехе инжењер) кој тврди дека има доволно е нергија,и со едноставна анимација го претставува рајот:pos2:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
so samiot fakt deka ima miljarda gladni luge na svetot a ima tehnologija i resursi da se nahranat MNOOOOOOGU POVEKE LUGE OD 7 Miljardi znaci ima Nesto i ima nekoj tamu koj ne go saka toa ovie luige da bidat nahraneti ....samo EU graganite frlaat vo gubre visok hrana sekojdnevno dovolno da se nahranat 100 mil luge
Еве, како борец против глобализацијата и штетите од неа, да те прашам - дали ти лично, кога ќе ти остане вишок храна дома после јадење, ја фрлаш или ја даваш на бедните? И ако ти лично го правиш тоа (секоја чест, иако - ако искрено одговориш, верувам дека одговорот ќе биде не), колкумина познаваш во твојата најблиска околина кои го прават тоа?
Многу е лесно да мрчиме по форуми, да пропагираме разно разни квази-документарци и да објаснуваме што треба развиените земји да направат. Многу е тешко самите ние да го направиме првиот чекор.
Така што - следниот пат, пред да ја обвиниш Америка или ЕУ за фрлање на храна - прошетај по Скопје (или било кој друг град низ Македонија) и види што се прави и колку храна се фрла кај нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom